Граѓаниуте едноставно не веруваат на теротјата дека корумпираториите ќе смогнат сили да се борат против корупцијата. Сепак, нешто да мредне од со години мртвата корупциска точка, јавноста малку надеж гледа во ресорното министерство за борба против корупцијата и во реализацијата на владината парограма за борба против корупцијата.
Вака некако како во наслот е правилото кое порано или покасно ги погодува луѓето кои располагаат со народните пари. Со буџетот на државата, со буџетите на општините и со парите на јавните претпријатија и на другите државни устаови.
Корупцијата е вгнездена во државните пари. Тие се коруптивниот извор, а релацијата е јавни пари – јавни функционери.
Корупцијата го разјадува секое општество. Нашево, исто така, не само што не е имуно на корупција, туку на светските коруптивни скалила отсекогаш е пи врввот. Неодамна македонската влада не само што постави министер за борба против корупцијата туку доинесе и Стратегија, заокружен документ за сузбивање на корупцијхата. Во јавноста, меѓутоа сомнежите од успешноста во битката со ова зло и натаму се доминантни. Граѓаниуте едноставно не веруваат на теротјата дека корумпираториите ќе смогнат сили да се борат против корупцијата.
Но каква е подготвеноста на државата за јакнење на институциите задолжени за правниот и финасискоот поредок во државата, вклучително и за борба против корупцијата? Според сознанија, засега речиси никаков. Недостасуваат ресурси во различни форми. Еве ја накусо сликата на фактичката состојба до која дојде СКЛУП центар за истражувалко новинарство:
Една од најзначајната институција за борба против корупцијата е Јавното обвинителство.
Сашо Рајчев, основен јавен обвинител од Скопје
„ За жал, состојбата со капацитетите на Основното јавно обвинителство е поразувачка. За обвинителот да обезбедува доволно докази за некое кривичното дело, за противправна имотна корист, на пример, потребно е околу себе да има цел стручен тим“.
Од потребните 220 јавни обвинители според систематизацијата на оваа институција, во неа има само 170. Една третина од обвинителите. Покрај обвинители, во истражните центри недостасува и помошен персонал со полициски овластувања. Планирано е да се отворат уште пред десет години, но досега е тоа само на хартија:
Сашо Рајчев:
„Истражители имаме од оваа година. Но тоа е зачеток на истражителите. Седум години немавме ниту еден истражител. Бројот е минимален, од друга страна овој истражен центар нема никакви капацитети. Ниту опременост, да речеме хардвер, сервер за следење на определени состојби на криминалот. Најтривијален пример е што истражителите немаат возило, за да по наредба на обвинителот да одат и да обезбедат докази. Зборам за ОЈО Скопје со кое раководам. Едно е возилото со кое што службениците ги носат обвиненијата до судот, ги носат наредбите до МВР едно е тоа возило и ако на истражителите да обезбедат некој доказ. Станува збор за големо обвинителство. Се поклопуваат обврските, а услови нема“.
Максим Ацевски, Главен државен ревизор, е со идентична констатација:
„Согласно извршената ревизија, која што значи институционални капацитети на Јавното Обвинителство, констатиравме дека има потреба за зголемување и на финансиските сретства и на човечките ресурси и на материјалните сретства за да може јавното обвинителство да даде соодветен резултат, односно да го испорача очекуваниот резултат“.
Покрај обвинителите, земјава се соочува и со недостаток на судии. Според податоците на Министерството за правда во земјава во моментов недостасуваат околу 150 судии.
И од Државната комисија за спречување на корупцијата се жалат дека функционираат на раб на егзистенција. Таму по систематизација имаат 60 работни места, а се вработени само 24 лица.
Катица Николовска, член на Државна комисија за спречување на корупцијата – ДКСК:
„Од првиот момент се соочуваме со недостиг на ресурси. Човечки, технички, просторни. Оваа година е добра за нас бидејќи имаме најави да се преселиме во нови простории. Владата дури неодамна донесе одлука за тоа, значи набрзо сепак конечно се селиме во поадекватни простории околу 1.300 метри квадратни“.
Со кадровски проблеми се соочува Државниот завод за ревизија. Според потребите во оваа институција треба да има 168 вработени, а таа нема ниту 100. Од планирани 149 ревизори, таму сега има само 90.
Максим Ацевски:
„Во овој момент бројот на вработени е утврден на 168, ние сега имаме 100, меѓутоа велам во споредба на она што значи во претходната година, имаме постепено зголемување кое во суштина се базира на потребите на Државниот Завод за ревизија“.
Најпроблематично е во Агенцијата за управување со одземен имот. Таму недостасуваат ниту минимални услови за работа:
Фатон Асани, директор на Агенцијата за управување со одземен имот:
„Покрај луѓе што фалат во Агенцијата, недостасува и магацински простор, а нужни се и некои измено во некои закони што ја уредуваат функцијата на оваа институција.и измена на некој закон. И росториите во кои сега се наоѓа Агенцијата не се доволни. Сепак, треба да имаме поадвекатен простор за работа. Доколку би имале доволен број на простории, сигурно би функционирале многу, многу подобро.Сега имаме само околу 200 квадрати, меѓутоа за добра функционалност на институцијата, ни требаат најмалку 500“.
