ЗДРАВСТВО ВО ВРЕМЕ НА КОВИД19: ПОГЛЕД ОД ВНАТРЕ

  • Актуелната ситуација со пандемијата на Ковид 19 од корен ги измести досегашните практики во македонското здравство.
  • Затворениот Мој термин им наметна главоболки на матичните доктори кои беа ставени меѓу желбата да им помогнат на своите пациенти и неможноста да ја пружат потребната здравствена услуга.

Пандемијата со Ковид-19 целосно го поремети кревкиот здравствен систем во земјата.     

Здравствените авторитети потврдуваат дека промените во здравствениот систем биле нужни. Од затворање клиники и одложување операции.

Актелната ситуација во македонските здравствени установи е: празни болнички ходници, преполно инфективно, мобилизиција на целокупниот персонал, преадаптација на болничките оделенија. Земјава, како и многу други држави не беше баш подготвена за ненајавената пандемија Ковид 19.

„Оваа половина година ги истакнаа и досегашните 20 годишни проблеми што ние ги имаме. Проблемите наречени закажување и проблемите наречени услови во кои работиме. Јас работам во амбуланта која нема санитарен чвор на пример. И да сакам да ги измијат рацете, јас не можам во таа амбуланта“, вели за порталот на Скуп.мк д-р. Светлана Темелковска од институтот за радиологија во Скопје.

Короната е приоритет, но на скопските клиники има и други приоритети како нужни и итни итни испитувања, интервенции и операции. На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, состојбата е поделена, адаптирана е состојбата во согласноист со потребите на корона моментот, па сепак:

Ургентниот центар работеше непрестано. Во ортопедија, трауматологија и КАРИЛ уште во почетокот на пандемијата беа елиминирани сите хронични и селективни оперативни интервенции. Во почетокот беше многу поригорозно во однос на било каква оперативна интервенција, вклучувајќи ги малигните болести, затоа што не знаевме со каков непријател се соочуваме“, за истиот поратл вели д-р Илир Хасани, директор на „ТОАРИЛУЦ“ и додава: „Сите хронични работи коишто има можност да почекаат ги откажувавме и тоа се случуваше во целата држава“.

Но здравјето „не чека“. Д- р. Темелковска од Институт за радиологија појаснува: „Работевме во три смени. Работевме со пациенти кои беа претежно со онколошки дијагнози. Во март дадовме предлог протокол до Министерство за здравство како би работеле овие „корона“ месеци но, за жал не добивме одговорпа  решивме дека сепак сме тоа што сме, лекари сме кои си се посветени на во својата професија. Се организиравме да не трпат пациентите, да направиме меѓусебна комуникација со нив и да ги прегледуваме“.

Меѓутоа, македонските медицински капацитети се со ограничена моќ. Секогаш повеќе пациенти помалку лекари и друг парсонал. Ова и во редовни околности, а со корона кризата општата ситуација за навремена и квалитетна здравствена услуга е исто се заканува да е кризна.

Граѓаните, пациенмтите се уште позагрижени за своето здравје. Нивните искуства со системот се различни, а мислењата за пристапот до здравствена услуга се поделени. Анкетиравме неколкумина по клиничките чекални:

„Еве чекаме од сабајле до…“

„Никаква грижа, од сабајле седиме, чекаме, што да ви кажам“.

„Баш тогаш добив мозочен удар… и сега одам на терпија да се види што е како е…“ Сега за сега ваков каков што е протоколот е добар. И треба да го има, нели други е пошто пандемија е…“

„Имав напад, тежок напад на жолчка, немаше можност за операција, дигстивна ја затворија. Во меѓувреме се случи, ракава ми ја гледате, нервите се притиснати и мене ме шетаат од реуматологија на трансфузиологија, од трансфузиологија на ортопедија, од ортопедија на неврологија, од неврологија на општ лекар ме враќаат, а општ лекар не може да закажува ЕМГ снимки“.  

Во меѓувреме, министерот за здравство Венко Филипче, смирува. Во изјава за медиумите вели:

 „Итните случаи не останале незгрижени. Стопирањето на „мој термин“ се наметнало како нужност поради ротацијата на медицинскиот персонал кој се ротира и е ангажиран кај инфективните одделенија со цел оди да помогне кај пациентите со Ковид 19. Од крајот на март до крајот на август  реализирани се околу еден ипол милион специјалистички прегледи. Од тие, околу 600 илјади се прегледи со упат без термин, околу 460 илјади се итни прегледи и околу 470 илјади се прегледи коишто се реализираат со закажан термин. Значи и во овој период имаше институции каде што закажувањето се одвиваше нормално. Во посочениот период аправени се и близу девет илјадиоколу хируршки интервенции, За споредба, во истиот период минатата година се направени дваесет илјади хирушки зафат“..

