Марк Фелт- креатор на Вотергејт

Пишува: Горан Лефков

Скандалот Вотергејт е еден од најпознатите скандали во Соединетите Американски држави во минатиот век. Настанот го добил по името според седиштето на Демократската партија во Вашингтон, на 17 јуни 1972 година. Се работи за нелегален упад во седиштето на партијата во која се вмешани луѓе од администрацијата на тогашниот американски претседател Ричард Никсон. Подоцна пред суд ќе се изнесат и преслушкувани материјали во кои се слуша дека претседателот Никсон во овалната соба, ја одобрива операцијата за заташкување на случајот.

Марк Фелт за време на случајот Вотергејт работи како агент на Бедералното биро за истраги на САД или попознато по скратеницата ФБИ. Тој одржувал контакти со новинари. Карактеристично за аферата Вотергејт е што долго време не знаеле во САД, кој ги дал документите на новинарите. Таа врска се држела скоро 3 децении во тајност.

Во 2005 година, на 91-годишна возраст, Фелт му откри на списанието Vanity Fair дека за време на неговиот мандат како вонреден директор на ФБИ тој бил озлогласениот анонимен извор познат како „Длабоко грло“ кој им обезбедувал на новинарите на Вашингтон пост Боб Вудворд и Карл Бернштајн со критични информации за скандалот Вотергејт, кој на крајот доведе до оставка на претседателот Ричард Никсон во 1974 година. Фелт конечно признал дека е длабоко грло, откако бил убеден од неговата ќерка да го открие неговиот идентитет пред неговата смрт.

Фелт објави два мемоари: Пирамидата на ФБИ во 1979 година и Животот на Џи-Ман, напишани со Џон О’Конор во 2006 година.

Во 2012 година, ФБИ го објави персоналното досие на Фелт што го опфаќа периодот од 1941 до 1978 година. Во Соединетите американски држави името на Фелт се изговара со почит. Тој се смета за херој.

Тој е роден во Твин Фалс, во сојузната држава Ајдахо во 1913 година, како агент на ФБИ започнува да работи од 1942 година. Во својата кариера во Федералното биро за истраги започнува од основните позиции и стигнува до заманик во Бирото. По предавањето на материјалите и по отварањето на аферата Вотергајт тој работи како втор човек во ФБИ. Во 1980 година парично е казнет заради издавање на наредба за влез во домовите на луѓето вмешани во аферта Вотергејт. Но во 1980 година, тогашниот американски претседател Роналд Реган го помилува, и со тоа му се укинува пресудата. По ова Марк Фелт е слободен човек.

Оставете коментар

коментар(и)