Јавните обвинители во Основното јавно обвинителство Скопје функционираат без фиксни телефони, а причината за тоа е што се сомневаат дека биле прислушкувани. Во ова обвинителство е отворена постапка која трае подолго време со цел да се испита дали нивните фиксни телефони биле прислушкувани, како и телефоните во другите обвинителства кои се сместени во истата десеткатна зграда во центарот на Скопје.
„Не само Основното јавно обвинителство, туку и целата обвинителска зграда во која влегуваат покрај Основното јавно обвинителство Скопје и Вишото јавно обвинителство Скопје, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија немаат фиксна телефонија. Кога изби таа афера за сомнежи дека обвинителите се прислушкувани, и кога беше стопирана работата на телефонската централа, се оформи предмет во ова обвинителство и се уште се истражува. Предметот е во предистражна постапка. Јавниот обвиител кој постапува по тој предмет, интензивно го работи. Има обезбедено голем број на вербални докази и има испитано голем број на сведоци, од почетокот на набаваката на централата, од Комисијата за јавни набавки до лица кои имале контакт во поглед на одржување на таа телефонска централа до раководни лица во ова обвинителство“, вели за СКУП, Сашо Рајчев, основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
Тој појаснува дека предметот се води неколку години, а сега се одолговлекува и поради короната. Според него предметот е обемен.
„Воедно се правеше и анализа или вештачење во поглед на таа телефонска централа. Следат уште кратки истражни дејствија. Во корона криза сме. Голем број од обвинителите како и сите граѓани поради лична заразеност или членови на смејеството беше реудицрано и на некој начин е забавена работата како и во сите сфери од општеството. Во интерес на сите обвинители е затоа што ако имало прислушкување, таргет сме биле ние. Пред се е нашиот интерес, тој предмет да биде одлучен на законит начин врз основа на сите докази во предистражната постапка, но и во интерес на јавноста. Верувајте обемен и тежок е предметот. Централата има голем број фолдери, локали, станува зор за цела зграда со 10 ката, има голем број локали. Треба да се анализира локал по локал, а капацитетот на обвинителство е под секое стандардно ниво. Немаме лича доставна служба. Се губат месеци. Анализата на ја прават наши лица, туку надворешни“, појаснува Рајчев. Тој и другите обвинители функционираат со мобилни телефони.
Рајчев оценува дека биле фрапирани кога дознале за прислушкуваето, иако не сака да образложи во детали како дошле до таквите сознанија.
„Кога инстиурцијата која треба да биде столб во кривично правниот систем и кој ги гони сторителите на кривични дела, кој е оперативен орган, кој што на дневна основа ги обезбедува доказите, за голем број предистраги, истраги, комуникација со МВР, Управа за финансиска полиција, Царинска управа, комуникација со судот, кога таква една институција постои сомнеж дека е прислушкувана, фрапантно е. Фрапантноста е поголема и професионално. Кога професионалци кои се борат против криминалот се прислушкувани, значи апсолутно е недопустливо во ниедна демократска држава да има прислушкување, посебно незаконито, посебно во институција која треба да се бори против таквите незаконски дејствија во општеството“, додава тој. Рајчев за СКУП потврди дека имале сомнежи и дека имало прислушкување и во судовите, но овие информации потоа не се потврдиле како точни.