Таг Архиви: медиуми

НА ПОВИДОК НОВИ МЕДИУМСКИ ГРУПИРАЊА?!

Автор: Горазд Чомовски   Политичката битка помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс-лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во 2011 година заврши со клуч на врата за А1 телевизија. Настрадаа и весниците кои се издаваа од ова медиумска групација, додека сопственикот заврши во затвор поради затајување данок. Овие медиуми беа квалификувани како про – опозициски поради критичкиот однос кон власта. Иста судбина имаа и неколку останати медиуми, кои не...

Помеѓу личната придобивка и јавниот интерес: Дали и медиумите се виновни за кризата?

Кога владата почна да спроведува кампањи и истите да ги рекламира, повеќето од приватните медиуми во Македонија влегоа во трка кој да придобие поголем дел од колачот. Експертите велат дека не се само рекламите, туку и тендерите со кои се купува медиумската наклонетост. Оваа ситуација во македонскиот медиумски пазар покрена неколку прашања и дилеми: Дали медиумите стануваат параван на бизнисот? Може ли еден медиум како приватна сопственост да води...

Клучни играчи во медиумскиот бизнис: Кој ги поседува медиумите во Македонија?

Мнозинството во Собранието на Република Македонија, без многу дебата и размислување, го отфрли предлог-законот за реформи во медиумската сфера само неколку дена пред да се распушти. Предлогот составен според советите на екс-посредникот Питер Ванхојте, се очекуваше да биде сериозно разгледан од страна на народните избраници поради парафот на нивните лидери во Договорот од Пржино. Но, со одбивањето на овој предлог остана уште една неисполнета обврска во пресрет на предвремените...

Бизнис и политика во медиумите: Можни ли се реформи?

ДОКУМЕНТАЦИЈА     Кога во пролетта на 1996-та излезе првиот број на независниот дневен весник “Дневник”, тогашната власт беше свесна дека доаѓа времето на медиуми кои нема да може да ги контролира. “Дневник” а потоа и приватната телевизија „А1“ набргу станаа влијателни медиуми, превземајќи ја моќта за креирање на јавното мислење од тогашните медиуми кои беа во државна сопственост – весниците “Нова Македонија”, “Вечер”, “Флака” и Македонската Радио-телевизија (МРТВ)....

Дигитализација: Попримамливи странските канали, домашните немаат ниту телетекст

Жителите на демирхисарското Ново Село немаат голем избор на своите ТВ-приемници, па информациите за тоа што се случува надвор од нивното место на живеење ги дознаваат само преку трите програми на МРТВ, вклучувајќи го и собранискиот канал. Иако имаат набавено уред за прием и на другите национални канали, чиј сигнал би требало да стигнува и до нивните домови, сепак таа услуга не ја добиваат. Но, тие не се единствените....