Нахрани 10.000

Десет градови во Македонија денеска за прв пат ќе земат учество во националната хуманитарната акција  за собирање на храна „Нахрани 10.000“. Акцијата е во организација на мрежата „Сите сити“,  а е подржана од граѓанската иницијатава „Мрдни со прст“. Творец на истата е  Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

Сите граѓани кои сакаат да донираат храна и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно ќе имаат можност тоа да го направат на денешниот настан кој ќе започне во 10 часот и ќе трае до 19 часот.

– Инспирарани од минатогодишниот настан „Нахрани 1.000“ кој го организиравме само во главниот град со пет организации решивме годинава за прв пат да го направиме со овој концепт и со оваа големина  планираме само да го унапредуваме  секој нареден месец – вели Блаже Јосифовски, од асоцијацијата „Ајде Македонијо“.

Семејствата на кои ќе им биде доставена оваа помош се корисниците од „Сите сити“. Во оваа акција се вклучени 30 ораганизации кои имаат различен таргет на корисници и храната која ќе ја соберат од денес ќе биде наменета за нивната целна група.

-Би сакале да создадеме редовност . Добро би било оние кои сакаат да донираат да знаат дека еднаш во месецот имаат како да го сторат тоа. Понатаму може да се направат и најразлични други активности кои би биле фокусирани од една страна за подигнување на свеста околунедостигот на храна, а од друга страна и начини за спасување на храна – додава Јосифовски.

Меѓу 30-те граѓански организации кои земаа учество е и „Љубезност“.

-Нашето здружение има активности во овој правец, односно собира донации за бездомните и социјално загрозените семејства. Како и лани на „Нахрани 1.000“ така и сеа сме дел од пунктот кој е поставен во „Веро Џамбо“ заедно со ХОПС – Опции за здрав живот – вели Тони Станковски.

Сите иницијативи вклучени во оваа акција работат на подобрување на концептот и се надеваат дека со добра соработка од граѓаните ваквиот хуманитарен чин ќе продолжи и понатаму и ќе се прошири во сите градови во Македонија.

Центарот за истражувачко новинарство – СКУП ја поддржи оваа акција.

Т.Ц.

Оставете коментар

коментар(и)