Пишува: Горан Лефков
Мосак Фонсека во светот на истражувачкото новинарство е еден од најпознатите случаи што досега се објавени. Причина за ова се над 11 милиони документи кои произлегоа од компанијата Мосад Фонсека, која ја користеа многу милијардери за перење на пари. Тие ги користеа даночните раеви, каде се прикриваше трагот на криминално стекнатото богатство. Историјатот на ова сторија започна во 2015 година.
Мосак Фонсека беше Панамска адвокатска фирма и давател на корпоративни услуги. Некогаш беше четврта по големина компанија во светот која нудеше офшор финансиски услуги. Од нејзиното основање во 1977 година, до објавувањето на Панамските документи во април 2016 година, компанијата беше непозната, иако се наоѓаше во срцето на глобалната офшор индустрија и дејствуваше за околу 300.000 компании. Повеќе од половина биле регистрирани во британските даночни раеви, како и во Велика Британија.
Фирмата го привлече вниманието на светските медиуми во април 2016 година, кога Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари објави информации за финансиските зделки на своите клиенти во написите на „Панама пејперс“. Документите се однесуваа на периодот од 1970 до 2015 година. Во аферата се вмешани најмалку 140 политичари од повеќе од 50 земји во шеми за даночно затајување.
На 14 март 2018 година, фирмата објави дека се затвора поради штетата нанесена на нејзините финансии и угледот со откривањето на шемите за перење пари од повеќе милијарди долари.
Фирмата е основана од германскиот адвокат Јирген Мосак во 1977 година, а на неа и се придружил панамскиот адвокат Рамон Фонсека во 1986 година. Подоцна дојде и трет член, швајцарскиот адвокат Кристоф Золингер.
Фирмата, исто така, има сместено неколку компании инкорпорирани во Панама во рамките на нејзините канцеларии. Таа беше една од најголемите фирми во индустријата за корпоративни услуги. Сепак, основачот тврдеше дека нејзиниот обем претставува само околу 5% од глобалната правна индустрија за финансиски услуги. Според магазинот Економист, фирмата имала од 5 до 10% од глобалниот пазар на компании за оф шор услуги.
Од Македонија во оваа афера имаше само 3 имиња на некои анонимни бизнисмени.