КОГА ДРЖАВАТА ЈА НЕМА НА БЕЛИОТ, НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ОСТАНУВА ШВЕРЦ – КОМЕРЦ НА ЦРНИОТ ПАЗАР

Лекарствата од црниот пазар со непознато потекло често се со поминати рокови, со препакувани амбалажи и без упатства за употреба и посебно без државна здравствена контрола па ризиците по здравјето на луѓето се големи.

Нелегалниот, црниот пазар на лекови во овој пандемски период е во експанзија, но тој вирее постојано.

Во секоја криза,  во секоја ситуација од недостиг на нешто, шверцот испливува. Луѓето имаат потреба од нештата, а кога државата е трома, кога институциите се недоветни и кога политиката е непродуктивна, кога не е во состојба на гртаѓаните да им ги задовои елементарните егзистенцијални, во случајов здравствени потреби, секогаш алтернативата бил шверцот. Така и сега со кризата предизвикана од пандемијата од вирусот Ковид 19.

Стратвот и неизвесноста се силен аргумент за притисок врз психата на луѓето. Пандемијата наметна здравсвена и економска кртиза. Значи,  двете најегзистенцијални нешта во секое општество. И како и во секоја криза не се сите погодени од неа. Вештите профитери го начекаа ова време па посебно поради здравствените неизвесности, а во неможност државата бргу да реагира на пазарот, се активира шверцот, нелегалната трговија, па расте и профитот на играчите на црниот пазар на лекови.

Како заштита од Корона вирусот, а во очекување на вакцините, стариот лек, мултиантибиотикот „Фавира“ е топ светски избор. Но, во земјава го нема. Релативно е евтин но го нема во аптеките и на клиниките во земјава. Затоа пак, со малку повеќе пари лекот може да се добие ако само се завртат телефон, два чија дестинација е црниот пазар. На црно се купуваат и останатите дефицитарни лекови за третман на коронавирусот, како што се лековите од групата  антикоагуланти.

Црниот пазар на лекови во овој пандемски период е во експанзија, но тој вирее постојано. И не само за лековите поврзани со пандемијата. Покрај актуелните заштитни маски, перманентно побарувачка има и за аспирини и за разни хронични болести, а тука се и атрактивните секс стимуланси какви што се вијагра, камагра, дегра. 

Проблемот не е само во парите и високите цени што ги плаќаат граѓаните. Лекарствата од црниот пазар се со непознато потекло, често со поминати рокови, со препакувани амбалажи,без упатсва за употреба и посебно без државна здравствена контрола. Затоа и ризиците по здравјето на луѓето се големи.

За контрола на лековите во земјава најодговорни се од Санитарениот и здравствен инспекторат. Од таму потврдуваат дека има илегална трговија на лекови, но посочуваат дека шверцерите и препродавачите тешко се откриваат.

Лек околу кој во последно време се креваше многу и кој беше предмет на внесување илегално од соседните земји, па и Турција беше Veklury (remdesivir). Владата на 16-тата седница одржана на 27 Октомври 2020 година објави дека донела одлука за набавка на овој лек. Тој веќе легално може да се купи и е намален интересот за шверцување“.

СКУП контактираше инфектолози кои работат во Ковид центрите и тие велат дека лекот не делува многу врз пациентите болни од Ковид. Овој лек пробувале да го користат пред десетина години за лекување на жолтица, но брзо бил отстранет како неефикасен. Се обидовме преку матични лекари да добиеме ваков лек, тие потенцираа дека не можат да го препишуваат. Досега не препишале на ниту еден пациент, бидејќи од инфектолозите слушнале дека не е ефикасен.

Во официјален одговор од Министерството за внатрешни работи велат дека последната пријава за илегална трговија со лекови е поднесена во 2016 година.

