Граѓанското општество – мост за соработка со дијаспората

Институционалната поставеност на државата за соработка на дијаспората, идните предизвици и градење на нови модели на соработка помеѓу државата и граѓанскиот сектор, денес, беа главна тема на јавната трибина која ја оддржа Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните НОВ КОНТАКТ – МАКЕДОНИЈА.

На трибината за улогата на граѓанските огранизации од РМ, иселеничките огранизации и организациите на македонското малцинствто во соседните земји, дискутираа Едмонд Адеми – министер за дијаспора, Александар Кржаловски – Македонски центар за меѓународна соработка, Никола Шалваринов – Агенција за иселеништво на РМ, Вероника Томова – Обединета македонска дијаспора- САД, Исмет Балажи – Центар за развој на заедницата- Кичево.

Целта на овој настан беше зајакнување на врската со македонската дијаспора, како и развивање на проекти за поддршка на културните, традиционалните, историските вредности, зајакнување на комуникацијата и развојот на демократските опшествени вредности.

Настанот се оддржа во хотелот Континентал во Скопје.

Оставете коментар

коментар(и)