Категорија: Истражување

Часовниците на Мицкоски и Ристовски вредат над 130 илјади евра

Тројца членови на македонската Влада пријавиле вредно злато и скапи уметнички предмети во своите анкетни листови, додека премиерот Христијан Мицкоски и Борко Ристовски поседуваат скапи часовници. Изработил: Тим на СКУП Македонија Христијан Мицкоски и неговиот министер за спорт Борко Ристовски се членовите на сегашниот состав на Владата што пријавиле скапи часовници. Ристовски пријавил рачен часовник во вредност од неверојатни 80.650 евра, стекнат во 2022 година без да се наведе...

Иван Стоиљковиќ е најзадолжен министер во Владата на Мицкоски

Панче Тошковски ја заглавил сопругата со огромен долг, а борчлии над 100.000 евра кон банките се и министрите Филков и Муцунски. Премиерот Мицкоски пријавил скромен кредит од 6,610 евра, а најмали кредити зеле министерот Мисајловски, Дурмиши и Перински. Пишува: Кристијан Трајчов Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пријавил кредит на неговата сопруга од дури 160.000 евра. Кредитот е земен пред две години а ќе го исплаќа до 2047 година....

Мицкоски се поврзува со ист број на финансиски скандали колку сите негови заменици заедно

Пишува: Кристијан Трајчов Владата на Христијан Мицкоски има дури 5 заменици. Изет Меџити, Александар Николоски, Арбен Фетаи, Љупчо Димовски и Иван Стоиљковиќ. Меџити е Прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Николоски е Заменик претседател на Владата и министер за транспорт, Фетаи е Заменик претседател на Владата задолжен за добро владеење, Димовски е Заменик претседател на Владата за политички систем, а Стоиљковиќ е...

Автомобилите на министрите на Мицкоски вредат скоро милион евра

Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи пријавил најбогат возен парк од 105.000 евра, додека Александар Николовски во автомобили има ставено 65.000 евра. Премирот, Христијан Мицкоски, министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочовска и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши се единствени што не пријавиле превозни средства во своите анкетни листови. Изработил: Тим на СКУП Македонија Приватните возила на министрите на Христијан Мицкоски вредат 840 илјади евра,...

Само двајца министри уредно го пријавиле својот имот

Пишува: Кристијан Трајчов СКУП Македонија направи анализа на анкетните листови на министрите од актуелната Влада со цел да се направи проверка за тоа кои министри немаат наведено вредност на дел од својот имот. Министрите од кабинетот на Христијан Мицкоски, нетранспарентно го пријавуваат својот имот, што остава простор за манупулација подоцна. Иако нивната имотна состојба треба да биде целосно транспарентна, за да може полесно да се идентификуваат корумпираните функционери. Важно...

Стефан Андоновски вооружен до заби со оружје кое вреди илјадници евра

Само тројца министри од Владата на Христијан Мицкоски, пријавиле оружје во анкетните листови. Најчесто е ловечко оружје. Изработил: Тим на СКУП Македонија Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за европски прашања, Орхан Муретезани и министерката за образование и наука, Весна Јаневска се единствени министри од Владата на Христијан Мицкоски кои во своите анкетни листови поднесени до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) пријавиле оружје. Според достапните податоци оружје...

Дезинформациите ги подгреваат климатските промени

Главна храна на теоретичарите на заговор им се дезинформациите. Некои од нив не се ни свесни за опасностите од ширењето на овие теории. Тие ја одложуваат итната акција што треба да се превземе од сите граѓани во спречувањето на загадувањето на воздухот, спречувањето на стакленичките гасови и загревањето на планетата. Македонија ќе биде се посува и потопла. Пишува: Кристијан Трајчов Извонредно топлото лето е резултат на ХАРП – Високо...

Министрите на Мицковски во недвижности тежат над четири и пол милиони евра

Министерката за енергетика Сања Божиновска поседува четири стана во странство од кои два во Шпанија, еден во Португалија и еден во Србија. Министерот Љутков има стан во Банско, Бугарија, додека 4 министри не пријавиле живеалишта воопшто Пишува: Кристијан Трајчов Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска има најмногу пари врзани во недвижности. Таа пријавила живеалишта вредни над 1 милион евра. Таа поседува два стана во Центар, едниот...