Министерството за внатрешни работи има поднесено една кривична пријава кон крајот на 2016-та година против еден царински службеник, а за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл.278  ст. 5 од Кривичниот законик. Царинскиот службеник на граничниот премин на скопскиот аеродром пропуштил куфер со лекови кој го подигнал српски државјанин, а информацијата претходно била споделена од надлежните органи од Република Турција. Во последните пет години не е споделена информација од друга институција за илегална трговија со лекови“.

Инспекцискиот надзор на исправноста на лековите е во надлежност на Агенцијата за лекови  – МАЛМЕД, а од пред неколку месеци на нејзино чело е Лирим Шабани. Тој е фармацевт и добро ја познава институцијата во која работи четири години. Вели дека агенцијата е постојано на штрек, дека реагираат брзо за да се оневозможи некој лек да биде баран на црниот пазар, но потенцира и дека нема пријави дека лекови се продаваат спротивно од нашите прописи.

Пред околу еден месец имаше голема заинтересираност од сите страни, болници, доктори да овозможиме интервентен увоз за лекот „Фавира“ кој се користи за лекување од корона вирусот. Имаше неофицијални информации дека наши граѓани одат на Косово и таму купуваат лекови кои ги шверцуваат кај нас во државата. Но ние до денес немаме ниту една пријава за ова“.

Агенцијата има сопствена инспекција која секојдневно оди по аптеки и веледрогерии, но инспектори недостасуваат, ги нема во доволен број. Сите аптеки во државата ги покриваат само пет инспектори. Шабани потврдува дека лекот „Фавира“ сега е легална и кај нас, со што се губи интересот да се набавува од црниот пазар на лекови.

 Шабани, Агенција за лекови:„Имајќи предвид оправданоста и барањето на лекот „Фавира“ од лекарите и инфектолозите, ние во најбрз можен рок ги свикавме сите наши комисии и согласно процедурите ги составивме сите документи на компаниите кои беа заинтересирани. Откако рековме дека се исполнети сите тие законски одредби, го одобривме и лекот „Фавира“ да биде легален и кај нас. Сведоци сте дека го има по аптеки. Апелиравме цело време да не се користи на своја рака, дека мора да биде препишан од страна на докторите, и уште апелираме со тоа да не одат граѓаните на своја рака да купат во аптека и сето тоа да биде контролирано од страна на лекар“.  

Иако бројот на пријави за илегална трговија со лекови е мал, официјалните статистики до кој дојде СКУП покажуваат дека криумчарењето лекови е сепак честа појава. 

Од 2016-та година па до сега, спречен е шверц на лекови во 49 обиди. При тоа се запленети над 120 илјади парчиња лекови, ампули, стоматолошки и медицински материјали.

Лилјана Живковиќ Давиткова е шеф на служба за борба против економски криминал, одделение за истраги во Сектор за контрола и истраги при Царинска Управа на Република Северна Македонија. Таа вели дека во криумчарењето на лекови се инволвирани индивидуалци, организирани групи но и познати фирми. 

„ Актуелни за шверц се заштитните маски за една употреба кои поради ситуацијата се увезуваат малку поинтензивно. Имавме една акција во која откривме 15 илјади заштитни маски за една употреба кои што не беа декларирани на начин на кој што треба да бидат декларирани. Увозникот се обидел да ги избегне потребните царински давачки. Но, тоа не е најстрашно. Она што е уште пострашно е што се обидел да го избегне соодветното одобрение кое што Министерството за здравство го издава на оној што сака да увезе лекови или какви било медицински средства“.

Додека организираните криминални групи наоѓаат разноразни  инвентивни методи за да ги внесат нелегално количините на лекови во земјата, фирмите често го прават тоа со паралелен увоз на лекови. Наоѓаат трети земји кои произведуваат за познати фармацевтски компании, ги препакуваат и ги пуштаат во оптек.

Арафат Мухареми, директорот на Финансиска полиција вели дека утврдиле неколку случаи на паралелен увоз на лекови, главно од Турција. Но, потенцира дека е тешко да се докаже препакувањето. 