Кога нема доволно ресурси, борбата против корупцијата станува речиси невозможна мисија:
Борче Давитковски, професор при УКИМ на Правниот факултет:
„Проблемот на корупцијата за жал е рак рана на нашево општество, Мислам дека со транзицијата, со промената на Власта, не дека немаше корупција во поранешниот систем, но таа беше таканаречена комунистичка корупција прикриена корупција, односно привилегии повеќе беа, за жал системски е проблемот и мораме на друг начин да го решаваме. На овој начин не можеме да го решиме проблемот. Се дури кај нас во Македонија оној којшто влегува во политика, оној којшто ќе стане министер сака да си го натовари магарето за 3-4 години, да испадне еден од големите богаташи. И првенствено да се пресели на Водно, еве Водно ќе падне веќе. Покрај куќите што беа на Црвената буржуазија сега веќе имаме згради. Тоа е свлечиште и нема да издржи. Само една анализа некој да направи од 90 или 91, колку министри биле, колку премиери, претседатели на партии и тн. Каде живеат сега? Ние како систем им овозможивме на тие функционери да ги искористат сите механизми на политичка моќ, да земат дел од општествениот капитал дел од буџетот да го трансферираат за лични потреби“.
Наместо Антикорупциска комисија, во новата зграда купена од владата се всели Министерство за политички систем. Со ова, опремата и софтверот за пристап до базите на податоци останува неупотребена од страна на антикорупционерите. Велат дека во сегашните канцеларии немаат простор за да ги постават.
Катица Николовска:
„Новиот закон предвидува анкетниот лист, односно изјавата за имотната состојба и судирот на интереси да се пополнува електронски. За да се поднесе електронски потребно е да има соодветен софтвер. Во 2019 година со помош на УСАИД овозможивме донаторска подршка за тој софтвер, го развивме анкетниот лист, пропишан е, не е усвоен, бидејќи ако го усвоиме моораме да го примениме, бидејќи немаме технички услови. Врз основа на тој фрмат на анкетен лист го градиме софтверот кој треба да овозможи, не само поднесување, туку и автоматска проверка на податоците. Што значи тоа. Јас кога ќе го отворам системот и ќе започнам да ги внесувам податоците за мојата имотна состојба, јас не треба да кажам Катица Николовска има имотен лист број тој и тој. Поврзувањето со Агенцијата за катастар треба да ги исфрли автоматски сите имотни листови каде јас фигурирам како сопственик, корисник или на било кој друг начин. Или кога ќе пријавам возило, базата на податоци од Министерството за внатрешни треба да исфрли со што јас располагам. Системот што го планиравме е замислен на таа основа. Сиетемот е замислен да се внесат што помалку податоци, а самиот софтвер треба да зема податоци од базите на другите 17 институции со кои ние треба да бидеме поврзани“.
Нашите институции за борба против корупцијата не можат да ги решат своите основни проблеми, а камо ли да се посветат на соработката со другите институции:
Сашо Рајчев:
„Ресурсите на обвинителството се на многу ниско ниво. Како во поглед на материјалната опременост, така и во поглед на човечките ресурси. За жал сеуште не се поврзани со ниту една институција. Ниту со институциите обвластени по закон да го следат движењето на парите и другата имотна состојба на граѓаните. Како на пример Агенцијата за катастар на недвижности каде се запишува сопственоста на секој недвижен имот. Со МВР каде се евидентира сопственоста на возилата. Со Управата за финансиско разузнавање кои го следат движењето на парите во целата држава, како приливите на сретства од дома, така и со сретства од странство. Не сме поврзани со Управата за финансиска полиција. Значи недостасува системско зајакнување на капацитетите на Обвинителството и поврзаност со другите институции“.
Од Обвинителството се жалат дека немаат ресурси, додека останатите институции чекаат на нив. Ова е една од главните проблеми во системот за борба против корупцијата:
Максим Ацевски:
„Тој период на непревземање на активности од надлежните органи, мислам дека треба да биде побрз и поефикасен и само со тоа може да ја подигнеме довербата кај граѓаните. Ако Државниот завод за ревизија, констатирал одредени неправилности, ги доставил до Јавното Обвинителство, Министерството за внатрешни работи до Финансиската полиција и тн, не може да трае тоа 3 години во фаза на истражување и тн“.
