ОГЛАС ЗА РАБОТА ВО СКУП МАКЕДОНИЈА

ОГЛАС ЗА РАБОТА

 

 

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија има потреба од еден административно финансиски менаџер.

Работното место е на определено време, со можност за продолжување.

Кандидатот треба да има искуство во водење проекти поддржани од Европската унија, што подразбира добро познавање на регулативите од ПРАГ

Покрај ова, предност ќе имаат кандидатите кои имаат професионално познавање од:

-Изработка на финансиски извештаи

-Работата со програмите Ворд, Ексел и Акробат

-Електронско банкарство

-Позитивните законски прописи

-Смисла за организација и тимска работа

-Амбиција за постојан напредок бидејќи СКУП нуди можност да се стигне до највисоките позиции во организацијата

 

Корисно е кандидатите да имаат препораки кои можат да се проверат. Знаењето ќе биде проверено во текот на интервјуто.

Плата: 500 евра

CV да се прати на aleksandar@scoop.mk

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Огласот трае до 22 февруари.

Оставете коментар

коментар(и)