НА ЗБОР СИТЕ СЕ ЗА ЖЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА, А ПОЛИТИКАТА Е БЕЗ ЖЕНИ

Четирите најголеми политички партии во Северна Македонија, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците и за овие локални избори заборавија на жените. На кандидатските листи во огромен број пак доминираат мажи.

Исланд е пример и за развиена Европа. Во тамошниот парламент од 63 пратеници дури 33 се жени.

И покрај бројните прокламации жените по македонската политика, оже да се констатира, и натаму се маргинализирани. Првиот параметар може да биидат управувачките функции. Генмерално тие во општеството сеуште се далеку од нив. А и тие што ги има, наликува се замо за да ја „ пополнат“ бројката. Кај нас жените се уште се на „недобитни“ позиции од кои  не можат да се задовплат најелементарните декларативни заложби. Од осамостојувањето до денес се уше ги нема на врвните државни функции. Немало жена претседател, немаме жена премиер, ниту пак жена претседател на Собранието.

Едно се декларативните  заложби, а сосема е поинаку во праксата.

И, за годинешниве локални избори, состојбата е катастрофална. Податоците на листите на сајтот на ДИК говорат дека се запишани 301 кандидат за градоначалник од кои само 25 се жени или само  8.3 проценти, а наспроти мажите кои и на овие избори доминираат на листите со дури со над околу 91%. 

Иако декларативно, сите велат дека жените треба да се рамноправно застапени, во пракса тоа не е така. И премиерот Заев, кој воедно е и лидер на владејачката СДСМ вели дека на овие избори на изборните листи приоритет ќе се дава на жените, неговата СДСМ има кандидирано помалку од 10 проценти на жените кандидатки за градоначалници, односно од вкупно 69 кандидати само 5 се жени и тоа во помалите општини, во Арачиново, Петровец, Могила, Македонска Каменица и Старо Нагоричане.

Значи, едно се вербалните заложби, а сосема е поинаку во праксата. За состојбата „на теренот“ зборуваат фактите искажани низ бројки. А еве го вербалното:

Зоран Заев, пресртедал на СДСМ:

„Кога се залагаме и кога градиме услови за еднакво и рамноправно учество на жените, всушност градиме подобар свет за сите. Јас повеќе пати сум рекол, и еве ќе повторам и сега: Во овие услови кога мажите се сѐ уште во многу поголем број носители на функции и на одлуки, исклучително е важна нашата улога, улогата на мажите, во подобрување на системот и нашето отворено делување за поголема родова рамноправност. Да покажеме дека ова не е само женска борба. Ова е борба која треба да биде поддржана од сите прогресивни луѓе. Правата немаат род, а различностите од секаков аспект, па и родов, го прават општеството поправедно и похумано. Сум соработувал и соработувам со многу колешки, жени кои по правило покажуваат исклучителна трудољубивост и одговорност, и исклучителна посветеност во извршување на своите обврски“.

Насилството врз жените е се`поголемо и во политиката.

Катастрофално е и во опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму имаат поднесено кандидатури за 63 општини, а предложиле само 3 жени и тоа во општина Центар, Крушево и Берово.

Партијата дава подршка и на независната кандидатска за град Скопје но тоа ниту од далеку не е доволно наспроти прокламациите за еднава родова застапеност и во политиката.

Оваа политичка партија за листите на советници има 46 % жени, што е сепак за поздравување.

За неповолната полова структура на партиските листи за овие локални избори укажуваат дури и од смата партија која всушност е креатор на кадровската политика.

Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ:

„Процентуалната застапеност на жените на овие локални избори навистина загрижува, вели Нашите закони не предвидуваат квота за кандидирање на жени градоначалнички, како што тоа е случај со советничките листи. И тука ние како политички партии тоа мораме задолжително да го почитуваме и дури бројот е поголем. Ако обврската е 40 проценти, вкупната застапеност е 46 проценти. Но тоа што во законите нема афирмативна мерка за жени кандидатски за градоначалнички не треба нас политичките партии да не ослободува од обврската да се бориме за поголема родова застапеност. И фактот што жените се помалку се вклучуваат во изборна трка говори дека работите во општеството бавно се менуваат“.