Слаѓана Тасева, Транспаренси Интернешнел Македонија:
„ Факт е дека секаде во институциите недостасува кадар. Итој кадар што го има не се води сметка за него. Во сите институции кои што се надлежни за било кој аспект на борбата против корупцијата и криминалот недостасува човечки капацитет. Значи не се пополнети сите работни места во актите за систематизација ниту во Јавното обвинителство, ниту во Управата за финансиско разузнавање, ниту во Управата за финансиска полиција, во Антикорупциската комисија, значи секаде имаме недостаток од луѓе кои што би биле извршители во смисла на превенција и борба против корупцијата и криминалот од секој аспект. Некаде се прават напори да се реорганизира да се направи нова систематизација, но тоа е пак со недоволен капацитет и човечки и просторно и секако. Се назначуваат луѓе на нови места а седат уште на старите, не можат до крај да си ги остварат своите функции“.
Во земјава има 139 илјади административци во јавниот сектор. Државава никогаш немала повеќе кадар, а во истовреме, никогаш повеќе не фалеле луѓе на вистинки потребните места.
Борче Давитковски:
„И навистина. Тие немаат луѓе. Немаат софтвер, неможат за влезат во системите, истотака е голема грешка, така работат и другите и Обвинителство не е екипирано. Ниту финансиска полиција не е екипирана, секаде кај нас се доекипираме со партиските војници и влегуваат во класичната администрација каде без образование без стручност и компетентност, не одат на работа едноставно си бркаат партиски активности. Ние така ја полниме администрацијата. Веќе дојде до 147.000 во 2017 беа 123.000 веќе се 140 и нешто. Пред некој ден читав податоци за неа. Само во изминативе 2 месеци се примени 4.500 вработени“.
Ресурсите се најважен предуслов за брорба против корупцијата. Но не се и единствен:
Максим Ацевски:
„Ако имате човечки ресурси, ако нема интегритет, тогаш не сте направиле ништо. Но ако имате интегритет, а немате човечки ресурси, повторно имате проблеми. Справувањето со корупцијата и превенцијата во суштина бара, доволно човечки ресурси коишто имаат соодветен интегритет. И коишто ќе бидат посветени да одработат во името на државата, да не го гледаат личниот интерес туку да го претстават интересот на државата. Само кога ќе имаме доволен број квалитетни човечки ресурси со соодветен интегритет, во тој момент можеме да зборуваме дека сме преземале соодветни предуслови за превенција и борба против корупцијата. Само едициран, компетентен вработен во јавниот сектор со соодветен интегритет ќе има капацитети и способности кои ќе го прават отпорен на корупцијата“.
Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски и самиот ја потврдува состојбата со недостигот на кадар. Недозволиво е, вели тој, клучни институции да се соочуваат со недостиг од луѓе.
Љупчи Николовски, вицепремиер задолжен за борба против корупција:
„Јавното обвинителство за кое зборуваме дека треба да го дигитализираме целосно. Ама Јавното обвинителство во Скопје, во државното Јавно обвинителство има само еден ИТ инженер. Управата за јавни приходи има само двајца или тројца вработени кои што се занимааат со секторот за проверка на потекло на имот на избраните и именувани функционери, што е значајна тема и за која велиме во идниот период ќе носиме законодавство и легислатива и ќе ни треба силна имплементација“.
Легислативата и нејзиното изигурување е уште еден камен на сопнување во борбата против корупцијата:
Катица Николовска
„Законите своевремено се менувани, дополнувани, и безброј пати преиначувани во насока на овозможување на погодности на групи, поединци и тн. Значи кога во самиот закон е наместена можност за влијание, интервенции, за коруптивни активности, без при тоа да биде предвидена можност за санкционирање, тоа е системска копрупција. И тука не можете да се борите, затоашто се е по закон“.
Покрај законите, треба власта да покаже и поголема воља и поголема одговорност и отчетност при своето владеење:
Борче Давитковски:
„Што е најтрагично, никој не одговара. Никој не одговара во нашава држава. Тоа е класична злоупотреба на право. Пазете какво право има еден пратеник, никој да не одговара. Заради коалиционите односи што се, имаме една група на министри коишто вели јас не одговарам на премиерот или пред Собрание, јас одговарам пред политичкиот лидер. Едноставно тоа го еродирате системот. Министерот одговара тројно и секој функционер, одговара за сопствената работа, одговара за тоа што носел одлука во Влада како колективно тело и одговара за состојбата во својот ресор. Објективна политичка одговорност. Филипче не е одговорен што нема вакцини, но нема вакцини и автоматски некој треба да сноси одговорност“.
Борбата против корупцијата во Републчика Северна Македонија останува само декларативна заложба. Скоро сите закони се хармонизирани со препораките од седиштето на ЕУ во Брисел, но нивното спроведување оди тешко заради слабите капацитети на институциите кои се дел од борбата против корупција и организиран криминал и посебно поради недостиг од политичка волја на влијателните политички фактори. Ниту една власт досега не водеше и сега не води сметка за институциите кои се главната антикорупциска алатка.
Но, бидејќи веќе нема каде со корупцијата, а сепак, нешто да мредне од со години мртвата корупциска точка, јавноста малку надеж гледа во ресорното министерство за борба против корупцијата и во реализацијата на владината парограма за борба против корупцијата.
Автор: Виктор Иваноски – млад новинар, волонтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.