Дебата: Истражувачко новинарство – за да се дознае вистината

Дебатата “Истражувачко новинарство – за да се дознае вистината” е дел од регионалниот проект „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“, чиј што национален партнер е МИМ. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Воведно обраќање ќе има Жаклина Хаџи-Зафирова, новинар и соосновач на Центарот за истражувачко новинарство – СКУП, а потоа новинарскиот ветеран Зоран Иванов ќе зборува за истражувачкото новинарство во редакциите. На тема „По трагата на парите-како до длабинска истражувачка сторија“ ќе зборува Горан Лефков, новинар во СКУП, за тоа како да се напише истражувачка сторија разбирлива за граѓаните ќе зборува Мери Јордановска, новинар на БИРН, а како да се анимира јавноста, ќе објасни Влатко Стојановски, новинар во неделникот „Фокус.

Дебатата ќе се одржи во просториите на ЕУ Инфо центарот, Делегација на Европската Унија, Бул. Св. Кирил и Методиј 52б, Скопје, на 19 октомври 2016 (среда), со почеток во 11:00 часот.

Оставете коментар

коментар(и)