Уништени претпријатија, ниски плати, лоши сообраќајни поврзувања, сиромаштија, иселување на младите. Ова е сликата за источна Македонија низ призма на економските параметри и стандардот на населението. Квалитетот на животот е опаднат до самото дно. На истокот не се случуваат културни настани, нема спортски клубови кои ќе ги привлечат младите. Причина за ваквата состојба е ужасната економска состојба, вели економскиот аналитичар од Кочани м-р Горан Стојановски.
„На економијата во овој регион и треба една силна инекција, некој поголем инфраструктурен проект кој ќе ја покрене. Секој денар вложен во инфраструктурата дирекно враќа три денари, а индирекно многу повеќе“, вели Стојановски.
Тој додава дека последен инфраструктурен објект во овој дел на Македонија е браната Калиманци, која е изградена во 60-тите години на минатиот век. Овој податок беше повод да направиме истражување претставено низ следните табели во кои ја анализиравме инфраструктурата во развиените земји кои имаат слична големина како Македонија.
Километри автопати на 1.000 километри површина
Од табелата се гледа дека источна Македонија нема ниту еден сантиметар автопат. Косово кое беше најнеразвиено во поранешна Југославија ја надмина источна Македонија, а според површина е колку овој дел од нашата земја. Ништо подобра не е состојбата ниту со пругата. Должина на пруги на 1.000 километри квадратни
Косово има шест пати повеќе пруги од источна Македонија. Гасот е најевтин енергенс и не е замислив развој на една економија, доколку нема пристап до гас. За жал овој енергенс не само во источна, не е застапен во цела Македонија.
Должина на гасоводи на 1.000 километри квадратни
Доколку нема гас, економијата има скап енергенс и скапо производство. Ова е една од причините што во источна Македонија, освен лон текстилството, рударството и екстензивното земјоделство нема друга развиена индустриска гранка.
Просечните плати најниски
Економската неразвиеност, неинвестирањето, придонесува да се исплаќаат ниски плати на работниците. Така според официјалната статистика, просечната исплатена плата во источна Македонија во 2013 година е 16.175 денари што е за 6.000 денари помалку во однос на западна Македонија и за неверојатни 9.000 денари помалку во однос на скопскиот регион. Диспаритетите во исплаќањето на просечните плати создаваат огромни разлики помеѓу стандардот на граѓаните и ги забрзуваат миграциските процеси внатре во државата.
Според Глигор Ивановски, економски аналитичар од Штип главна причина за ваквите состојби е неразвиеноста.
„Западниот дел од Македонија и Скопје, имаат повисоки приливи на пари и платите се повисоки. Таму се сместени повеќе државни и финансиски институции чии вработени имаат повисоки примања од просечните во државата. Во источна Македонија доминира текстилот и земјоделството, а тоа се сектори со многу ниски плати“, вели Ивановски.
Тој додава дека останатите региони имаат по некој водечки капацитет кои значат многу за тие економии- како РЕК Битола, или Силмак од Тетово.
За да се подигнат платите мора да се направат некои инфраструктурни инвестиции. Автопатот е најдобра таква инвестиција бидејќи тој ќе произведе нов објект со висока вредност кој ќе има повеќе предности. Тој ќе ги подобри условите за живот на граѓаните, ќе вбризга многу свежи пари кои ќе ја покренат целата економија. Развиената инфраструктура ќе привлече и поквалитетни странски инвестиции, многу ќе придонесе за развој на туристичките места, Пониква, Берово, а ќе има ќар и бањскиот туризам, кој во овој регион е запоставен. Експресниот пат и за Стојче Самарџиски, економски аналитичар од Штип, е само замајување на јавноста.
„Со него Владата сака преку вода, жедни да пренесе 100.000 жители на Кочани, Виница, Берово, Делчево, Пехчево и Македонска Каменица. Ним им следува автопат“, вели Самарџиски.
Непочитување на законот за рамномерен регионален развој
Според Уставот на Република Македонија, државата е обврзана секоја година да издвојува по 1% од бруто домашниот производ за рамномерен регионален развој. Таа сума годишно во Македонија треба да биде околу 60 милиони евра, од кои на источниот регион му следува од 10 до 15 милиони евра. Владата за оваа намена на општините од источна Македонија и префрла само по 200 до 300.000 евра во зависност од годината. Ова според Самарџиски е дискриминација на граѓаните.
„Владата во Скопје, кон граѓаните од овој регион се однесува како луѓе од втор ред, или можеби трет. Преку ДДВ и преку други даноци добива милиони евра од источна Македонија, а на регионот не му враќа ништо, и тоа што му следува му го одзема, како што е случајот со автопатот“, вели Самарџиски.
До Министерството за финансии и до Управата за јавни приходи на неколку пати упативме барање според слободен пристап до информации од јавен карактер, за тоа колку пари од даноци се наплаќаат од источна Македонија, но одговор на ова барање не добивме.
Според Ване Јованов, македонски иселеник во Италија лошата економска состојба е основната причина зошто 40.000 млади од источна Македонија побегна во италијанската област Пиемонте.
„Владата развивајќи го и градејќи го Скопје, ја запусти источна Македонија. Овде нема елементарни услови за развој и за живот. Разбирам да бегаат висококвалификувани професионалци, заминуваат на усовршување и на повисоки позиции, ама кога ти бегаат нискоквалификувани работници како што е случајот со источна Македонија, тогаш, навистина е дојден нож до коска. Тие бегаат за гола егзистенција, зашто овде ја немаат“, вели Јованов и додава дека е неопходен циклус на инвестиции во инфраструктурата како автопатот за да се развие регионот.
Сообраќајна оправданост за изградба на автопат од Штип до Кочани
„Доколку се инсистира на иницијалниот планерски период на вложување, за кој во оваа студија и е извршено вреднувањето на варијантните решенија за автопатот во полн профил, постигнување на задоволителна економска оправданост може да се оствари доколку во првата фаза се гради една половина од автопатот за делницата Исти Бања – Штип. Задоволителна економска оправданост од вложувањата во полн профил на автопатот, може да се постигне, доколку изградбата на автопатот се помести за 5 до 7 години во однос на иницијалниот период во оваа студија“, се наведува во Инвестиционо-техничката документација за автопатско решение, изработена од Диви Македонија.
Инвестиционо-техничката документација е изработена во 2012 година, а препораката дека автопатската делница од Штип до Кочани е исплатлива од 2017 година.
Оваа проектантска куќа разгледува повеќе параметри при изготвувањето на проектната документација. За економската оправданост во табела 5 се поставени 4 параметри.
Трошоци што ќе се направат со автопат и без него
|
|||||
|
|
||||
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Од табелата јасно се гледа дека со изградбата на автопат од Штип до Кочани во наредните 20 години на возачите од овој регион ќе им заштеди стотици милиони евра. Особено е интересна ставката „Експлотација на моторни возила“ каде има заштеда од околу половина милијарда евра, во наредните 20 години. Тоа се трошоци за гориво и амортизација на возилата.
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Уредник: Стојанка Митреска