Таг Архиви: вработување

Општините „се вадат“ на немање услови за вработување на инвалидизираните

Пред околу две децении, 40-годишниот Зоран Јовановски од Струмица останал траен инвалид заради повреди здобиени во несреќен случај. Од тогаш тој морал да се приспособува на новиот начин на живот, при што, наместо нозете, за движење користи инвалидска количка.  Од тој трагичен момент ги искусил сите премрежја во животот. Во неговиот алманах на битки се слики од такси комапнијата што морал да ја затвори, па останал без работа и...

Партизација и лоши услови за работа: секој трет полицаец си заминува од МВР

„Оставете го пунктот кај Агросервис, и заминете на обезбедување на куќа, каде е извршен грабеж“, ова беше наредбата која ја доби патрола на сообраќајната полиција на 12 март, веднаш по полноќ. Објаснувањето на дежурниот полицаец по радиоврската беше дека нема луѓе и мора тие да заминат. Причина за ваквата состојба е што бројот на вработени во Министерството за внатрешни работи постојано се намалува. Според податоците на Министерството за финансии...