Митева уште додава дека има две причини за тоа. Прво, поради само декларативната заложба за активно вклучување на жените во политиката и второ, поради фактот што нашата практика покажува дека во политиката насилството врз жените е се поголемо. Сепак, таа се пофали дека  некзината политичка  партија на овие избори на советничките листи има најголем број кандидати жени и дополнува:

„Како жена сум исклучително горда на ВМРО-ДПМНЕ што во минатото имаше кандидат за претседател на Република Македонија и што во моментот поддржуваме независен кандидат – жена за градоначалник на градот Скопје. Се согласувам дека не е доволно, се согласувам дека треба уште повеќе но мораме да се согласите сите дека е доволен показател и чекор напред за вистинската заложба која што ја имаме за жените. ВМРО-ДПМНЕ има три кандидатки за градоначалник и ја поддржуваме и кандидатката за градоначалник на градот Скопје“.

Помалите политчки партии поцивилизирани во однос на родовата еднаквост.

Што се однесува до другите покрупни политички партии, ДУИ има 19 кандидати за градоначалници и само една жена и поради малиот број кандидатури нивниот процент на застапеност на жените е околу 5 проценти .Теута Арифи од партијата на Али Ахмети по трет пат последователно ќе се бори за градоначалничката позиција во Тетово.

Кај опзициските партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, а исто така и од Беса која е во власта во коалиција со СДСМ и ДУИ, немаат кандидирано ниту една жена за градоначалник. На темава оттаму и не сакаат да зборуваат.

Но затоа, образот, ако може така да се каже, го обелуваат помалите политички партии.

Така, партија со најмногу застапени жени за градоначалнички позиции е коалицијата на ЛДП и ДОМ, „Одлучно за промени“. Од таму велат дека од 18 кандидати 30% се жени:

Маја Морачанин, претседателка на ДОМ:

„Нивната позиција внатре во партиите, кога зборувам за партиите, кај нас во Македонија има само две претседателки на партии, останатите се мажи, и генерално во тие извршни и централни одбори на партиите се мажи. Она што е многу важно е што нашето општество сеуште е многу патријархално, традиционално и сеуште политиката се смета за машка работа, машка професија“.

Според податоците на UN Women, од 133 земји, учеството на жените во локалната власт на светско ниво е 36%. Само 2 земји имаат над 50%, додека 18% од земјите се со учество на жените над 40%.

 Малата Могила го обелува образот, мнозинството кандидати се кандидатки.

Според индексот на UN Woman, во 2020 година, Северна Македонија сепак може да се пофали дека е на високото 22 место во светот со 48 жени од 120 пратеници во Парламентот. Додека според бројот на жени во Владата паѓаме на 84 место со само 5 жени од 23 министерски столчиња, или на 22%.

Како позитивен пример е Битолската Општина Могила. Таму има 3 кандидати, всушност кандидат и кандидатки. Две жени се во трката за градоначалник, дносно, во случајов, за градоначалнички. Тоа е единствената општина во земјата каде што од тројца кандидати, за првата функција во општината повеќето од претедентите се кандидатки.

Но оваа мала општина е само исклучокот. За дел од причините за малата застапеност  на жените во политиката, претседателката на ДОМ дообјаснува:

„Оној говор на омраза, дискриминацијата кон жените, сексизам, шовинизам, кои се присутни во јавноста, тоа е форма на насилство врз жените, ги обесхрабрува жените активно да се вклучат во политичкиот живот“.

Таа смета дека и жените се само кампањски организирани. Форуми на жени, Унии на жени кои ги има во партиите, а речиси и да нема политичка партија која нема ваква организација, дека треба да бидат финансирани независно од буџетот:

Партиите добиваме одреден процент сретства од буџетот кој е наменет за партиското функционирање и од тој буџет се одвојуваат пари за финансирање и на партиските форумот на жени, на младинските организации и т.н. Сметам дека  форумите на жени и младинските организации треба да имаат сопствени сметки и на тие сметки, да им се префрлаат пари дирекно од буџетот.

Состојбата со присуството и со учеството на жените во политиката во Европа е далеку понапредна. ПредничиИсланд каде што во тамошниот парламенмт мнозинство жени. Оваа држава стана прва земја во Европа во која има повеќе жени отколку мажи во парламентот. Од 63 места во законодавниот дом 33 се жени односно 52 посто застапеност.

Исландскиот пример зборува за степенот на општата, а со тоа и на политичката култура во  таа земја и е добар пример и за нашата и за сите каде што процентот на жените во политиката, наспроти декларативните заложби. е на незавино ниво.

Автори: Виктор Иваноски и Дарин Поповски– млади новинари, волонтери во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)