Одборниците се луксузираат, претпријатијата немаат за плати и за нова механицазија

Зима 2015. Сликата во Македонија беше идилична. Земјата завеана, патиштата непроодни, а многу населби отсечени. Јавното претпријатие Македонија пат нема пари да ја обнови механизацијата, но затоа има за да дели пари на прекубројниот управен одбор.

Имено, во контролното тело на оваа јавно претпријатие седат 13 члена што е незаконски.

Членови на Управен одбор на Македонија пат.

  Користејќи го законското право за слободен пристап до информации од јавен карактер, СКУП Македонија дојде до податоци за незаконско членување во управните одбори на некои претпријатија, како продолжение на претходното истражување, кое покажа како одборниците заработуваат и плати и хонорари. Според член 21 од Статутот на ЈП Македонијапат бројот на членовите треба да биде 5.   clen 21 Ова за правниците е незаконски. borce davitkovski „Членувањето на повеќе членови во Управен одбор, од тоа што е пропишано во Статутот на компанијата е спротивно на законот. Ако во статутот е предвидено да има 5 члена, мора да има 5 члена. Сите одлуки кои ги носат членовите на Управниот одбор на Македонија пат се невалидни бидејќи се спротивни на статутот на претпријатието“, вели Борче Давитковски, декан на Правниот факултет Јустинијан први од Скопје. Го побаравме и директорот на ЈП Македонија пат Гајур Кадриу, но тој не се одзва на нашите повици.

 

 

За вработените нема место во Македонија пат, а за членовите на управните одбори има

 

 

Во 2013 година Во Македонија пат, тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, врши рационализација на работењето на компанијата, каде од штипската подружница распределија 48 работници во другите институции како затворот во Штип или некои општински јавни претпријатија. „Изговор на тогашниот министер за транспорти и врски, Миле Јанакиески беше дека ќе се прави реорганизација на фирмата и ќе се намалуваат вработени. Но од тоа нема никакви ефекти. Имаме 13 машини за чистење на патиштата. Најновото возило е набавено во 1992 или 1993 година, а во 2002 година имаше јапонска донација на некое возило и тоа е се“, вели наш извор од Македонија пат, кој сакаше да остане анонимен. Нашиот извор се сомнева во способноста на фирмата да ги извршува своите функции. И додека за работниците нема пари, членовите на Управниот одбор редовно си земаат по 58.800 денари годишен паушал по член, според документите кои ни ги достави Македонија пат, по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За 8 членови, колку што се вишок во УО на Македонија пат, годишно незаконски се одлеале 470.000 денари или нешто помалку од 7.000 евра. За 5 години (за колку што имаме податоци) од касата на ова претпријатие се одлеале незаконски околу 35.000 евра во џебовите на членовите на управниот одбор. Со тие пари, Македонија пат може да набави едно возило и поефикасно да го чисти снегот во зима.   Членови на Управниот одбор наплатиле над 3.400 евра за патни трошоци     Законот  за користење на сопствено возило за службени потреби добро го користат Ќани Јонузи, Фуад Исламовски, Димче Балески и Тасим Асани. Тие само во 2014 година наплатиле над 200.000 денари (скоро 3.500 евра), а рекордер во наплатените пари е Тодор Илиев, член на Надзорниот одбор.     

Според македонските закони,  на лице кое извршува службени потреби со сопсвено возило му следува надоместок во висина од 30% од литар бензин за секој изминат километар.

Според ова формула во изминатите 5 години, функционерита наплаќале од 20 до 30 денари (во зависност од цената на горивото), а нивниот реален трошок би бил не повеќе од 6 денари за секој изминат километар.

 

Премногу членови и во Одборот на директори на Телеком

 

Многу „директори“ има и во Одборот на директори на Македонски Телекумуникации АД Скопје. Според податоците кои ни беа доставени во јуни од страна на оваа компанија во Одборот на директори (Управен одбор) членуваат 13 членови, а од oктомври треба во Бордот да влезе и Владимир Здравев, поранешен директор на МЕПСО.

Членови на Одбор на директори

 

 

Оваа владина одлука се коси со акционерскиот договор за продажба на Македонски Телекумуникации АД Скопје, што го има потпишано Никола Груевски, во 2001 година, како тогашен министер за финансии.

Во членот 4 став 2, се наведува дека Одборот на директори да биде составен не помалку од 5 и не повеќе од 10 члена.

Акционерскиот договор има поголема правна сила од статутот на компанијата. Доколку сега има 14 члена, тогаш треба да се промени акционерскиот договор“, вели Борче Давитковски.

Тој се сеќава дека од 2002 до 2004 година во Телеком имало 10 члена во Бордот на директори.

Јас бев претседател на Бордот на директори на Телеком од 2002 до 2004 година и тогаш имавме 10 члена. Поголем дел од нив или 6 члена беа од Акционерите во Маџар и Дојче Телеком, Оте и компанијата на Џорџ Сорос, бидејќи и тие имаат акции во Дојче и Маџар Телеком. Македонци бевме четири лица“, додава Давитковски.

Дали во меѓувреме е променет акционерскиот договор на Македонски Телекумуникации АД не можевме да потврдиме, бидејќи од Компанијата не ни го дадоа статутот, а на нивната веб страница, го нема статутот, а на негово место само е напишано, кои сфери треба да ги регулира овој документ.

(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Подигнување на јавната свест против корупција преку истражувачко новинарство”.)

Оставете коментар

коментар(и)