Презентирана Платформа за соработка на невладините и медиумите
Потребна е поголема поддршка од донаторите за развој на истражувачкото новинарство и за создавање на што повеќе истражувачки стории. Ова е една од поентите од денешната презентација на Платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите, чија содржина е достапна на интернет страницата: www.istrazifakti.mk. На презентацијата се претставија и дел од малите проекти кои беа финансирани во рамките на проектот, меѓу кои и Центарот за истражувачко новинарство... 










