Завчера е отворена 10-тата светска конференција за истражувачко новинарство во Јоханесбург, Јужна Африка. Повеќе од 1.200 истражувачки новинари, професори, научници поврзани со новинарството од селиот свет, ќе присуствуваат на овогодинешната конференција.
Во просториите на „Виц“ универзитетот од Јоханесбург ќе бидат претставени најновите достигнувања, техники и начини на истражување кои ги применувале новинарите од целиот свет.
На оваа конференција ќе биде претставена работата на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Конференцијата ќе трае до 19 ноември.
Претходната конференција се одржа пред две години во Рио Де Женеиро во Бразил.