Единствен глас за поддршка на укажувачите

Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа, чија членка е Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија деновиве во Загреб, Хрватска ја одржа својата втора конференција.

Целта на оваа организација е да ја подигне јавната свест за потребата од заштита на укажувачите. Средбата е одржана во Хрватска, единствена земја од регионот која се уште не усвоила закон за укажувачите. Македонија го усвои лани во месец ноември, а на сила е од март оваа година.

Д-р Сулет Драјфус од Мелбурн, Австралија, која е извршен директор на организацијата „План за слобода на говорот“ кој пак е основач на Коалицијата рече дека Коалицијата е пример дека може да се направи разлика и да се постигне напредок.

„Идејата за Коалицијата е стара две години и за ова време е навистина постигнато многу, има мошне силен импакт врз регионот“, рече Драјфус.

Коалицијата е составена од 20 организации од цела Европа.

Оставете коментар

коментар(и)