ОХРИД УРБАНО ДИВЕЕ – НА ИСПИТ Е УНЕСКО

Хаотично се градат секакви објекти за кои претходно не е решена ниту инфраструктурата што е директна опасност од одлевање на одводните, па и на фекалните води во самото езеро.

Георгиевски: Проблемот е многу сложен и бара институционален пристап на ниво на држава.

Крстановски: Човекот е дел од приородата, но еве токму човекот не ги почитува природните законитости.

Насловот, секако, е пародичен. Потребна му е инверзија во смисла: „Охрид е на испит пред УНЕСКО, а не УНЕСКО пред Охрид.

Но, каква е актуелната ситуација со дивоградбите во Охрид, предупредувањата од УНЕСКО дека ако ваквата урбанизација продолжи градот ќе ја изгуби довербата на меѓународно заштитен град, е мошне извесна. За темава, репорерот на СКУП стапна во Охрид. Во овој напис, неколку потсетувања за градот, неколку прашања за надлежните и загрижените и неколку новинарски констатации:

Охрид, главната туристичка дестинација во Република Северна Македонија, градот на УНЕСКО постојано привлекува илјадници домашни и странски туристи. Секао, како и на секаде во светот, во овие услови на светска пандемија предизвикасна од Ковид 19, туристичкото „движење“ е драстично намалено. Па сепак, изминатото лето, на пример, како ретко кога, токму и пореади пандемијата и затворените граници пред се со соседна Грција, во Охрид се бараше место плус но до место во месеците јули и авгист, практичнио и не  можеше да се дојде.

Но приказната за овој туристички Охрид е затемнета, замаглена со напливот на урбаниот хаос на градот под зашита на меѓународната институција за чување културните наследсва за идните  генерации. Охрид, токму поради  урбаното дивеење е сега под строга контрола и надзор на оваа влијателна институција. И со добиена директна задача да се справи со дивоградбите и да ја регулира урбанизацијата. Сето во согласност со барањата поврзани со заштитата на градот како истроиско културно добро, како град наречен „Мал Ерусалим“, град со 360 цркви, со најстариот словенски манастир „Свети Пантелејмон“ и со осумстотини икони распослани по  бројните цркви и манастири. И град со најстариот словенски манастир „Свети Пантелејмон“ и со осумстотини икони распослани по  бројните цркви и манастири, со Самоиловата тврдина, со уникатниот занаетски „Охридски бисер“. Езеро со ендемски езерски свет. Ова богатсво, меѓутоа, за многумина моќници како  да не значи ништо. Ништо за оние на кои поважни од се им се парите, профиторт и кои сето го доведува во опасна непоправлива состојба.

Константин Георгиевски е актуелен градоначалник на Охрид, за СКУП вели:

„Сосотојбата со дивоградбите во градот е фрапантна. Повеќето се изградени до 2011-та година. Државата тогаш, со Законот за легалиозација, се обидела да ги стави во некаква правна рамка, но на терен сликата покажува едена дефункционалност на еден цел систем во годините наназад. Ова  не може да се реши само со еден закон и затоа ефектите од тој закон се скоро никави“.

Од таканаречените „сомнителни“ барања за нови објектии во градот, скоро четиристотини се во кртајбрежниот појас. Опшштинските урбани власи засега одбиле околу четириесетина, а над триста и педест чекаат на одобрување. Урбано загрозен е и Националниот парк, планината Галичиза над самиот Охрид. Таму од околу две илјади и триста објекти, за легализација се одбиени триесет и шест. Четиристотини и триесет и седум се одбиени, а на легализација чекаат дури илјада и осумстотини и педесет објекти.

За последиците, за СКУП, Д-р  Здравко Крстановски, поранешен директор на хидробиолошкиот завод во Охрид:

„Човекот е дел од приородата, но еве токму човекот не ги почитува природните законитости. Хаотично се градат секакви објекти за кои претходно не е решена ниту инфраструктурата што е директна опасност од одлевање на одводните, па и на фекалните води во самото езеро. Тоа е катастрофално по целиот жив свет на езерото. Додатно на ова, самите дивоградби посебно, го спречуваат и движењето на воздухот од езерото према градот и обратно што, заедно со густиот сообраќај, практично го  задушува градот“.

Во Охрид пролетоска, летово и до доцна оваа есен, како „жртви“ на прокламираната заштита на градот од урбаното дивеење во строгиот центар на градот, паднаа и неколклу платформи бесправно подигнати на брегот и над самото езеро кои служеа како дополнителен просотр за гостите на кафулињата и рестораните во стариот град а, некои од нив и на популарните охриски плажи.

Константин Георгиевски:

„Проблемот е многу сложен и бара институционален пристап на ниво на држава. Недозволиво е, кога една третина од општината е под јурисдикција на државниот градежен инспекторат, оваа државна институција во градот да нема ни своја канцеларија. А всушност потребна е тесна соработка со институциите на джавата како со пазарната инспекција, со Управата за јавни приходи, со Државниот градежен инспекторат“.

Несинхронизираноста на централната со локалната власт на некој начин ја потврдува и министерот за Транспорт и врски Благој Бочварски:

„Локалната самоуправа на Охрид го започна процестот за уривање на дел од дивоградбите и добро е што има волја градот урбано да се потсреди и да не дозволиме да го загрозиме приматот на Охрид како град на УНЕСКО. Во таа насока имаме контакти со локалната самоуправа со надеж дека тоа нема да се случи и дека градот ќе го задржи стаусот на оваа престижна организацоија на ООН“.

Охрид пред се, но и Република Северна Македонија во целост, се на тежок испит да го одбранат Охрид како заштитен град на УНЕСКО. Ќе успеат во тоа или ќе бидат поразени како Црна Гора и нејзиниот Котор, приморскиот бисер на југот на Јадранското море кое остана без заштита на УНЕСКО „благодарејќи“ на алчноста на тамошната „урбана мафија“, не ќе чекаме предолго.

Автор: Дарин Поповски-млад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)