КОВИД 19 – МЕЃУ ВАКСЕРИТЕ И АНТИВАКСЕРИТЕ

Останува фактот дека гледано цивилизациски и посебно историски како човештвото досега се справувало со разно разни вируси, епидемии и пандемии, токму науката преку вакцините била таа која спасувала милиони животи од невидливите микроскопски убијци.

Во светот досега се употребени повеќе од осум милијарди дози вакцини

Освен полните болници и досега над осумте илјади починати, пандемијата од вирусот Ковид-19 предизвика уште една поделба во општеството. Од една страна се поддржувачите на вакцините, од спротивната – антиваксерите, односно лиѓето кои се противат на задолжителното вакцинирање или воопштои на вакцинирањето од вирусот.

Првите им веруваат на науката и на институциите кои се повикуваат на науката и главно на светската наука. Другите се скептици, а меѓу нив има, ако може дака да се каѓе повеќе поттипови. Од оние кои воопшто не веруваат дека вирусот постопи, преку другите кои веруваат дека вирусот е вештачки и е дел од голема завера од глобални светски размери од страна на разни моќни сили кои управуваат со светските процеси. Трети само се противат на рестриктивните мерки за заштита од вирусот и за негово ширење. Се разбира секоја од категориите и секој пшоединечно има свои аргументи за своите убедувања.

Статистиката не е теорија, таа е неумолива

Еве што велат бројките: Во македонските градови како Неготино, Кавадарци, Охрид, Гевгелија и Берово, каде што опфатот со две вакцини е повисок од 60%, бројот на починати е најмал. Летниот бран на пандемијата Тетово го пречека со само 19% вакцинирани граѓани, што придонесе да има најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи.

Слична беше состојбата и во Гостивар. Во овој град за време на летниот бран имаше мал опфат на вакцинирано население, а непосакуваниот епилог е речиси 400 починати.

Апелит за поттикнување на населението да ги прима вакцините како и мерките на рестрикции за невакцираните не ги дадоа очекуваните резултати.

Венко Филипче, доскорешниот министер за здравство:

„Тешко е да спроведат мерки со кои вакцинирањето би станало неизбежно. Имајќи предвид дека оние претходни предлози допираа во нешто што навистина може тешко да се спроведе и ќе отвореше голем број на прашања, а тоа е што со тие луѓе што нема да се вакцинираат. Сепак им е голем финансиски терет да се тестираат секоја недела и притоа им е загрозено можеби во делот на казнената или во делот на спроведување на мерките и им е загрозено и работното место“.

Пред да замине од функцијата министер за здравство, Филипче најави и скромна финансиска стимулација за матичните лекари кои ќе ги мотивираат своите пациенти да се вакцинираат од вирусот Ковид-19. Но неговиот апел и скромната финасиска понуда за матичните не наиде на добар одзив кај базичните лекари.

Венко Филипче, доскорешниот министер за здравство:

„Посебна стимулација за матичните лекари односно матичните лекари да бидат финансиски стимулирани. Кога ќе надминат 70 проценти на вакцијација од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број на пациенти кои што се запишани кај нив“

Од месец јануари оваа годинана на чело на министерството застанува д-р Беким Сали, член на политичката партија Алтернатива која стана дел од власта. Сали е стоматолог, а од 2008 до 2013 година бил дел Министерството, во време кога се случи пандемијата на свински грип. За него велат дека има искуство во менаџирање на институција за време на пандемија, но досега нема презентирано план како да се зголеми процентот на вакцинирано население. Со само 39% вакцинирани со две дози, Северна Македонија е последна на Балканот. 

