Пишува: Горан Лефков
Укажувањето во Албанија како моќна алатка за борба против корупцијата сеуште не ги дала првите плодови. Државата донесе закон за заштита на укажувачите релативно рано во 2016 година, но веќе 6 години нема некој позначаен случај, од кој што можат да учат другите земји во регионот како на пример случаите на Мурат Мехмети во Косово и случајот Лазаревски- Костовски во Северна Македонија.
Има еден случај кој е настанат пред да се донесе законот за заштита на укажувачите во 2014 година, кога пилицискиот инспектор Дритан Загани, посочи дека братучедите на тогашниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири се вмешани во шверц на дрога. Инспекторот Зогани посочи дека Моиси Хабилај и неговата група користат кола на Саимир Тахири да продаваат дрога.
Иако Загани посочи дирекно, каде и што да бара, јавниот обвинител воопшто не обрнуваше внимание на ова укажување и не превзеде никакви мерки за да го расчисти случајот.
Мафијата во Албанија, испреплетена во државните институции и надвор од нив, не само што не го заштити инспекттор Загани, туку влезе многу дрско во пресметка со него. По дадениот сигнал за мафијашки организираната група на Тахири, полицискиот инспектор Загани беше уапсен.
Корупцијата и шверцот со дрога, наместо да бидат сузбиени, после кажувањата на полицискиот инспектор, се случи обратното. За да го заплашат Загани, тие го уапсија. Веднаш по пуштањето Загани замина во Швајцарија и таму доби политички азил.
Подоцна случајот на Саимир Тахири беше ефективно завршен во 2018 година, но не во Албанија, каде што беше формирана бандата туку во Италија. Тамошните Карабинери прво го уапсија Моиси Хабилај (братучед на Саимир Тахири) за шверц на дрога. Една година подоцна во полициската стапица се фати и самиот Тахири. Тој беше осуден на 5 години затвор. Подоцна неговата казна беше преименувана во условна казна затвор од 3 години.
За жал Албанија сеуште не го признава херојскиот подвиг на полицискиот инспектор од Фиер, Дритан Загани, а како случај на свиркач и неговото име беше на потерница.
Наместо Република Албанија да го имплементира законот за укажувачи и да добие илјадници граѓани кои ќе помагаат на институциите, државата не го прави тоа. Ова ја намалува ефективноста на борбата против корупцијата. Помошта на укажувачите и многу значајна во борбата против корупцијата. Организирани држави ја користат оваа алатка за да можат многу полесно и поефикасно да добијат информации за местото на настанување на криминалот и корупцијата.
Овој случај беше еден од теговите, што ја симнаа Албанија надолу на листата на Транспаренси Интернешнл за перцепцијата на корупцијата. Така земјата денес е на 104 место заедно со Косово. Позади Албанија се само Северна Македонија и Босна и Херцеговина на 111 место.