„Пред две години работевме пријава за паралелен увоз на лекови. Почнавме со истражување каде опфативме некоплку комапнии кои имаат право на увоз на лекови и паралелен увоз на лекови од други земји. Увоз се прави од ЕУ, а паралелен увоз од земји надвор од ЕУ. Утврдиме неколку такви увози и за тоа беше известено Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција кои ја префрлија постапката во МВР“.

Мухареми појаснува дека поголемиот увоз бил од Турција и дека образложението на фирмата увозник боло тоа што Турција е голема земја, голем потрошувач па лекарствата која  таа ги набавува од европски производители за неа се поевтини бидејќи нарачува големи коичества лекови. Тие лекови кога би се увезле кај нас директно од производителчите би чинелмногу поскапо бидејќи нашиот пазар е мал и може да се набават само мали количества што на производителите не им е од многу корист и затоа за малите пазари ги држат цените високи. Оттука увозот од Турција е по турски цени и тука профитот на увозниците е поголем и поисплатлив.

Пандемијата со Ковид 19 предизвика и паника кај голем дел од населението па граѓаните почнаа да земаат антибиотици на своја рака и во големи количини. Со паниката започна и шверцот на лекови кои се дефицитарни во земјата или пак се уште не се одобрени.

Доктор Никола Пановски, професор на Институтот за микробиологија, предупредува на опасноста од неконтролираното и непотребно земање антибиотици:

За жал, луѓето почнаа да ги даваат и на здрави, да ги земаат сами па и докторите да препишуваат, специјалистите да ги предлагаат, така што испадна една навистина непријатна ситуација. Јас сум многу разочаран од огромниот број на лекови кои се потрошија, десет пати поголем од бројот на позитивните за Ковид. Значи, еден парадокс кој е невиден и јас не можам да го објаснам. Да се препишуваат и тоа да се препишуваат двојни дози. Значи, се злоупотребуваат“.

Во поериодов, лековите „Ремдесивирот  “и  „Фавипиравир“ односно „Фавира“, се шверцуваат главно од соседно од Косово. Анонимни купувачи велат дека зависно од тоа колкава количина се набавува, цената по паковање  може да достигне и до неколку стотини  евра.

Што ќе се случува со вакцините против Ковид 19 која кај нас со нетрпение се очекува во потребните количини. Дали поради евентуален недостиг и тие би можеле да бидат дел од нелегалниот шверцерски пазар е прашање на кое одговорот наскоро ќе го даде времето.

Но грааѓаните посебно ги загрижува дилемата за нивната ефикасност. Професорот  Пановски скепсата на дел од граѓаните ја појаснува во позитивна насока:

Таа е испитана на илјадници луѓе, имаме десет вакцини што веќе почнаа да се употребуваат, така што на еден начин не е добро што вакцината  кај нас ќе дојде подоцна, меѓутоа на друг начин, сметајте дека во март можеби ќе има 100 до 200 милиони вакцинирани и ќе знаеме на што сме. Ако сите 400 илјади вакцини или колку и да плснира државата, над еден милион, милион и двесте илјади, ако тие доаѓаат континуирано и ако има каде да се чуваат, нема никаква опасност. Се надевам дека ќе има добра организација и што побрзо да биде опфатот и што повеќе луѓе да се вакцинираат“.

Меѓународната полициска статистика вели дека годишно ширум светот лекови во вредност од околу осумдесет милијарди долари се продаваат како фалсификувани. Интерпол веќе предупреди на извесноста медицинската мафија да биде инволвирана во нелегална трговија со ковид вакцините, па дури и со нивно фалсификување.

Експертите се јассни, нивните пораки се во насока институциите да ја подобрат меѓусебната координација, а властите да покажат поголема волја за сузбивање на организираниот криминал,. Ова, пособено кога се работи за здравјето на луѓето.  

Автор: Христина Шекерова – млад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)