Неопходна е измена во именувањето на членовите од управните и надзорните одбори

Државата на годишно ниво троши околу два милиони евра за надоместоци на членовите на управните и надзорните одбори. Ова го утврди анализата на именувани и избрани лица во Р.Македонија која ја направи Центарот за управување со промени во рамките на проектот „Следење на административна правда“

Сакавме да отвориме дебата за начинот и критериумот на кој овие лица се избираат и се именуваат во јавната администрација. Податоците кои што ги добивме укажуваат на тоа дека критериумите се прилично слаби и некаде недоволно прецизирани и дека во принцип овие лица се именувани како политички функции во државата“ вели Неда Малеска Сачмароска, извршен директор на Центарот за управување со промени.

Истражувањето покажува дека 505 институции во јавниот сектор имаат вакви тела на раководење и управување, а вкупниот број на именувани и избрани лица изнесува 12.275.

„Анализата е опсежна, детална и апсолутно се согласувам со сите нејзини главни поенти. Но, за жал таа е само почеток на тешка и макотрпна работа после која треба да се сменат другите работи во државата. За да се адресираат проблемите и наодите од оваа анализа потребно е да се сменат голем број на закони“ изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Промоцијата на анализата се оддржа во ресторанот Воденица Мулино.

Оставете коментар

коментар(и)