ГОДИШЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ НА СКУП МАКЕДОНИЈА ЗА 2024 ГОДИНА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА
ЗДРУЖЕНИЕ-ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО
СКУП-МАКЕДОНИЈА

1.1.2024-31.12.2024

ОРГАНИЗАЦИСКИ РАЗВОЈ

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија Скопје исто како и претходната, така и во текот на 2024 година продолжи да ги спроведува и реализира проектите и зацртаните планови од претходната година, и покрај предизвиците со кои и ние бевме соочени како организација со последиците од Војната во Украина и напливот на лажни вести и наративи со кои мораше да се справуваме како Центар за истражувачко новинарство. Сепак, и покрај тоа, сметаме дека успеавме да ги спроведуваме тековните проектни активности како регионално,така и национално.
Почнувајќи од 1.11.2023 па во наредните 12 месеци, СКУП имплементира проект поддржан од Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје, наречен „ПЕП- Колку се богати тие“, кој се однесува на следење на имотната состојба на
функционерите и објавување на стории и анализи за таа имотна состојба. Ова е дирекна улога на СКУП Македонија во превенцијата против корупција.
Истотака 2024 година е значајна за Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија затоа што започна со реализација на многу важен проект за развој на истражувачкото новинарство, но и невладиниот сектор во Западен Балкан. СКУП Македонија заедно со носителот Centar za istrazivacko novinarstvo од Сараево и уште 6 други организации од Западен Балкан од 1 декември 2024 година до 30 ноември 2027 ќе го имплементира проектот „Fostering Stability: A Synergy Between CSOs and Media for Enhanced Freedom of Expression and Media Credibility“. Вредноста на овој проект 1.3 милиони евра и е финансиран од Европската Комисија.
„Поттикнување на стабилноста: Синергија помеѓу граѓанското општество и медиумите за подобрена слобода на изразување и медиумски кредибилитет“ е 36-месечна акција фокусирана на справување со клучните предизвици во медиумскиот пејзаж и обезбедување на слободата на изразување воопшто. Целта на акцијата е јакнење на новинарите и организациите на граѓанското општество преку едукација и ангажман, поттикнување на развојот на разновидна медиумска средина и негување на добро информирано и отпорно граѓанско општество за справување со заканите како што се дезинформациите.
Како дел од коалицијата за заштита на правата на укажувачите, СКУП Македонија зеде активно учество во повеќе настани од оваа коалиција и објави неколку текстови коишто се релевантни за проблематиките на оваа коалиција.
СКУП Македонија веќе подолго време ги имплементира електронските алатки за функционирање и се обидуваме да стимулираме понатамошна нивна употреба.
Одржуваме онлајн состаноци, кумуницираме он лајн со многу извори, со што би го намалиле времето потребно за придвижување, кога е тоа неопходно. Ковид кризата не научи дека во иднина треба да функционираме на далечина исто како да сме во канцеларија.
СКУП-Македонија, секоја година, согласно законските прописи на својата веб страница www.scoop.mk ги објавува финансиските и наративните извештаи.

ВМРЕЖУВАЊЕ

Со започнувањето на проектот „Поттикнување на стабилноста: Синергија помеѓу граѓанското општество и медиумите за подобрена слобода на изразување и медиумски кредибилитет“, Скуп Македонија, заедно со уште 6 други организации од Западен Балкан е основач на хаб каде ќе се споделуваат информации, стории и активности на организации членки, граѓански активисти и институции.

Организацијата изминатава година, истотака беше дел од активностите на Фондацијата Метаморфозис, каде заедно со други невладини организации е вклучена во неколку проекти.

Во текот на годината, СКУП ги прошири контактите со невладините организации во рамките на своите проектни активности, но и пошироко.

Извештаите, согледувањата и анализите на организациите кои ги споменавме претходно ни помогнаа во процесот на изработка на истражувачките стории, но и во тоа да може подетално да објасниме некој проблем пред јавноста и граѓаните. 

СКУП е дел од Коалицијата за заштита на правата на свиркачите во Југоисточна Европа, но и Платформата за борба против корупција. Во рамките на оваа Платформа, СКУП е дел од активностите на група невладини организации кои спроведуваат серија активности за укажување на системските пропусти, а со цел за подобро спроведување на законската регулатива во земјава.

СКУП Македонија имаше средби со повеќе организации, фондации, донатори со кои делиме исти и слични вредности за идна заедничка соработка.

ИЗРАБОТКА НА СТОРИИ

Во процесот на предистражување и истражување на сториите СКУП ги користи граѓаните, како и невладините организации, а за содржината во сториите се потпираме на документи, јавно објавени податоци, како и бази на податоци. За секоја истражувачка сторија на која работиме разговараме со граѓанитe кои понекогаш се анонимни извори, но нивните сознанија понатаму ги користиме за да поставуваме Барања по слободен пристап на информации од јавен карактер до државните и јавни институции. 

Секоја истражувачка сторија на СКУП-Македонија се темели на сознанија на граѓани и/или невладини организации.

СКУП продолжи да работи на терен, собирајќи изјави и податоци со цел проектните активности да се реализираат непречено.

Во 2024 година, нашите колеги новинари, беа активни во многу дебатни емисии, како креатори на јавно мислење, но и држеа и неколку обуки од областа и проблематиката на истражувачкото новинарство.

Скопје, 31.12.2024

Претседател

ЦИН СКУП Македонија

Горан Лефков

Оставете коментар

коментар(и)