Александар Обрадовиќ укажа за српското оружје за ИСИС

Пишува: Горан Лефков

Приказната на Александар Обрадовиќ започна во 2014 година. Како член на владејачката Српска напредна странка беше назначен за генерален директор на фабриката во Крушик, околината на Ваљево, Србија. Новиот директор набрзо се судри со персоналот кога виде што се случувало внатре. Започна да собира примери за лошо менаџирање.

Една година подоцна, во истрага, колегите од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) објавија дека Бранко Стефановиќ, таткото на српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, посредувал во договор, за фабриката Крушик да продава оружје на компанија од Саудиска Арабија. Во текстот се објавени документи кои покажуваат дека Стефановиќ обезбедил оружје од фабриката.

Други извештаи открија дека Крушик наводно манипулирал со продажните фактури за да го скрие својот повластен третман кон фирмата на Стефановиќ. Исто така во документите е наведено дека муницијата што таа ја продавала, завршила кај борците на ИСИС во Јемен.

Набргу потоа, беше обзнането дека Обрадовиќ е извор на објавените документи. Поради притисокот од медиумите и јавноста, тој беше ослободен од затвор, и префрлен во домашен притвор повеќе од два месеци. Тој вели дека е суспендиран од работа со четвртина од платата и останува под истрага на властите.

Случајот на Обрадовиќ ги подели мислењата во Србија. Провладините медиуми тврдеа дека тој барал одмазда откако мајка му била отпуштена од фабриката, но многумина го гледаат како бранител на јавниот интерес и протестираа против неговото малтретирање.

Иако до денес не е покренато обвинение против него, Обрадовиќ вели дека неговиот свет е превртен наопаку.

„Сè уште сум обичен човек со своите доблести и маани, кој живее под стрес и напнатост, кој сака да го заштити своето семејство и да живее што е можно понормално под околностите“, рече тој за меѓународниот проект против организираниот криминал и корупција (ОССРП), каде членуваат многу истражувачки новинари.

Свесни сме каде живееме и дека под овој режим секој што размислува поинаку наидува само на притисоци, деградации и уцени, додаде Обрадовиќ.

Оставете коментар

коментар(и)