Со привремената елиминација на веѓе етаблираниот „Мој термин“, не само што со пациенти се преполнија ургентните центри, туку ситуацијата наметна и нов начин на функционирање на примарното здравство.

Д-р Кирил Солески и е матичен лекар: „Најпрво правевме тријажа во однос на тоа дали навистина е неопходно консултација со колега од повисоко ниво или можеме сами да се справиме со акутното влошување, во услови кога не можевме најчесто консултиравме телефонски колеги коишто ни се достапни, а дел од пациентите ги упатувавме и во ургентните центри. Но, дел од пациентите на сопствена иницијатива, на сопствен избор, решија тоа да го направат во дел од приватните болници, а не во капацитетите на јавното здравство.“

Новонастанатиот предизвик го премести фокусот од третирање на болести, на тоа како да се добие шанса да се третираат. Голем дел од пациентите кои можеа да закажат операција, не можеа да најдат термин за бараниот ковид тест.

Министерот за здравство Внко Филипче вели дека се воочени сите недостатоци од новите околности при менаџирањето во здравството. Наа една од своите редовни дневни прес конференции на новинарско прашање појасни дека состојбите кои ќе се наметнат како проблем ќе се решаваат тековно.

„Набавуваме брзи, рапид тестови, тоа се најновите тестови коишто ќе го имаат сите здравствени институции бидејќи резултатот се добива за 15 минути. Значи дефинитивно ќе биде решен секој проблем во однос на ковид дијагностиката во следниот период во државата.“

Сепак, пациентите, кој повеќе, кој помалку, се незадоволни:

„Па не сме задоволни.“

„И за мој термин има, како нема. За се има проблеми. Ова вака треба да се чека отсабајле? Не оди тоа така. Нека одат они да чекаат, да видат како е.“

„И тоа исто се чека месеципол до два. Ќе видиме како ќе биде понатака.“

„Па да имав, али да речеме во консултација со докторка дома преку вибер, преку тие работи се консултиравме и ми кажуваше што треба да правам и како треба да правам.“

„Ваков хаос, значи ни бил ни ќе биде. Јас со приоритетен и доаѓам, меѓутоа сите само негде ме препраќаат. Значи принудени сме да одиме во приватно здравство. Се е наштимано да функционира само приватното здравство.“

Затворениот Мој термин им наметна главоболки на матичните доктори кои беа ставени меѓу желбата да им помогнат на своите пациенти и неможноста да ја пружат потребната здравствена услуга. Сепак, сметаат дека електронските новитети го олеснуваат начинот за третман кај одредени заболувања.

Па и покрај се, посебно примарното здравство покажа дека е еден од столбовите на здравствениот систем, во целиот тој период. Ние што работевме, продолживме да работиме со физичко присуство и ги покривавме најголем дел од здравствените потреби на населението. Една од добрите страни на овој процес е тоа што се забрза дигитализацијата на здравствениот систем, на пример со воведувањето на електронскиот хроничен рецепт, со којшто ние можеме да препишуваме рецепти за хроничните заболувања на подолг период, без пациентите да доаѓаат физички во нашите простории и тоа и го правиме веќе подолго време и навистина многу добро функционира.“, вели матичниот лекар Солески.

Но малку е посложено во терцијалната област.

„Сериозен проблем е тоа што пациентите доаѓаат и без закажани термини и не доаѓаат сами, туку доаѓаат со многу придружници од семејстватакуп. Капацитетите на ашите болници се наменети, односно не се подготовени толкав број на луѓе да влегуваат за еден пациент“ , вели иректор на ТОАРИЛУЦ Илир Хасани кој во меѓувреме е именуван за Заменик министер за здравство.

Се на се, генерална оценка и на стручните лица и на граѓаните е дека македонското здравство и во овие сложени околности покажа елеменрана виталност да се справува со кризни ситуации. Но стрравувања пстојат. Предупредувањата се дека во здравството мора многу бргу да се интервенира со поголеми фиансиски средстав, што поитно да се дефинираат проекти кои со дополнителни финасиски средства би го докапитализирале целиот здравствен систем посебно на планот на вложување во медицинарите, лекари, сестри и друг медицинслки парсонал, во опрема и вообнова на руиниранитездрваствениу објекти и изградба на нови.

Накусо: Короната да ги „освести“ планертите на државните ресурси и да им ги одреди приоритетите.

Автор: Кристина Шеќероска – млад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)