Деформациите главно се рефлектираа на јавните набнавки што е и тема на оваа сторија на новинарскиот тим на СКУП. Меѓу примерите за новинарска опсервација беше и неколку министерства.
Останува надежта дека надлежните институции ќе си ја сработат работата во откривање на девијантните појави и на нивните предизвикувачи кои во услови на криза нечесно се збогатија на сметка на маките на грашаните предизвикани од пандемијата.
Пандемијата со Ковид 19 размести многу текови како во секојдневието на луѓето, така и во образовните, стопнаските, трговските и сите други процеси. Како и во секоја општетвена криза, така и оваа пандемија исфрли на површина и хуманост и алчност. Посебно неодгворност кај државни институции и поединци таму кои наместо посветено да работат на санирање на последиците од панденмијата и на заштита на луѓето, приоритет како да им беше да ја искористат можноста за приватни материјални интереси.
Деформациите главно се рефлектираа на јавните набнавки што е и тема на оваа сторија на новинарскиот тим на СКУП. Меѓу примерите за новинарска опсервација беше и неколку министерства.
Министерството за здравство дозволи во услови на пандемија да се појават профитери кои во нормална држава досега евентуално ќе беа зади решетки. Но министерството предводено од министерот Венко Филипче, како да овозможи некои оттаму на грбот на граѓаните да печалат илјадници евра:
На наша сугестија за сомнежите еве го впешатокот на д-р Никола Пановски, професор на Медицински Факултет Скопје:
„Најголем скандал испадна, кога збориме за пари . Се можеше, а можевме да потрошиме 30 милиони, а сме потрошиле 7, слободно можеше сите тестови да се работат во приватни лаборатории, без пари до еден. Сите тестови можеше да се работат без пари. Дури можеше и лекувањето во приватните болници да се плати дел од Фондот и да останат пари. Тие викаат сме штеделе. Значи 30 милиони евра ќе добиеше Македонија од тој европски фонд. Не доби ништо. Што им било, или не знаење, неспособност или сакале да им свршат работа на приватните болници. Да можат да си работат по какви сакаат цени и да не чекаат по 6 месеци, фондот да им исплати. Ние знаеме како исплаќа Фондот. Што е мотивот кога се ќе беше бесплатно“.
Според податоците на системот е-набавки, во првите шест месеци од пандемијата, од март до септември 2020 година потрошени се вкупно шест милиони и 700 илјади и 700 илјади евра. Највисока вредност на потпишаните договори за Ковид има регистрирано Министерството за внатрешни работи и тоа 2 милиони и двесте илјади евра.
На 26 март 2020 година МВР склучува договор со прилепската фирма „Гифти Текс“ ДООЕЛ. Вредноста на договорот е 68 милиони денари или 1,1 милион евра. Единечната цена по заштитна маската е утврдена на 24 денари.
Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија ги побара исплатите и приемниците за набавените маски, ракавици и одела за еднократна употреба од две фирми со најголеми договори со МВР. Тоа се „Гифти Текс ДООЕЛ“ Прилеп и „Биотек ДОО“ од Скопје.
Во периодот од 9-ти април 2020 до 16-ти ноември истата година „Гифти Текс ДООЕЛ“ до централниот магацин на МВР во десетина наврати доставил 1.892.000 маски за еднократна употреба. Министерството за внатрешни работи кое во време на потпишувањето на договорот го води техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев, за овие маски платило околу 650.000 евра. Значи, за една маска полицијата ја плаќала по 21 денар.
На констатацијата на новинарскиот тим на СКУП дека евидентираната количината на маски за 2020-та година е многу повисока од реално набавената од страна на МВР која изнесува околу 1.6 милиони маски, од компанијата Управителот на „ГИФТИ ТЕКС“, Филип Миленкоски, нагласува:
„Трошокот за изработка на една маска тогаш изнесуваше околу 16 денари, без притоа да се земат во предвид трошоците за многукратното дезинфицирање на работните простории, паковањето, логистиката и слично. Притоа, Неткаениот текстил, основниот материјал од кој се изработуваат маските беше најмалку 5 пати поскап од цената пред почетокот на пандемијата. Покрај петкратната повисока цена, голем број на држави го лимитираа или целосно забрануваа извозот на овој вид на материјал со цел да си ја заштитат сопствената држава и сопствените интереси“.
Тој додава и дека средствата од набавката се реинвестираа во нови материјали и во автоматска машина за производство на заштитни маски.
„Во месец јуни имавме платено за автоматска машина со голем капацитет од Република Турција, но бевме измамени и оштетени за повеќе од 100 илјади евра, па повторно во месец август набавивме друга машина од друг производител, која успеавме да ја пуштиме во работа во месец ноември. Притоа, не треба да се игнорира фактот дека на самиот почеток од пандемијата, пред нашето учество на јавното наддавање, нашата компанија донираше повеќе од 130 илјади заштитни маски и скафандериглавно за потребите на државните институции во Општина Прилеп. Донација за која имаме добиено и најпрестижната награда во град Прилеп – Плакета „3-ти Ноември“, а за покажана висока општествена одговорност во справувањето со пандемијата на Ковид-19. Период во кој цената на една маска се движеше над 35 денари, нашата иницијатива влијаеше за намалување на цената на сите останати понудувачи“.
