Новинарска работилница: Судовите да се отворат за јавноста

Новинарите се експоненти на јавноста, неа и служат и работат само во нејзин интерес, а јавноста има право да знае. Ова синтагма доминираше и во анализите на новинарската работилница посветена на судската практика и на отвореноста на судовите за медиумите.

Во дебатата учествуваа новинари од повеќе телевизиски и портал редакции и адвокати. Во отсуство на претставници од судовите, организаторите, Здружението на новинарите на Македонија, порталот за судска практика „Сведок“ и невладината „Коалиција за праведно судење“, презентираа свои искуства од следењето на работата на македонските судови и на судските процеси. Побарано е судовите да бидат пофлексибилни спрема новинарите, своеволно да не ја ограничуваат работата на медиумите и со неаргументирани изговори да не ги затвораат рочиштата за јавноста, особено оние за кои владее нагласен интерес.

Драган Секуловски, директорот на ЗНМ: „Слободата на информирање е неприкосновено право и таа обврска важи и за судовите. Одговорните во судскиот систем особено треба да имаат предвид дека и новинарите од порталите се рамноправни субјекти со колегите од традиционалните медиуми и дека информирањето преку интернетот веќе станува доминантна форма за информирање на јавноста. Но токму известувачите од порталите најтешко доаѓаат до дозволи за следење на судските рочишта“.

Саше Димевски, портал „Сведок“: „Кога новинарите следат за јавноста атрактивни судски процеси, а таквите во блиското минато и сега ги има прилично, и кога се изнесуваат посебни истражни мерки или кога станува збор за исказ на заштитен сведок, вратите на судниците се затвораат за новинарите. Оттука и дилемата за тоа кого и или што заштитуваат судиите? Ако се сака да се заштити ликот на сведокот, за тоа има посебни технички алатки за криење на идентитетот. Но кога станува збор за исказот на заштитениот сведок, тогаш исклучувањето на јавноста од содржината на таквиот исказ е непримерна. Затоа за ова треба да се изјасни и законодавецот кој треба да дефинира подемократски формулации за кои основите се во уставот“.

Натали Петровска, коалиција „Сите за правично судење“: Искуствата од македонските судови е дека транспарентноста која е гарантирана и со устав, е на мошне ниско ниво. Особено по инсталирањето на нови софтверски интегрирани решенија за ажурирање на судските веб страници. Сега прегледноста на судските предмети и на судските одлуки се повеќе задскриени отколку јавни. Централизираниот систем кој ги обединува судовите во делот за информирањето за судските одлуки ги направи судовите понетранспарентни и тука нешто треба брзо да се менува. Особено е парадокс кога за предмети за кои има голем јавен интерес, судовите се уште позатворени.“

На работилницата – трибина во скопскиот хотел „Бест Вестерн“ подржана од програмата „Цивика Мобилитас“, беа изнесени податоци за се` понетранспарентноста на одделни судови во земјава. Карактеристични се скопските еден и два и тетовскиот суд. Така, додека во периодот јануари – март 2017 година на порталот на скопска единица се објавени 33, на скопска двојка 23 предмети, а во тетовскиот суд само 6, битолскиот суд објавил 465, а струмичкиот 355 судски предмети.

Оставете коментар

коментар(и)