Кога првиот економски промотор Димче Николов беше пратен во Италија, надежта дека земјата конечно ќе стане привлечна дестинација за инвестиции беше голема. Кон крајот на јануари 2008 година се забележаа првите контакти на Николов со италијански компании, каде тој се обидел да ги убеди инвеститорите дека Македонија е пријателски настроена кон странскиот капитал.
Денеска Македонија брои 33 економски промотори кои се распространети низ поразвиените земји и региони на светот, и истите државата ги плаќа од 2.500 до 3.000 евра месечно. Во целиот систем за привлекување на странски инвестиции се ангажирани 200 вработени, пет министри или вкупно 12 владини функционери.
Сепак, земјата сеуште е на дното на листата на земјите од регионот според странски директни инвестиции. Во извештајот на Еуростат за финансиските перформанси на земјите аспиранти за членство во Европската унија, се вели дека нивото на странските инвестиции во Босна и Херцеговина и Македонија во 2014 година е на исто ниво како во 2004-та година.
„За разлика од овие земји, во Албанија, Косово, Црна Гора и Турција биле три до седум пати поголеми во 2014-та година, во споредба со 2004-та година“, се вели во извештајот.
ВЛАДАТА БЕЗ СТРАТЕГИЈА
Џон Јоновски, инвестициски банкар и финансиски аналитичар, за СКУП вели дека идејата за промовирање на државата како дестинација за инвестирање е корисна и од национален интерес. И покрај трошоците на државата, тој смета дека е разумно и да се има економски промотори, но само како дел од една поголема стратегија за привлекување инвестиции.
Но, додава Јоновски, „Македонската влада нема стратегија за новите глобални и тектонски еконосмко-финасиски промени“.
“Значен дел од напорите на Владата се фокусирание на кон “outsourcing” индустрии или привлекување преку обезбедување на големи бенефиции. Тоа е систем на заем се со мала вредност, со нелојалност на долги патеки, што не ја градат ниту пак ја поддржуваат долгорочната стратегија за економска база на индустрии кои се потребни да го подигнат квалитетот на животот и да изградат сигурна иднина за нашата младина“.
Јоновски смета дека домашната економија се соочува со замени еден вид на аутсорсинг со ниска вредност, како на пример текстилната, со друг вид – автомобилски делови.
„И тоа по правило со нето трошок за земјата”, додава тој.
Дури петтемина членови во владиниот kабинет во Македонија се задолжени за катадневните контакти со корпорации и фирми низ светот. Ниту една влада во Европа нема толку владини функционери со доминантна обврска да привлекуваат странски инвеститори.
Познатите владини роуд-шоу, како промоции на економските политики, даночни услови, субвенции и олеснувања, по правило, ги водеше премиерот. Во комбинација со вицепремиерите, практично половина Влада беше растрчана низ светот. Довчерашниот премиер Никола Груевски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на секој партиски настап, пред кампањата, ги најавувше или промовира сите очекувани или оперативни директни странски инвестиции.
Уште најмалку три државни институции се вклучени кон промоцијата на Македонија како оаза капитални вложувања – Агенциите за странски инвестиции и за туризам и ТИРЗ (слободните индустриски зони).
Сите 14 компании во ТИРЗ, пред се во Бунарџик, се извозно ориентирани, но нивните капацитети се анагжирани преку увоз за извоз, што значи дека нема нето девизен остаток и затоа трговскиот дефицит во размената со странство не се намалува.
ОСТВАРЕНА Е КЛУЧНАТА ЦЕЛ, НО…
Директорот на Агенцијата за привлекување инвестиции Висар Фида вели дека ефектите од работата на економските промотори се мерат на повеќе нивоа.
Во неговата изјава за СКУП-Македонија, тој смета дека е остварена е клучната цел – „Македонија да биде ставена на мапата за инвестирање кај многу големи мултинационални корпорации и компании“.
“Преку контактите и презентациите кои секојдневно ги реализираат промоторите, се повеќе се зголемува интересот на инопартнерите за започнување бизнис во Македонија. Бројот на реализирани средби е огромен што се потврдува со фактот и за успешна ефектуирање на нивните активности “.
Од друга страна, од Стопанската комора на Македонија велат дека немаат некаков увид за работата на промоторите, ниту пак со какви идеи и инструкции од Владата заминале.
„Уште помалку ни е достапен отчет за ефектите од пропагирањето на Македонската економска и инвестициска клима. Не знаеме што работат економските промотори, со кого контактираат, ниту какви се се бенефитите од нивниот ангажман“, велат од Стопанската комора на Македонија .
