ОРГАНИЗАЦИИТЕ СЕ ЗДОБИВААТ СО ВЕШТИНИ ЗА НАБЛУДУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ОПШТИНИТЕ

“Стандарди за добро управување во јавната администрација” е втората од седумте дводневни сесии за претставници на НВО од сите региони во Република Македонија. Денеска заврши дводневната работилница во хотелот “Етно село” крај Куманово, каде учесниците на обуката се запознаваа со СИГМА принципите и стратегиските рамки за реформи во јавната администрација, управувањето со кадровските ресурси и со јавните финансии.
На уцениците на обуката им беа презентирани и техники, вештини и алатки за односи со јавноста и за комуникацијата на активистите на граѓанските организации со медиумите а во функција на афирмација на резултатите од нивните активности.
Набљудување преку СИГМА стандарди на локално ниво и ПР техники се вештини со кои ќе се здобија членовите на R.C.C DROM, Љинда од Куманово и JEF Macedonia на дводневната обука во Етно село – кумановско.
Невладините организации рекоа дека во иднина ќе ги користат стекнатите вештини во набљудување и следење на работата на локалната власт, како дел од процесот на регрантирање кој го овозможува проектот.
Настанот е дел од серијата обуки од проектот “Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на добро управување” кој е финансиран од Европската унија” а го спроведуваат Центарот за управување со промени, Management Consulting Association “MCA-2000” и Center for Investigative Journalism SCOOP-Macedonia.
Наредната сесија ќе се одржи во Берово за претставници на НВО од источниот регион на земјата.

А.П.

Оставете коментар

коментар(и)