ВО ЗАШТИТА НА ШАР ПЛАНИНА СО ПОДРШКА НА ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Лорик Идризи е Проектен менаџер на Балкански институт за регионална соработка БИРС, со седиште во Тетово. Вели дека БИРС е невладина и непартиска, целосно независна во своето работење.

„БИРC актуелно го спроведува проектот за подигнување на свеста кај локалните жители за заштита на природните вредности на Шар Планина.  Овој проект е финансиран од програмата Цивика мобилитас и ќе трае 18 месеци и има за цел подигнување на свеста за прогласување на овој масив за национален парк“, вели Идризи.

Во рамките на овој проект, како што информира тој, се реализирани повеќе активности како  информативни каравани со граѓани, документарни филмови, истражувања, интервјуа и завршна конференција.  

„Темите вклучени во оваа акција се однесуваат на идејата за зачувување на Шар Планина како природно богатство. Главна тема е екологијата, а со оваа се поврзуваат и други теми како што се граѓанската вклученост, транспарентноста и ефикасноста на институциите, јавната свест и соработката помеѓу институциите и цивилното општество“, вели Идризи.

Организацијата БИРС е посветена на промоција и практикување на квалитетното новинарство и научните истражувања во остварување на своите цели за општество со демократските вредности, транспарентни институции, функционална демократија и за создавање на регион на соработка и просперитет.

Идризи вели дека БИРС е составена од докажани експерти од сферата на новинарството и науката.

„Визијата на BIRC е да придонесува во изградбата на функционална демократска држава, каде на секој граѓанин ќе му биде загарантира слободата на говорот, движење и други политички слободи. Оваа визија подразбира општество со добро владеење, транспарентни и отчетни институции, слободни и плурални медиуми, активно и консолидарно граѓанското општество како и функционална правна држава“, вели Идиризи, додавајжи дека „за остварување на својата визија, организацијата се залага за промовирање и спроведување на парадигмата на квалитетното новинарство и на научното истражување во социјалната сфера и јавниот простор.“

Идризи нагласува дека БИРС има за мисија да создаде широка рамка за соработка на национално и регионално ниво, со цел промоција на отворен дијалог со сите општествени фактори кои се вклучени на демократските вредности.

„Културното препознавање и промовирање на меѓукултурниот дијалог, исто така остануваат важна димензија во мисијата и целите на организацијата“, истакнува тој.

Посетета во канцелариите на БИРС е реализирана во рамките на институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)