Фатмир Битиќи, извршен директор на Стопанска комора на Северозападна Македонија, вели дека и тие немаат ниту увид во она што го работат промоторите.
Минатата година, само двајца од избраните промотори во странство, побарале средба со стопанствениците.
Но, Битиќи вели дека во принципи нема никаква кординација.
„Немаме информации за нивната работа ннту кои се условите според кои се оценува нивна успешност“.
Улогата на промотерите, според него, е многу битна во градењете на имиџот на Македонија во светот на бизнисот.
Битиќи смета дека амбасадите имаат политичка функција и не секогаш странските менаџери сакаат да разговараат со акредитирани амбасадори или пак да им бидат презентирани можностите од страна на дипломати од кариера.
„Акредитираните амбасадори имаа дотогаш сосема различен опис на задачи. Кадарот на МНР (чест на исклучоци), немаше капацитет да спроведе агенда за привлекување инвестиции, онаква агресивна како што беше замислена”.
ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРОМОТОРИ – ПАРИ ФРЛЕНИ ВО ВЕТЕР
Биснисменот Ристо Гуштеров е еден од најзаслужните за инсталирање првата странска иневстиција во индустриската зона Бунарџик. Неговото лобирање резултираше со доаѓање на странската корпорација Џонсон Контролс во Македонија. Откако во Бунарџик прва се инсталираше оваа мултинационална компанија таа веке станува како големо сидро на сигурност кое што ги примами и другите инвеститори.
”По мои сознанија, економските промотори во таквите процеси имаат минорна улога. Пари фрлени во ветер, без резултати и само за вдомувње на нестручни и неискусни кадри од партијата на власт”, оценува Гуштеров
Податоците на Народната банка говорат дека во првите месеци од ова година влегле странски инвестиции во вредност од 223 милиони евра.
Но дали е доволен ефект за издвоените буџетски средства?
Македонските економски промотори и нивните минимални примања
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
извор: Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот
За годинава од Буџетот за плати за економските промотори се издвоени средства во износ од 1,2 милиони евра. За нето–платите на идните економски промотори ќе се трошат околу 1 милион евра.
Сепак јавно не се обелоденува, какви други трошоци им се исплаќаат на економските промотори, и колку тие годишно ја чинат државата по сите основи. Во извештај на Државниот ревизор поврзан со работата на економските промотори е нотирано дека проблем е и тоа што на овие функционери им се признавале одредени дополнителни трошоци.
Во досегашната пракса се институционализираа два модели на селекција на кадри.
Најпрвин од двајца странски консултанти. Подоцна комисија од Влада, на крај последниот и решавачки избор е по личното “тестирање” кај премиерот Груевски.
ГУШТЕРОВ: НЕМААТ НИТУ ВИЗИЈА НИТУ ЗДРАВ КОНЦЕПТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
СКУП: Вие бевте еден од главните лобисти за влез на Џонсон Контрол во земјава. Но, како бизнисмени во една прилика изјавивте дека на Македонија не гледате како на земја каде би ги пласирале своите инвестиции?
Гуштеров: Во мојата татковина имам вложено многу, вклучувајќи и средства што сум ги заработил надвор од Македонија. Можеби сум еден од првите Македонци кој во постјугословенскиот период реши да инвестира дома со взаемен бенефит. Во почетокот на деведесетите учествував во приватизација на Јака 80 во Радовиш и угостителско-туристичкото претпријатие Метропол во Скопје. И двете работи пропаднаа. Првата во Радовиш поради криминал и кадровски проблеми во фирмата, а втората поради големиот апетит на Георгиевски и Груевски, зашто тие сакаа да го добијат имотот на фирмата и да го дадат на нивни човек. По неуспехот од првите бизнис-вложувања и замешателставата на владите, на крај едвај успеав да ги повратам инвестираните средства во тие две приватизации. Од политички мотиви мојата фирма беше елиминирана во бизнисот со снабдувањето со керозин за Аеродромот. Во 1994 год. исто така пропадна еден голем зафат во вредност од речиси 80 милиони долари кој што требаше да биде реализиран како со најголемата градежна фирма од Франција – трговски центар со хотел со пет звезди, дипломатски клуб и дваесет и пет амбасадорски резиденции. Тогашната власт на СДСМ целосно го блокираше. Или пак можеби се уплашија од мене дека со инвестиции ке им бидат загрозени нивните позиции.
СКУП: Што за Вас е пресудно при донесување на одлука за инвестирање во земјата –ако даночните стапки и бенефицци кои државата ги нуди не се пресудни?
