Како резултат на подоцнежната набавка на вакцините, земјата е во дното на Европа според процентот на имунизирани граѓани. На ниво на Западен Балкан, Македонија е на 4-то со само 12 проценти на граѓани кои примиле најмалку една доза. Зад земјата се само Босна и Херцеговина и Косово. Далеку напред се Србија, но и Албанија и Црна Гора.