ГРУЕВСКИ ГИ ЗАКОПА ВО ВОДА – ШИЛЕГОВ ГИ ПОТОПИ НА СУВО

 Стручњаците, експертите од урбанисти и архитекти преку хидролози и геолози, предупредуваат на можни опасности од ерозоја на брегот во деловите каде што овие објекти се лоцирани па се до поплави какви што градот веќе ги памети.

Како и да решат судот, сопствениците и градските власти, од непромислени урбани потези, како и секогаш досега, на крајот од својот џеб цената ја плаќаат граѓаните.

На 21-ви јули во 2014 година на реката Вардар во центарот на Скопје „заплови“ првата галија. Во место секако. Ресторант со хотелски капацитети. За кратко од реката никнаа уште две слични. Сето дел од контроверзниот проект „Скопје 20124“.

Седум годино потоа, со одлука на градскиот совет, градоначалникот на Скопје Петрее Шилегов, оваа пролет како прва ја потпи галијата „Ројал Македонија“. Како и останатите две и таа функционираше како кафуле и мезе бар, но на услуга беше и сместување во хотелски манр. Пред седум години ги прими првите гости.

Опасност од поплави или одмазнички хир на власта?

Од трите, познати на скопјани но и на бројни намерници од земјава и од странство, станува збор за галијата која беше вгнездена во водите на Вардар во непосредна близина на државната компанија МЕПСО.  На чинот на отворањето, лертото 2014-та, медиумите ја регистрираа изјавата на сопственикот на „Фаланга“, инвеститор на овој и на бродот што уште се градеше спроти новото Министерство за надворешни работи, значи на околу триста метри подолу низ вардар но и двете, какои и третарта во најцентралното градско подрачје, Давор Андреевски.

„Немаше потреба од гламурозни и спектакуларни отворања. Работиме најнормално, и утринска и дневна шема, до еден часот по полноќ. Имаме кафе, пијалаци, храна, мезиња. Конструкцијата и на двата брода е од челик и дрво, а внатрешноста е од гипс картон. Односно изградени се од материјал кој може лесно да се демонтира со оглед на тоа дека станува збор за урбана опрема. Освен фирмата „Фаланга“, брод во Вардар гради и сопственикот на ресторанот „Воденица“.Таа галија е предвидено да биде хотел со 16 соби и два апартмана. Ќе има три ката, ќе биде долг 35, широк 16 метри со едра високи 35 метри. Сплавот генерално ќе биде изграден од дрво. Освен овие три, предвидена е изградба на три галии и на другата страна на Вардар, но засега нема заинтересирани инвеститори да ги изградат“.

Интензитетит на природниот водотек е намален за цели 30%.

Објкетите галии и тогаш, како и за цело време во изминативе седум години, предизвикуваа разни полемики со променлив интензитет. Главно реакциите беа негативни. Од граѓанските дека на Скопје не му треба ваков имиџ, практично кич до оние на експертите кои реагираа на нарушување на природните законитости на реката и нејзините води. Но и поради естетскиот факт и поради тоа што градот, и воопшто ова поднебје, нема никава морска традиција. И што вештачко насадување на објекти од ваков тип, попсебно од аспект на променливиот водостој во коритото на реката Вардар, од речиси пресушување до прелевање, е и небезбедно поигрување со карактерот на природата и со безбедноста на градот и на неговите граѓани.

Секао, на многумина галиите им се допаѓаа. Со атрактивните локации, на угостителите како можност за добар профит, а на граѓаните како туристичка и несекојневна атракција. Сепак, стручњаците, експертите од урбанисти и архитекти преку хидролози и геолози, во ваквото попречување на природниот тек на реката со поставување препреки на водотечението на мирните но често и надојденио води на Вардар, предупредуваа на можни опасности од ерозоја на брегот во деловите каде што овие објекти се лоцирани па се до поплави какви што градот веќе ги памети.

Градоначалникот на Скопје: Галиите не се само надвор од здравата естетика, тие се и опасност за граѓаните.

Во сево веројатно има и многу политика. Ова поради фактот што тогашната опозиција сега власт, жестоко се проптивеше на реализација на прескапиот проект „Скопје 2014“. Како, наспроти други егзистенцијални потреби, поради огроминте буџетски пари што се трошеа за него, така и поради коруптивните потенцијали и посебно поради урбаното и естетско нарушување на природниот спонтан урбано архитектонски живот на центарот на главниот македонски град.