Гуштеров: Политичката стабилност, правната заштита, стабилна фискална политика, регулатива што нема да биде менувана во зависност од политичките потреби на партијата на власт. Секако голема важност има и инфраструктурната развиеност на замјава, степенот на едукација на работната сила, како и очекуваното членство на земјава во НАТО и ЕУ. Големите мултинационални компании иницијалното размислување за одредена земја го прават на база на детални анализи за земјата кадешто сакаат да инвестират.
СКУП: Какви се придобивките добивме од СДИ, колку не чинат инвеститорите од странство и дали ни се потребни промотори?
Гуштеров: Директните странски инвестиции се важни за секоја земја. Меѓутоа темпото и големината на странските инвестиции за овие 10 години не задоволува, ни по обем ниту по квалитет и разновидност. Не успеавме за десет години да имаме Странски директни инвестиции од сегментот на високите технологии и ИТ секторот што е многу важно за задрзување на нашите млади едуцирани кадри да останат и создадат семејство во татковината и да стварат поголеми вредности за идните генерации. Сегашнава политичка гарнитура нема ниту визија ниту здрав концепт како процесот со странски дирекни инвестиции треба да биде реализиран за што поголеми ефекти за државата. Во тој контекст е и фијаското со економските промотори.
ПРИКАЗНА ЗА ДВАЈЦА ПРОМОТОРИ
„Јас бев ангажиран професионално и без политичка припадност, откако поминав долг процес на селекција и обука од страна на странска консултантска фирма во соработка со Агенцијата нормално. Не сум сигурен дека сега е така. Ми беше платена кирија за стан, плата колку што зема најнискиот по ранг дипломат во МНР, пратен на мисија во странство и краток период возило. CD статус на промотерите е даден за да можат да имаат работна дозвола да работат на пазарите, не заради тоа да ги поистоветат со МНР. Кадарот во МНР е сосем различен од тоа што ние го правевме како професионалци и тие имаа тешкотии да разберат што е функцијата на промотерите. МНР кадарот е навикнат да ужива бенефиции без притоа да се вложи труд на терен”, вели бивш економски промотор, чиј мандат беше во влијателна членка на ЕУ. Тој сега е во Македонија и има своја приватна фирма, па затоа прифати да збори под услов на анонимност.
Вториот промотор кого СКУП го контактираше бил ангажиран во една влијателна и голема земја. Таму останал, каде што се оженил и отворил своја фирма.
“Во периодот кога јас бев промотор и за позицијата која што аплицирав, имаше дефинирани и јавно објавени критериуми. Морам да напоменам дека во тоа време изборниот процес не беше поврзан партиски, бидејќи и самиот не сум член на некоја партија, ниту пак сум имал притисоци да бидам член на владејачката партија. Од мои информации, овој процес денеска е комплетно различен. Во мое време, еден од основените критериуми за успешност беше бројот на донесени компании со реален бизнис план и проект, претставувани од квалификувани носители на функции (директори) – кои доаѓаат во Македонија за да се сретнат со политичкиот естаблишмент – а се со цел да се однесат преговорите во следна фаза на развој, односно да се разговара на највисоко ниво за бенефициите, реализација на бизнис план, број на вработувања, извозна политика, изградба на објекти итн. Порано, ефектите се оценуваа од страна на менаџментот на Агенцијата за странски инвестиции и истата беше предмет на еден математички квантификуван метод. Имаше и објективно мерливи норми за секој што донел одреден број на фирми и влијателни менаџери на инокомпаниите во посета на Македонија, можеше да смета на позитивни вреднувања. Секако ако имате задоволителни резултати промоторото може да се надева на втор мандат.”
ЈУГОСЛОВЕНСКИ ПРОМОТОРИ ДЕНЕШНИ БИЗНИСМЕНИ
Во време на Федерацијата во амбасадите на Југославија беа акредитирани трговски атешеа, со дипломатски статус на советници. Истовремено, позначајните и големи извозно-увозни компании имаа свои посебни или заеднички претставништва – фирми. Кон почетокот на осумдесеттите во нив работеа некои од денес најпознатите претприемачи и богаташи – Минчо Јорданов, Ристо Гуштеров, Никола Палигора, Трифун Костовски, Камчев, Костиќ, Зеленковски…главно од познатата екипа на “технометалци”. Во светските метрополи Њујорк, Москва, Варшава, Милано, Берлин, Лондон, Виена функционира канцеларии и со по неколку вработени од текстилната, хемијската и пред се металопреаботувачката индустрија во рударството, со размена што често се доближуваше и до една милијарда долари годишно.
„Годишниот план за работа е поддржан од Цивика мобилитас“.
„Содржината на оваа истражувачка сторија е единствена одговорност на СКУП Македонија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат“.