Експертит упатуваат дека стравот е поради гласините за обид за увоз на вакцини со сомнителен квалитет

Проф. Никола Пановски, микробиолог:

Немајќи сеуште докажан лек, лек кој може да се користи масовно и би бил ефтин, далеку сме од тоа. Моментално вакцинацијата е таа на која се надеваме, и која дава некакви резултати. Не такви резултати кои очекувавме на почетокот, но сепак ја намалува хоспитализацијата и смртноста. Луѓето мислат дека кинеските вакцини се најефтини, кинеските вакцини се најскапи вакцини, заради технологијата. Најбезбедни се, меѓутоа не даваат таков имунитет, и имун одговор како западните, значи кинеските вакцини мислам дека се преку 40 долари за една доза, овие Синофарм што ги купивме, не знам точно, а овие Синовак нешто поефтини бидејќи подоцна ги купивме, мислам дека ги зедовме за 31 долар по доза, што е двојно поскапо од Фајзер и 8 пати поскапа од Астра Зенека. Според статистиката што ја гледаме на хоспитализирани и смртни случаи, ние сме полоши, па и соседна Србија од Западно – Европските земји и Изреал кој целосно е вакциниран со Фајзер. Причини за ова е што кај нас околу 60% се вакцинирани со кинески вакцини.

46 % испитаници сметаат дека вирусот е плод на светски заговор

Анализата на јавното мислење што беше спроведена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ покажа дека според одговорите на анкетата кај граѓаните постои висока дистрибуција на прифатливост на теории на заговор. Дури 46 % од испитаниците сметаат дека од авион се прскаат вируси и различни токсиди. Високи 53 % од анкетираните се незадоволни од владините мерки за справување со пандемијата. Само 50% од испитаниците рекоа дека сакаат да се вакцинираат и дека најголема доверба имаат во Фајзер и Спутник. 

Во Република Северна Македонија начинот и пристапот на признавање на вакцината и за прележувањето на вирусот засега e поразличен од другите држави. Граѓаните ќе имаат право да добијат потврда за прележан Ковид 19, но тој ќе важи само првите 45 дена. Во другите земји важноста им е и до 12 месеци и по прележувањето на ковидот може да се добие сертификат.

Венко Филипче, доскорешниот министер за здравство:

Тоа беше целта, да се зголеми опфатот со вакцинација. Нема никаква контра индикација за рана вакцинација после прележана болест. Тоа што е дополнително, со овој механизам се штитиме од следни бранови, бидејќи ќе падне имунитетот после 5, 6 или 9 месеци и тие луѓе се незаштитени. На овој начин рано стекнуваат вакцинален имунитет со тоа го штитиме и нивното здравје, но го штитиме и здравствениот систем од понатамошни бранови и притисоци на голем број на пациенти.

Проф. Никола Пановски, микробиолог:

Друга катастрофална грешка и злочин што го нема никаде во свет што се прави моментално е што се вакцинираат прележани пациенти. Им се дава сертификат само за прележани до 45 дена. Не ги следиме антителата, со високи антитела, кога се најзаштитени од сите, заради сертификат одат и се вакцинираат, јас кажав дека ќе одам на суд да сведочам дека вакцината била дадена апсолутно без потреба и за сите несакани дејствија треба да одговара тој што ги принудил тие луѓе да се вакцинираат. Единствена земја што не признава прележаност, не признава антитела е Македонија, односно признава само 45 дена што е апсурд. Во сите земји е најмалку 6 месеци, во некои 9 месеци, а во Данска и Швајцарија 12 месеци, ако прележал, не му се бара вакцина. Тој може да се вакцинира ако сака, меѓутоа не се принудува и му се издава сертификат. Кај нас се тераат да се вакцинираат луѓе во пикот на имунитетот или што имаат високи количини на антитела, така да тоа е апсолутно нестручно, немедицински и штетно. Меѓутоа, тоа кажано 100 пати излезе министерот кажа природниот имунитет е слаб, само вакциналниот е добар, па после и премиерот. Меѓутоа имаме 180 смртни случаи, двојно вакцинирани, а да немате ниту еден случај од прележан и умрен или на прсти да се бројат, а некој прележал и пред 18 месеци и да не се извините за таква глупост за која студент јас би го турнал на испит, и упорно да се форсира, иако Изреал кажа дека 27 пати прележаните поретко заболуваат, значи јас сум за вакцини, бидејќи природното прележување може да значи смрт и компликации, меѓутоа ако некој прележал, еве се случило да прележе, ги имаме доста такви околу 200.000 не го терај да се вакцинира. Остај му 6 месеци да се вакцинира кога сака. Не го принудувај, тоа е штетно.

