Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид: Град на УНЕСКО или на дивоградби

Охрид, македонскиот и балкански бисер, градот на УНЕСКО, градот и езерското крајбрежје прогласени за светско културно наследство, се гушат во дивоградби.

Урбаниот хаос и алчноста со години ги напаѓаат и езерото и брегот и стариот град, а сето, е под заштита на УНЕСКО е прогласено за светско културно наследство. Опомената оттаму дојде како закана дека доколку не се преземат итни мерки за заштита, Охрид ќе го загуби привилегираниот статус на ООН.

Што сега и како натаму се прашањата на СКУП – центар за истражувачко новинарство за охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.

СКУП: Градоначалник Георгиевски, како накусо и фактографски би ја опишале актуелната состојба со дивоградбите во Охрид?

Константин Георгиевски: Познато е на целата македонска јавност, состојбата е прилично фрапантна. Во општината има доставено преку 16 илјади барања за легализација на бесправно изградени објекти, а согласно Законот за легализација на дивоградбите од 2011 година. За волја на вистината точно е дека добар дел од тие предмети се стари објекти градени во седумдесеттите, осумдесеттите години од минатиот век но не биле запишани во евиденциските книги на одделението за катастар и на сопствениците на тие објекти, најлесен начин да дојдат до документи им бил Законот за легализација на дивоградбите. Меѓутоа, непобитен факт е и од тоа не можеме да избегаме, дека голем дел од тие објекти фактички се бесправно изградени и со нерегулиран статус и после 2011 година. Така, состојбата на терен е што една дисфункционалност на целиот систем не може да се реши со еден закон и затоа ефектот од тој закон е скоро никаков.

СКУП: Крајбрежјето, таму нешто рушевте, УНЕСКО за овој дел од градот има посебно прецизен став?

Константин Георгиевски: Согласно препораките од реактивната мисија на УНЕСКО од 2017-та година ние бевме обврзани да изработиме регистар на диви градби. Изготвивме две регистри на диви градби со податоци. Едниот е од предметите што ги има во општинската инспекција, каде што инспекторот излегол на терен и изготвил акти, записници и решенија за уривање. Станува збор за 409 објекти за кои се зборуваше во јавноста и тоа е првичниот регистар кој што ние го подготвивме пред сесијата на УНЕСКО што минатата година се одржа крајот на јуни минатата година во главниот град на Азербејџан, Баку и вториот регистар на бесправно изградени објекти е оној кој што ги содржи сите предмети кои што од страна на сопствениците се поднесени за легализација.

Како општина пристапивме кон отстранување на дивоизградени објекти кои се во заштитниот езерски појас, односно 50 метри од езерото. Главно станува збор за плажите, за објекти таму, за кои дозволи за концесија давала државата но и каде што имателите на концесиите најчесто не се придржувале на  урбанистичките решенија. Ние мораме да го исчистиме крајбрежјето од урбаниот хаос и не само кало УНЕСКО обврска. Пристапивме кон расчистување но има уште објекти кои  треба да се отстранат, а и концесиските договори на имателите исто така им се одамна истечени. Отстранувавме и платформи над езерото кои исто така се бесправно подигнати.

Проблемот е многу сложен и бара институционален пристап. Ние како општина правиме максимален напор да се избориме со тој проблем, меѓутоа, факт е дека е потребна соработка и вклучување и на надлежните државни институции како  Пазарната инспекција, Управата за јавни приходи, Државниот градежен инспекторат. Ова и поради фактот што една третина од територијата на Охрид е под јурисдикција на државата. На пример, во зоната на стариот дел од градот, дозвола за градба дава министерот за транспорт и врски, а не јас како градоначалник и инспекцискиот надзор таму го врши Државниот градежен инспекторат. Исто и со постапувањето при рушењето на дивоградбите. Во тоа, прво преку законска измена, треба да се вклучи и државата преку својот градежен инспекторат.

СКУП: Охрид и УНЕСКО, посебна концентрација е нужна и на заштитениот крајбрежен појас, практично брегот од 50 метри од езерото спрема копното, кави се тука плановите за заштита?

Константин Георгиевски: Покрај тоа што општината има финансиски проблеми има и законски пречки затоа што Законот за легализација на дивоизградените објекти од 2011-та година дозволува легализација на дивоизградени објекти и во појас од 50 метри од езерото доколку станува  збор за објект кој што е евидентиран како А1 а тоа се објекти за домување, но и тие објекти не се вклопуваат во урбанистичкиот план. Значи, тоа е една меѓузона, сива зона каде што објектот на некој начин е легален но не се вклопува во урбанистичкиот план. Тоа веројатно е така направено и од причина доколку, на пример, државата реши да го исчисти целиот тој појас од 50 метри, да може сопствениците да бидат обештетени. Но сумата која за тоа би била потребна, согледувајќи од моето искуство како градоначалник од кога се занимавам и со расчистување на овој проблем, на дивоградби, ние во општината имавме само осум милиони денари за таа намена лани. Тоа беа средства обезбедени од општинскиот буџет, а цените за отстранување на објектите се многу високи, а средства нема  да отстраниме се она  што со години е бесправно градено на крајбрежјето.

Значи, каде е вината за бројните дивиградби?

Не секогаш луѓето се виновни. Чекале со години урбанистички планови, а планови не биле носени. Еден од главните промотори на дивоградбите е и неносењето на планови. Луѓето чекале, чекале согодини и  почнувале со градби. И при анализата на проблемот треба да се прави дистинкција помеѓу градбите за домување и комерцијалните објекти. И мора да се направи дистинкција меѓу некој објект кој е изграден на село и во околината на Охрид и некој  објект за комерцијална  намена на самиот брег на езерото. Впрочем, и затоа согласно и планот за управување, сега теба да се изготви стратешка евалуација на сите тие бесправно изградени објекти за заштите на животната средина за да се види кои од тие објекти ќе можат да се вклопат воидни планови, а кои неминовно ќе мора да бидат отстранети и тоа е еден процес кој ќе трае и следната година и че биде обврска и на некој нареден градоначалник. Не може нешто кое е создавано дваесет години наназад јас да го решам во една година. Едноставно, е невозмоѓно.

Институционалниот пристап е круцијален. Ја сне знам некој, на пример, да отичол вопритвот поради  дива  градба. На еден да му се случи тоа, дивите градби ќе немаат таков замав како што сега се случувало досега. НИе како бград сме сега „притиснати“ со барањата на УНЕСКО, но дивиградби иманасекаде во државата. Со почеток на преговорите со Европската унија еден од главните услови ќе биде владеење на правото и владеењето на правото ќе треба да функционира на територијата на целата држава, така што, еден пецправен објект има  ист статус и во Битола и во Пехчево и во Скопје. И бидејќи сега бесправните градби се во надлежност на општините, властите, локлмните власти, ние градоначалниците ќе треба навремено и брзо да дејствиваме и да не дозволуваме дивоградбите да ни се мултиплицираат.

Ќе го спаси ли Охрид статусот „Град на УНЕСКО“?

Дефинитивно, Охрид не е загрозен, ниту бил загрозен. Прашањето за тоа дали ќе го спасиме останувањето на Охрид на нормалната листа или ќе не стават на листа која навестува опсност? Но, доклоку и не стават  на листата на опаасност, тоа не значи губење на статусот. Проблем е што години наназад државата немала никаков однос спрема УНЕСКО, но сега и прку Националната комиија за Унеско, сме во постојана комуникација со сите советодавни структури на УНЕСКО и по добар дел од препоралките веќе е постапено и тие се исполнети.

Автор: Кристина Шеќероска – млад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)