АДИ воспостави локални мрежи за мултикултирализам

Во рамките на Акцискиот грант од Цивика Мобилитас, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ)  воспостави четири локални мрежи за застапување на мултикултурни политики.  Во Гостивар, Брвеница, Врапчиште и Тетово се воспоставени мрежи сочинети од претставници на локални граѓански организации и неформални групи, локални институции и Комисија за односи меѓу заедниците (КОМЗ). Целта на мрежите е преку неформално здружување да се дискутираат и иницираат промени кои се однесуваат на мултикултурниот соживот во заедницата.

АДИ изработи и Индекс на мултикултурализам, каде преку мултикултурен профил на општините, се анализирани четири клучни сфери: локална самоуправа и пристап до јавни услуги, интеграција и градење интеркултурни компетенции во рамки на образовниот систем, култура, граѓанско општество и социјална кохезија.

Секоја од општините вклучена во акцијата во рамките на Индексот доби свој профил, каде се наведени посилните страни и областите каде што има простор за подобрување. Подготвени се и планови за застапување на локални мултикултурни акции и иницијативи во целните општини. Плановите предвидуваат мобилизација на засегнати страни од локалните самоуправи, бизнис секторот, образовните институции кон поддршка на граѓански иницијативи за негување на културата и традицијата, како и спортски настани од мултиетнички карактер.

СКУП беше во посета на АДИ од Гостивар. Во продолжение ви ги претставуваме сработените видео содржини на АДИ во рамките на проектот на Цивика Мобилитас, кој траеше од 1 јуни 2019 година до 30 октомври 2020 година.

Оставете коментар

коментар(и)