Владата на Република Македонија синоќа во вечерните часови соопшти дека се константирани сериозни пропусти во реализацијата на превзементи обврски за одржување на Суперкупот на УЕФА на Арената „Филип Втори“, организацијата на големиот настан во Скопје е доведена во прашње.
Ова е поседица на писмото кое УЕФА го доставила до Фудбалската федерација на Македонија. Всушност, ова е ново писмо на УЕФА. Првото е старо повеќе од една година, за што СКУП извести, во документарниот филм „Корупција во македонскиот фудбал“, објавен на 29 јули, минатата година.
За ова Владата вчера објави:
„На денешната седница на Владата констатирани се сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходата Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената Филип 2, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА. Задолжен е Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, во соработка со другите надлежни министерства да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да изнајдат начин за одржување на УЕФА Супер купот, за што, како што е најавено УЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите за одржување на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид“ – гласи соопштението на Владата на РМ.
Според „СДК“, ФФМ добила писмо од УЕФА со низа забелешки и барање се да биде подготвено до 21 јули кога пристигнува нивната следна контрола: Клима уредите на стадионот не се поврзани со УПС систем, не е јасна комуникацијата меѓу персоналот на стадионот и добавувачот на електрична енергија, нема инсталирано електрична енергија во делот за телевизиите, нема инсталирано вентилација во салата за прес-конференции, нема поставено 50 телевизори од 50 инчи во различни делови од стадионот, дел од опремата за Ви-Фи не е инсталирана, не е доставен дизајн на интернет мрежата, не е поставена подлога од бетон за камионите за ТВ продукциите, нема водовод и одвод на местото предвидено за ТВ продукциите, не се поправени протекувањата на вода во делот за работа на медиумите, не е комплетиран делот за работа на фотографите, нема телевизори во делот за работа на медиумите, не се функционални тоалетите во делот за младинските категории, не се заменети скршените/оштетените столчиња во делот за карти, на ниту едно место стадионот не смее да изгледа како градилиште, не се направени козметички подобрувања (бојосување) и чистење на внатрешниот дел од стадионот и има уште многу работа во тој дел, исто и за надворешниот дел на стадионот, нема споделено комплетен и детален план за евакуација на стадионот, не е јасно дефиниран оперативен план за персоналот на стадионот.