Поради од сето по нешто, за конкретнава тема со галиите на Вардар, новата градска власт донесоа одлука за нивно отстранување. Градоначалникот Петре Шилогов веќе ја „потопи“ првата:

„Станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на движните ствари кои што се наоѓаат внатре, а потоа демонтажа и на самата галија. Со ова започнуваме со расчистување со криминалниот и подмолниот проект „Скопје 2014“. Галиите не се само надвор од здравата естетика, тие се и опасност за граѓаните на Скопје посебно имајќи предвид дека сите анализи на градот Скопје но и согласно студијата на УНДП, галиите во Вардар претставуваат опасност од поплави кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани“.

Галијските ресторантски чуда во Вардар као дел од контроверзниот проект „Скопје 2014“ не се единствените кој се под критичка опсервација како на јавноста така и на институцииуте. И како предизборно ветување владата на Република Северна Македонија пред три години формираше комисија за преоценка на потребата од некои од објектите. Меѓу првите за отсрел се најдоа токму галиите. И тогаш, еве и сега, јавноста не е многу возбидена што тие ќе се отстрануваат. Еве и сега полемиките со отсртранување на првата од трите, реагира млако и без револт. Се се свесува на вицеви на фејзбук јавноста и на по некоја порака на опозицијата која чинот на скопските власти го оценува за одмазнички.

И експертската студија за објектите во коритото на Вардар е „против“ галиите.

И студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, укажува дека овие пловила во место се опасност при евентуално надоаѓање на водите на Вардар. Состојба со која Скопје многупати досега се има соочено и тоа со големи материјалчни последици портади излевањето на реката од своето и онака плитко корито.

Спред изјавите на градоначалникот Петре Шилегов, операцијата за отстранување на објектите од Вардар градскиот буџет ќе го чини околу шест миулиони евра, сума која, како што се сугерира во дел од реакциите, би можела корисно да се употреби за урбанизација на рурални делови на Скопје каде што жителите немаат ниту добра вода за пиење ниту канализација. Но, актуелната градска власт е неумоилива, галиите почна да ги отсранува и уверува  дека парите потрошени од градот за оваа операција ќе бидат надокнадени по судски пат од сопствениците на објектите. Шилегов вели дека е можно веќе оваа година да бидат отстранети две од трите галии, односно дека со истекување на договорите на градот со сопствениците, обврската на градот спрема нив престанува.

Стручњаците се за отсранување од реката на се што во неа е вештачки е накалемено.

Инаку, проценка е дека поради интервенциите во водите на реката во централното градско подрачје, интензитетит на природниот водотек е намален за цели 30%. Ова посебно спроти Македонскиот народен театар од една и зградата на МЕПСО од другата страна на Вардар каде што почна да се гради панорамското тркало кое сега е пренаменето во пешачки мост во изградба.

Како и да е, процесот на „чистење“ на коритото на Вардар е почнат. Времето ќе покаже дали навистина Скопје и натаму го демнат поплави поради излевање на Вардар или ова сега со отстранување на објектите е само политички хир на актуелната влсат. Во секој случај, науката и стручњаците се за отсранување од реката на се што во неа е неприродно и е накалемено без при тоа да се води сметка за опаснотите. Студијата и искусвото укажуваат дека реката сепак треба да не се вознемирува со било, мкакви времени или трајни објекти и дека на Вардар и на градот му е направена штета. На ова упатува и споменатата студија во која децидно се наведува:

„Корито на Вардар е предмет на архитектонски промени. Покрај галиите и водоскоците, водотечението го попречуваат и трите врби обезбедени со фундаменти и поставени сред реката, потоа столбовите на новите мостови, неколку инсталации за водоскоци истои така инсталрани сред реката, а галиите практични се вештачки брани кои го попречуваат природниот водотек на најголемата река во земјата и самите по себе се очигледна потенцијална опасност за градот и за неговите граѓани“.

Као се ќе заврши со овие (не)пловни објекит во Вардар, на крај ќе каже судот. Сопствениците веќе ја обжалуваат одлуката на градското собрание. Но како и да решат судот, сопствениците и градските власти, од вакви непромислени и урбани потези преземени без претходни стручни експертизи, како и секогаш досега, цената на крајот од својот џеб ја плаќаат граѓаните.

Автор: Виктор Иваноски – млад новинар, волонтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)