НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЌЕ БИДАТ ПОПРИСУТНИ ВО МЕДИУМИТЕ

„Стандарди за добро управување во јавната администрација“ е темата на дводневната обука која се одржува во хотел СКАРДУС на Попова Шапка. Обуката е во рамките на проектот “Следење на принципите на јавната администрација во зачувувањето на вредностите на доброто управување”, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за управување со промени (ЦУП), Агенцијата за менаџмент консалтинг МКА 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија. Учесници на обуката се членови на невладини организации од полошкиот регион, кои добија грантови за следење на принципите на добро владеење на локалната власт.

“Идејата на проектот е да се помогне на невладините организации да разберат што значи јавна администрација, која е улогата на јавната администрација во развој на демократија во развој на добро управување и како тоа придонесува за добар живот на луѓето во државата. Целна група ни се млади, нови невладините организации кои изразиле желба и намера дека ќе се занимаваат со следење на јавна администрација. Ќе учат за тоа како функционира јавната администрација за да можат полесно да разберат и осознаат каде се грешките што се прават, да можат да видат кои се други добри пракси, да се идентификуваат држави, начини и практики кои овозможуваат ефикасна и ефективна администрација. Да научат како се прави мониторинг и евалуација на работењето, кои се тие методи коишто треба да се користат за следење на јавна администрација, кои се изворите на информации, кои се индикаторите кои можат да им укажат дали се остваруваат оние планови коишто ги презентираат општините, локалната самоуправа, централната влада и како можат да придонесат кон позитивни промени.” вели предавачот и експрт по јавна администрација, Влатко Данилов.

Експертот по односи со јавност Зоран Иванов вели дека во рамките на оваа дводневна обука за стандарди за добро управување во јавната администрација една од темите е посветена на невладините организации и односи со јавноста.

“Целта на оваа обука е невладините активисти да ја афирмирааат својата работа во пошироката јавност и на тој начин да влијаат во градење на свеста на граѓаните за нивните активности кои главно се состојат од проекти од социјален карактер, за ранливи групи население,образовни активности за деца и младинци и слични теми кои се однесуваат на целата структура на населението. Во пракса невладините организации наидуваат на затворени медиуми, на редакции кои не се заинтересирани за нивните активности поради, како што и самите велат, доминантноста на дневната политика во сите сегменти на информативното новинарство. Целта на обуката е на активностите во НВО да им се предочат основните алатки на новинарската професија и на односите со јавноста и преку нив да се оспособат за позасилена интеракција со јавните медиуми, а со тоа и афирмација на нивните активности”, додава Иванов.

Обуката на Попова Шапка, на НВО од пелагонискиот регион е првата од седумте идентични обуки кои до средината на октомври ќе опфатат уште други шест региони во Република Македонија.

Оставете коментар

коментар(и)