Над 16000 граѓани учествуваа во проектот „Македонија без отпад 2016“

Досега најуспешната акција за чистење на Македонија беше огранизирана викендов од „Ајде Македонија“ во која учествуваа над 16000 учесници, 70 граѓански организации и над 100 училишта, кои чистеа 156 локации низ земјата во 53 општини.

Националната акција е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“ кој има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот како и справување со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.

Акцијата беше поддржана од Швајцарската агенција за поддршка и развој преку програмата „Цивика Мобилитас“ и компаниите Осигурување Македонија и Еконелектрон. (Б.С)

Оставете коментар

коментар(и)