По римерот на други држави протести пртив вакцинирање почнаа и кај нас

На почетокот на вакцинацијата, кога имаше многу мал број вакцини и кои се броеја кому да му се дадат, дел од граѓаните негодуваа затоа што вакцини нема за сите. Одеднаш, кога се набавија во доволен број, во јавноста почнаа да се плетат теории за штетноста на вакцината, а набргу потоа се основаа и антиваксерски друштва. Тие не само што се противат на укажувањата дека е потребно вакцинирање за да се сузбие пандемијата на Ковид 19, туку одат и дотаму што шират и теории на светски заговор за наводно намалување на светската популација, за чипирање на населението, а воедно и дека сето ова е измислено за финансиска добит на фармацевтските компании.

„Најсрдечно ги замолувам политичарите и сите стручњаци на медицина во нашата држава да ни направат една многу голема услуга, да престанат да не манипулираат, да престанат да не заведуваат едни други да си ги извадиме очите да престанат да не уценуваат“, вели учесник во проптестите против вакцинирањето од Ковид-19.

Друг протестант дополнува: „За неправдите кои што ги трпиме веќе две години, за тортурата која што ја трпиме веќе две години, затоа што не истоштија и здравствено и психички и финансиски егзистенционално“.

Фактот што граѓаните протестираат против вакцинирање не ги погоди толку институциите колку појавата на неколку лекари кои главно на социјалните мрежи учествувале во кампања против вакцините. Од Лекарската комора најавија дека ќе го разгледаат ваквото нивно антиваксерско дејствување и дека ќе бидат преземени санкции.

Со честите промени на правилата власта практично го стимулира антиваксерството

Проф. Никола Пановски, микробиолог:

Од 16 Август со една доза можеш сега да одиш да се вакцинираш и можеш да добиеш сертификат иако ти треба уште месец и пол да станеш имун. Ти треба втора доза, па 14 дена, што е нестручно, меѓутоа целта не ги бира сретствата со таа нестручна, не медицинска метода се фалеа дека постигнаа привремен успех. Оваа второто што ги тераат здравите да се вакцинираат е сулудно, само за да ги бројат како вакцинирани. Професорот Хуглав од Харвард рече дека од антиваксерите, полоши се само вакциналните фанатици. Вакцината треба да се даде таму кај што треба. Не кај што ќе им текне. Не на деца, не кај што сме стигнале. На тие што се навистина им треба да имаат приоритет, бидејќи на тој начин се хранат антивакцерите. Со вакви постапки. Во немоќ да ги натерате нив да се вакцинираат сега ќе вакцинирате имунизирани, прележани пред месец дена. Не можам да го објаснам

Според официјалните податоци, во светот досега се употребени повеќе од осум милијарди дози вакцини. По првите најави дека се потребни дози, сега се бара граѓаните да примат и трета, таканаречена бустер доза. Досега вакцини има од неколку производители, а за масовна употреба се пуштени вакцините на Фајзер и Модерна кои што базираат на нова технологија, потоа кинеската Синофарм и Синовак кои сепроизведени според постара метода, како и британско-шведската вакцина Астра Зенека и руската Спутник кои се таканаречени векторски вакцини. Светот е во очекување на протеинска вакцина, која се чини ќе биде најмалку спорна од сегашните.

Како натами науката и да се справува со пандемијата, реално е да се очекува да продолжат и отпорите поради недовербата како во вирусот така и во квалитетот на вакцините и во нивната ефикасност.

Но останува фактот дека гледано цивилизациски и посебно историски како човештвото досега се справувало со разно разни вируси, епидемиии пандемии, токму науката преку вакцините била таа која спасувала милиони животи од невидливите микроскопски убијци.

Автори: Виктор Иваноски и Дарин Поповски – млади новинари, волонтери во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

                                                                         (СКУП Македонија / февруари 2022)

Оставете коментар

коментар(и)