Награда од 200 милиони долари на укажувач од Дојче Банк

Пишува: Горан Лефков

Октомври 2021 година, во историјата на укажувањето е запишан како месец во кој е исплатена најголемата награда на еден свиркач. Тоа е анонимен директор на Дојче банк, кој на US Commodity Futures Trading Commission (CFTC) или Комисија за тргување на стокови берзи и посочил на проневери тешки милијарди долари. CFTC е владина агенција задолжена за заштита на пазарите на стоки и за спроведување на Законот за стоковна размена и сродните регулативи.

Укажувачот во 2015 година на Комисијата им доставил информација, на кој начин се вршела измамата и проневерата на тие 2,5 милијарди долари. Карактеристично за овој случај е што Комисијата за тргување на стоковите берзи во САД, и порано отворила истрага за случајот, но поради недостаток на докази не можела да ја заврши истата. Ова беше спорен момент за членовите на Комисијата за тргување на стоковите берзи, бидејќи укажувачот првично побара награда за доставената информација до Комисијата, но Комисијата го одби, бидејќи не се квалификувал за истата.

Подоцна по жалбата на адвокатсткото друштво Кирби Мекинерне, Комисијата уште еднаш ја разгледала жалбата и одлучила дека на укажувачот му следува награда за доставената информација која ја канализирала целата истрага, а на регулаторите им овозможила брзо завршување на истрагата и ефектуирање на предметот.

Казната што тогаш ја плати Дојче Банк беше 2,5 милијарди долари.

Во истрагата беше вклучена и Британската Комисија за заштита на тргувањето на стоковите берзи бидејќи, централна улога во скандалот за местење на Либор била британската подружница на Дојче Банк.   

Инаку случајот со Дојче банк е дел од можеби најголемата истрага во историјата на финансиските пазари. Во оваа истрага отворена во 2008 година против неколку големи банки кои манипулирале со курсните соодноси на размена на валутите на светските берзи.

Во истата истрага познатата американска банка УБС, беше казнета со 1.5 милијарди евра за манипулирање со Либор. Дојче Банк се надеваше дека ќе успее да се договори со регулагторите да плати 2 милијарди и да го затвори случајот, но тоа на крај не и успеа и мораше да оддели уште дополнителни 500 милиони долари.

Не е ни случајно зошто беше исплатена толку висока награда на еден укажувач. Тој сепак не зеде ниту 10% од вредноста на пеналите кои ги плати Дојче Банк за ова проневера.

Најголемата Германска банка во тој момент се наоѓаше под голем притисок бидејќи од судот имаше наредба да избрка 29 менаџери, а и се закануваше и дополнителна казна заради прекршување на санкциите против Иран.

Случајот со наградата на укажувачот на Дојче Банк треба да биде пример кој во иднина ќе биде мотиватор за идните укажувачи полесно да излезат и да го пријават криминалот во средините каде што работат.

Дополнително во иднина секоја држава треба да си донесе и Фондови кои ќе чуваат пари за да се исплатат укажувачите, но и да се заштитат. Често пати пред се во Балканските земји, укажувачите биваат бркани од работа, деградирани и понижувани. Со овие Фондови треба да се обезбеди финансиска помош за укажувачот додека е без работа, да може да го прехрани своето семејство, но и да живее нормално.

Дополнително по завршувањето на судските спорови, кога ќе се донесе пресудата и казната што треба да ја платат компаниите или поединците, институциите и останатите прекршители на законите, треба процент од сумата што ја плаќаат како казна треба да се префрли како награда за укажувачот.

Со оваа укажувачите нема да се најдат во искушенија дали, ако им бидат понудени суми на пари од страна на прекршителите, да ги земат. Доколку има фонд за оваа намена и закон со кој на нив им следува процент, тие ќе бидат помотивирани докрај да одат во откривањето на прекршителите на законите.

Оставете коментар

коментар(и)