Недостатокот на практична настава е главен виновник за неквалификувани кадри за работа на пазарот на трудот.
Ова беше истакнато на вчерашната конференција „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручното образование и обука и образованието на возрасните”. Конференцијата се одржа со цел да се промовира започнувањето на проектот финансиран од Европската Унија.
Во програмата од проектот кој чини 1.972.500 евра и ќе трае до ноември 2017 година се предвидува зајакнување на системот за стручно образование и обука преку зајакнување на соработката со приватниот сектор како и социјалните партнери. Процесот ќе вклучи изработка на соодветни стратегии, преку измени во курикулумот на стручното образование. Реформите ќе бидат направени врз основа на процените на пазарот на труд и преку зајакнување и воспоставување на капацитети во школите.
(А.Р)