Но не се тргувало само овие фирми. Во истиот ден со фирмата „Нетам Драган и други ДОО“ од село Марино, е потпишана набавка во вредност од околу 28 илјади евра. Предмет на оваа набавка била маски со ластик или врзување за ПОВЕЌЕ кратна употреба. Цената на овие маски е 18 денари за маска што е многу поефтина од претходната набавка.
Втората најголема набавка исто така ја врши МВР. Тие на 26-ти март 2020 година склучуваат договор со фирмата „Биотек Доо Скопје“. Овој пат предмет на набавката се маски од типот „Н 95“ по цена од 313 денари по парче.
Компанијата „Биотек“, како економски оператор и во 2019-та година го снабдува МВР со одредени материјали, но со многу пониска вредност. Така, во 2019-та година од сметката на полицијата кон оваа фирма се исплатени само околу две илјади и 800 евра.
Во 2020-та година пак, во време на пандемијата, на МВР во 13 наврати „Биотек“ и` доставил над два милиони пара ракавици за еднократна употреба, 5 илјади маски „Н-95“, 3 илјади пара заштитни очила и илјада заштитни комбинизони. Министерството за оваа набавка на „Биотек“ му исплатило 403 илјади евра.
Од компанијата „Биотек“ го одобивме следниов одговор:
„Нашата компанија во стои на диспозиција, а со тоа искажува спремност да одговори на сите прашања и информации врзани со професионалното работење на БИОТЕК ДОО Скопје. Упатуваме замолница до вас да ни ги доставите вашите прашања во писмена форма по пат на електронска пошта. Во моментов одговорниот менаџер користи годишен одмор па затоа преферираме ваков начин на кумуникација“.
Од Независниот синдикат на полицијата велат дека се незадоволни од тоа колку МВР се грижело за тоа полицајците да бидат заштитени за време на пандемијата.
Првиот полициски синдикалец Гоце Делчев Тодев вели дека од синдикалните пари морале сами да купуваат поквалитетни маски за да им бидат дадени на полицајците. Повеќето пак од оние што и ги добиле од МВР биле обични, односно хируршки маски за еднократна употреба.
„Ова е од парите, од членовите, од вработените на полицијата од самиот буџет на Независниот синдикат затоа што и покрај тоа што ги немаме бенефитите кои ги кажува Колективниот договор , а имаме одредби од Уставниот суд, за жал сами ги купуваме од нашата членарина да им ги дадеме на членовите и вработените односно на вработените на полицијата на Шумската, затворската и судската служба, а особено тежиштето ни е на вработените во полицијата. Сами ги купуваме за да им ги дадеме како заштитни средства. Добивавме разни медицински маски, најобични маски кои се без долг временски период на употреба, за една употреба. Еве ја, ова е заштитна маска која е конкретно добиена од рамките на фондот на Министерството за внатрешни работи. Тоа е значи обична маска, која е медицинска маска за два часа, односно маска која после два часа е потребно да се фрли“.
Но каде се маските „Н-95“ кои се со многу поголема заштита? Никој не знаеше да каже, дури велеа и дека не биле запознати дека такви маски биле набавени во МВР.
„Јас не знам, прв пат слушам и дека воопшто имало можност да се делат во рамките на Министерството. Можеби биле делени некаде во некои од одделите или секторите, меѓутоа во делот на полицијата не, не…ви гарантирам. Ви тврдам дека полицијата таква маска ниту добила ниту пак слушнала дека може и треба да се добие. Може е извршена набавка во рамките на Министерството меѓутоа за жал Независниот синдикат на полицијата“, вели Тодев.
Сепак еден од присутните членовите на синдикатот, Цветан Станковски, го забележавме токму со маска на лице од типот „Н-95“. Го прашавме дали ја добил од МВР?
„Не, лично си ја купив, таа е лично моја, ја купиц соп свои пари затоа што сакам да се заштитам“.
Владимир Аврамовскиисто така е од пчолициски синдикат, од независниот синдикат на една од специјалните полициски един ици при Министерството.
„Ни делеа медицински маски но ние не знаеме ние кои се со поголема заштита, добивавме бели и плави, обични медицински за еднократна употреба“.
Полицаецот Златко Трајковски исто така е во дел од посебните оперативни единици во полицијата:
„На почетокот на годината има телеграма, допис до станиците дека на смена следувало по две маски. Две маски за една употреба што се предвидени за по 12 часовно работно време“.
Полициските синдикалци иако заштитната опрема против Ковид 19 им била многу потребна, сепак велат дека поголем проблем им претставува што немаат опрема за работа, униформи, возила. Според нив, сите овие средства што биле дадени за маски кои тие воопшто не ги виделе можеле да бидат пренаменети за нивните потреби.
