Инклузивно и етичко известување во медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија работи на полето на поголема инклузивност во медиумите. Во таа насока Советот подготви Насоки за инклузивно известување во медиумите. Целта на насоките е  се надгради постоечката етичка рамка во врска со медиумското известување за немнозинските групи, но и да им се помогне на новинарите повеќе и соодветно да ги застапуваат во медиумите.

Препораките во овие насоки се во согласност со веќе постоечките професионални стандарди и практики во новинарството и претставуваат дополнување на одредбите во однос на инклузијата на различностите во медиумското известување. Насоките се подготвени како резултат на консултациите со советите за етика во Западна Европа и во регионот на Југоисточна Европа, анализа на документи на професионални новинарски и медиумски организации, како и врз основа на интервјуа со медиумски стручњаци, професори и претставници на граѓански организации коишто работат на заштита на човековите права на ранливите групи.

Советот за етика во медиумите на Македонија подготви и Насоки за етичко известување во онлајн медиумите во рамки на консултативен процес со претставници на медиумските и новинарските организации и со медиумите. Процесот за изработка на Насоките го поддржа Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Насоките се достапни на следниот линк: https://semm.mk/attachments/01-02-2021/%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%BE%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BE%D0%BD%D0%BB%D0%B0%D1%98%D0%BD%20%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5.pdf

 Во таа насока Советот подготви и анализа на тема: Говор на омраза, национална и меѓународна правна рамка, со посебен осврт на медиумите

СЕММ во моментов ги обработува резултатите од конкурсот за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите за време на Ковид – 19. Конкурсот, којшто се организираше заедно со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заврши, а наградите ќе бидат соопштени во текот на јуни.

Оставете коментар

коментар(и)