Отворен Истражувачкиот филмски фестивал во Скопје

Документарниот филм „Дрисла: Не смрди само ѓубрето“ во продукција на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија ќе се емитува денеска, со почеток во 17.30 часот во Кино Култура во Скопје. Филмот се емитува во рамките на Истражувачкиот филмски фестивал, кој е во организација на Платформата за истражувачкото новинарство и анализи и партнерите ФЕС, а се одржува втора година по ред. На фестивалот ќе се прикажуваат и други документарни странски и домашни филмови, а присутните ќе имаат можност и да учествуваат и на серијата дебати и работилници на различни теми поврзани со новинарството на кои ќе учествуваат домашни и странски гости.

Фестивалот беше отворен вчера, а ќе трае три дена. За второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал –Скопје ќе ја разгледува темата за ,,Лажни вести”.

,,Мислам дека е многу  важно да имаме  време и простор  во кој што малку ќе земеме одишка од секојдневното брзо живеење. Да видиме со што сме опкружени, што е нашата реалност и на крајот на денот, не општата реалоност, туку реалност од нашата професија и како ние влијаеме на истата и како можеме  да имаме директно учество во креирањето на таа реалност„, ни изјави Ана Трпческа модератор на Истражувачкиот филмски фестивал.

Ѓ.Ч.

Оставете коментар

коментар(и)