Нелогично во целата набавка на маски во МВР е што во земјава имаме три пати помалку полицајци од здравствен персонал, а МВР е најголем набавувач на маски. Од почетокот на пандемијата до денеска спроведени биле две набавки, една како постапка од крајна итност и тоа на почетокот на пандемијата во март 2020-та кога технички министер е Наќе Чулев и втората во ноември истата година кога министер е Оливер Спасовски. Притоа, биле набавени 3,3 милиони маски и вкупно 3,8 милиони ракавици за што се потрошени 1,4 милиони евра без ДДВ од што излегува дека само за маски се потрошени 650.000 евра без ДДВ.
Сузана Праниќе портпаролка во МВР:
„Во постапката од крајна итност која беше спроведена во месец март беа набавени 1,7 милиони маски а за кои беа потрошени 35,3 милиони денари без ДДВ при што поединечна цена за хируршка маска и тоа минимум двослојна во постапката од итност чинеше 20 денари без ДДВ а маската Н 95 чинеше 265 денари без ДДВ. Во редовната постапка во месец ноември 1,5 милион маски беа набавени заедно со 1,5 милион ракавици, за маски како што веќе споменав беа потрошени 4,3 милиони денари без ДДВ при што за истата маска, значи хируршка маска минимум двослојна цената изнесуваше 1,49 денари без ДДВ, додека за Н 95 маската цената изнесуваше 34,9 денари без ДДВ“.
Таа уште дополнува дека во постапката од итност хируршките маски биле набавени од компанијата „Гифти текс“ од Прилеп, а маските „Н -95“ од од скопската „Биотек“, а во втората набавка која била редовна постапка во месец ноември, хируршките маски се набавени од фирмата „Дамјанов“ Делчево, додека пак „Н- 95“ од компанијата „Годомин“ од Скопје
На прашањето за тоа за ткако, според кои приоритети се делени маските на полициските службеници, портпаролката вели:
„Секоја организациона единица правеше план за маски и заштитни средства воопшто кои што се потребни за вработените во организациската единица и секоја за себе си ги набавуваше во согласност со бројот на вработени во конкретната организациска единица“.
Та уште дополнува дека не стигнале никакви забелешки во делот на недостиг на заштитни средства за полициските службеници.
Ковид набавките се во фокусот на интерес на Државниот завод за ревизија.
Максим Ацевски е главен Државен ревизор:
„На 13-ти јули 2021-ва година два конечни ревизорски извештаи ќе бидат објавени на веб страната на Државниот Завод за ревизија. Имаме утврдени состојби на она што значи начин на планирање на јавните набавки, имаме утврдени состојби на евалуацијата на пристигнатите понуди, имаме утврдени состојби на онаа што значи цена на чинење на самите производи и имаме утврдени состојби на следење на реализација при доделување на договорите за јавни набавки. Истотака со другиот ревизорски извештај, имаме утврдено состојби во она што значи начин на прием на самата помош, и многу е несоодветно кога добивате одредена помош од земјава и странство да не можете да обезбедите соодветно постапување со таквата помош“.
Ацевски додава и дека во извештајот е констатирано дека одредени правни субјекти, економски оператори кои што вршат набавки на одредени производи одредувале повисок процент на заработка кое во суштина ако го следиме корпоративното управување и стопанисување е надвор од таквото корпоративно постапување и однесување, што за жал е појава во споменатиот период.
Упатените во здравствените состојби во земјава одамна алармираа за состојбите со т.н. воено профитерство. Менче Атанасова Точи, е новинарка која со години ги следи и пишува за состојбите во здравбството:
„Па не се само парите во прашање, кога зборуваме за корупцијата. Корупцијата чинеше човечки животи. Имаме многу голема бројка на починати, кои можеа да се спасат, ако имаа навремена здравствена грижа, ако имаа достапни ПЦР тестови во секое време, бесплатни, како што е во сите држави во Европа и ако имавме вакцини. Вакцините да беа набавени на време, мислам дека голем дел од граѓаните ќе се спасеа“.
Дека состојбата предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид-19 измести многу процеси во општетсвото, дека многу стопански субјекти и да не планирале, поради потребите на пазарот, во конкретниов случај на „здравствениот“ пазар, е факт. Принудно беа потребни нови инвестиции во материјали и машини за производсво, во случајот на темава за производство на заштитни маски за потребите како на здравствените така и на работниците кои се грижат за редот во држабвата и исто така и за населението.
Но, како и при секое помесувањер на редовните процеси, така и оваа криза со пандемијата одредени стопански , производствени и трговски субјектија ја искористија ситуацијата за екстра профити. Во крајна линија тоа секако е на товарот на граѓаните зашто или тие директно плаќаат повисоки цени на одредени производи или пак, како во случајов со оваа тема на СКУП, преку јавните набавки на државните институции кои екстра профитот го шплаќаа со средства од буџетот, значи пак со пари од народот.
Останува надежта дека надлежните институции ќе си ја сработат работата во откривање на девијантните појави и на нивните предизвикувачи кои во услови на криза нечесно се збогатија на сметка на маките на грашаните предизвикани од пандемијата.
Автори: Кристина Шеќероска и Виктор Иваноски– млади новинари, волонтери во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.