О Г Л А С за пријавуање на практиканти/волонтери од областа на новинарството

Здружение-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА Скопје, објавува:

 

                                                         О Г Л А С

                          за пријавување на практиканти волонтери

                                     од областа на новинарството

 

 

Здружението-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА Скопје, има потреба од двајца практиканти/волонтери од областа на новинарството ( пишување на информативни содржини, вести,извештаи, стории, колумни исл.)

Огласот ќе трае во период од 15.08.2016-31.08.2016 година, со тоа што избраните кандитати би почнале со практиканството/волонтерството од 01.09.2016 година до 30.09.2016 година, со можност за продолжување на подолг период за работа на проект.

Пријавените кандидати треба да имаат завршено најмалку средно образование- ССС или факултет-ВСС, а предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено студии по новинарство, или се уште студираат во наведената област.

За почетниот период од практикантската/волонтерска работа, не е предвиден никаков надомест.

 

Ги молиме сите заинтересирани кандидати, своите апликации во форма на кратка биографија ( CV ) да ги доставите на следниов                                     e-mail: info@scoop.mk, или на следнава адреса Ул. 11 Октомври, Бр.30 1-1/2, 1000 Скопје.

За дополнителни информации , ве молиме обратете се на истата e-mail адреса или на тел. 070308596.

Оставете коментар

коментар(и)