Чекајќи ја гасификацијата: Над 100 дена во годината С. Македонија се задушува во загаден воздух

Пишува: Горан Лефков Загаденост над дозволените 50 милиграми пм 10 честички на метар кубен, е секојдневие во Република Северна Македонија. Ваква загаденост земјата има над 100 дена во годината, што е далеку над дозволените параметри. Тетово минатата година имало 108 дена, додека Велес над 120 дена. Скопје, Кочани, Битола се константно загадени цела зима. Сите градови коишто лежат на котлини, каде нема поголеми струења на воздухот, имаат големо загадување....

Безмилосна експлоатација на природата: се уништуваат реки и почва, трпи земјоделството

Пишува: Горан Лефков Концесиите за користење на минерални суровини и води се издаваат без многу административни проблеми, но државата нема скоро никаква придобивка. За експлоатација на нејзините ресурси од приватни бизниси државата наплатува само 8 милиони евра годишно. Иако се издадени концесии за 50-тина видови минерални суровини, сепак најмногу концесии има издадено за експлоатирање на варовник – 110, за вода – 47 и за песок и чакал – 43...

Шверцот на песок ја чини државата над 30 милиони евра годишно

Пишува: Горан Лефков Езеро од 30 хектари. Жална слика во Средно Коњаре, Скопско. Шверцерите го изместиле целото корито на реката за да и го извадат песокот. Дрвата се исечени, а реката е оставена без неопходниот појас на шуми. Голготата на Пчиња на овој потег започнува во 2010 година, кога помеѓу два изборни циклуси, на фирма од Долно Коњаре и се дава концесија за експлоатација на минерални суровини од власта...