ВТОР МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО

Во рамките на проектот „Заедно во борба против корурпција” кој го спроведуваат СКУП како носител заедно со Институтот за човекови права (ИЧП) и Медиум, денес беше одржана прес-конференција за презентација на Вториот мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на РСМ.

На истата беше истакната потребата од поголема транспарентност на Државното правобранителство особено во оние случаи кои ги засегаат граѓаните, а кои произлегуваат од потребата за заштита на правата и интересите на РСМ.

Воедно, беше потенцирана и неопходноста за воведување на електронски систем преку кој би можело да се следи движењето на предметите во Државните правобранителства и во која фаза на постапување се истите.

Предмет на анализа беа и постапките за отуѓување на државен имот, денационализација и експропријација како и судските постапки во кои Државното правобранителство се јавува како застапник по закон на државните органи.

Оставете коментар

коментар(и)