Период: 1.1.2023-31.12.2023
ОРГАНИЗАЦИСКИ РАЗВОЈ
Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија Скопје и во текот на 2023 година продолжи да ги спроведува и реализира проектите и зацртаните планови од претходната година, и покрај предизвиците со кои и ние бевме соочени како организација со пост Корона кризата и војната во Украина.
Оваа година беше многу важна за организацијата бидејќи се направи промена на генерации во управувањето на Организацијата. СКУП Македонија успешно ја менаџираше смената на генерациите и во своите редови. За прв пат во СКУП Македонија за претседател беше избран Горан Лефков, истражувачки новинар кој е дел од СКУП Македонија од 2012 година.
Покрај Лефков, како основачи на Организацијата се впишаа и докажани имиња од новинарската фела како Иван Бојаџиски, Јасна Бачовска Недиќ, Кристина Атовска и Александар Божиновски.
Организацијата продолжи со истата визија и мисија како пред 12 години. Мислењето помеѓу основачите е дека, во услови на КОВИД криза и во напливот на лажни вести, никогаш не била поголема потребата од истражувачкото новинарство.
Во 2023 година СКУП Македонија одлучи дека е потребно да ја засили улогота на борбата против корупцијата и продолжи со потрагата по партнери за оваа борба.
Идејата на СКУП Македонија беше подржана од Амбасадата на Соединетите Американски држави со финансиска помош од 24.000 долари. Проектот трае 12 месеци и со него е предвидено следење на имотната состојба на министри, пратеници, градоначалници и други избрани и именувани функционери. ПЕП е платформа преку која Центарот за истражувачко новинарство активно придонесува во превентивната борба против корупцијата во Северна Македонија и пошироко.
Меѓу целите кои СКУП ги има зацртано е и анимирање на младите новинари-студенти со цел да се приклучат во работата на СКУП, за која цел СКУП објавува редовно повик за волонтери со цел да ги анимира помладите колеги да ни се приклучат. Исто така, практикуваме и директни средби со студентите кои евентуално би сакале да ни се
приклучат.
ВМРЕЖУВАЊЕ Во текот на годината, СКУП ги прошири контактите со невладините организации во рамките на своите проектни активности, но и пошироко. СКУП е дел од Коалицијата за заштита на правата на свиркачите во Југоисточна Европа, каде организацијата активно учествува во активностите на мрежата.
И покрај условите во кои работевме во СКУП Македонија, ја оценивме годинава како успешна, бидејќи поставивме цврсти темели за иден развој на организацијата.
Со почит,
Горан Лефков,
Претседател на СКУП Македонија






