ПАНДЕМИЈАТА НА ВРАТА – ДРЖАВАТА ЗАД ВРАТА

Или, како земјава се справуваше и се справува со Ковид 19 пандемијата?

Затвореноста на минституциите, пред се на здрабвствените и на здравсвените власи се детектирани како  еден од основните генератори за не до крај ефикасното и ефектно справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид 19. Посебно поради фактот што многумина здравствени работници, луѓе со ислкуство, докажани професионалци во микробиологијата и вирусологијата, како и дтуги експерти докажани менаџери во кризни ситуации, дрѓавните институции ги оставија надвор од „играта“ од дневнбите и глобалните планови за соравувања со пандемијата.

Последиците се поразителните бројки на  масовната инфекција и енормно големиот број починсти грашани токму од овој вирус. Секако, за смртноста причината  лежи и во  фактот што најголемиот број однив, според здравствените статистики, имале и други хронечни болести кои директно влијаат таквите паценти да бидат  нај ризичната Ковид група.

Па сепак. Македонската Ковид сотојба регистрира талкање по болници, погрешни дијагнози, отсуство на протоколи, висока смртност, се дел од состобите регистрирани во досегашните процесо во справување со пандекијата од вирусот Ковид-19.

Новинарскиот и стражувачки тим на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија состојбата со пандемијата и однесувањето на институциите  во врска со справувањето со ковид состојбите ги следи од почеток на оваа здравствена криза. Службените оценки на владата  се дека државата успешно се справува со кризата. Се разбира, таа „успешност“ ја детермина со севкупните домашни и меѓународни околкости. Со реалните проблеми на почетотокт на пандемијата со недостигот од доволно медицински кадар, па преку вакцини па натаму, во бранови  преку недостиг од респиратори па се до заштитни маски и медицински ракавици.

Попзицијата и дел од експертите го тврдат спротивното

Владата тврди дека успешно се справила со пандемијата, правејќи се што е во нејзината институционална моќ со мисија да се спаси секој пациент. Дел од експертите меѓутоа, а природно и опозицијата го тврдат спротивното. Нивните укажувања се комлексни, од забелешкиѕте за немање прецизни протоколи до балвни реакции во справување со брановите напливи на корона вирусот.

Консултурајќи бројни инволвирани кадри во процесот за справување со кризата, новинарскиот тим на СКУП Македонија дојде до констатации дека владата, посебно надлежното министерство, премногу инертно реагирале на понудите на бројни стручни лица меѓу кои и инфектолози, микробиолози и експерти уште од стартот на пандемијата побараа да се вклучат во борбата против овој вирус но дека не наишле на позитивен одглас. Некои од нив се повикуваат на член 27 од Законот за здравствена заштита. Таму стои дека здравствената заштита задолжително да се врши преку стручни медицински упатства засновани на докази.

„Здравствената дејност во здравствените установи од страна на здравствените работници и здравствените соработници задолжително се врши согласно со стручни упатства за медицина заснована на докази кои согласно со современата светска медицинска практика, ги утврдува министерот за здравство.“

На апелите на експертите за медицинска контрола на границите владата останаа глува

СКУП, наменски за оваа сторија, го консултираше и микробиологот Проф. д-р. Никола Пановски:

„На некој начин државната „медицинска“ бирократија нас, стручните лица, не` исфрлија. Престанаа да не слушаат, бидејќи не им одговараа нашите реакции за министерот, неговиот тим и Комисијата за заразни болести. Комитетот за имунизација, пред се, работеше под диктат на политиката и тоа донесе катастрофални последици и тоа најкатастрофални“.

Профресор Пановски појаснува и дека претходно не беа прифатени укажувањата за медицинска контрола на границите, дека не се барале тестови за патници од земји каде што, „Делта“ вирусот на Ковид 19 веќе бил раширен.

Не спречија влегување, напротив овозможија брзо влегување и овозможија свадби и прослави во затворен простор. Иако најстарите професори, јас сум најстар микробиолог што оди на работа, иако некои бардови во епидемиологија и микробиологија им кажавме дека тоа е биолошка бомба што го прават и дури подоцна и Комисијата кажала дека им рекле тоа да не го прават, меѓутоа го кажале тивко онака срамежливо и тоа доведе до огромна бројка новозаразени со вирусот Ковид“.

Најголемиот удар во кризата го примија примарните здравствени установи и матичните лекари

Проф. д-р Антони Новотни од Медицински Факултет од Скопје

Политиката не може да добие приоритет во однос на здравствената состојба на нашите граѓани“.

Матичните лекари се жалат дека целиот систем за борба против Ковид е недоволно организиран. Поради ова, тие го носат значаен товар во целиот период на пандемија.

Д-р Александар Стојкоски, радиолог вели:

Најголемиот удар во кризата го примија примарните здравствени установи, односно матичните лекари кои за жал беа оставени сами на себе. И мислам дека ништо не е променето во тој дел. Без заштитна опрема, маски, ракавици, без сретство за дезинфекција едноставно беа пуштени да се снаоѓаат во системот. Да да гинат.

Стојковски додава и дека тие се на првата линија, дека кај нив доаѓаат пациенти кои што се доволно избезумени од стравот којшто го имаат поради самата болест и со овие пациенти во прв момент имаат проблем затоа што тие токму од страв од Ковод ни ги криеја симптомите.

Тие се плашеа, мислеа дека доколку кажат дека имаат температура и кашлица, дека нема да ја добијат услугата од наша страна. Секако тоа не беше случај. Таквите пациенти веднаш беа препраќани на место каде можеа веднаш да го добиваа потребниот медицински третман“. 

Професор Пнаовски натаму вели дека во отсуство на национален протокол за третирање на короната, се случувало лекарите да препишуваат и антибиотици без истите да бидат потребни. Заради ова можно е и смерноста кај нас да е толклу висока.

Кај нас за овој бран не знам, меѓутоа пролетниот бран 44% беше смртноста на хоспитализираните. Значи половината од пациентите не се вратија дома, останаа во болници. Кога кажав за примената на антибиотици, кажав дека давањето на антибиотици ја уништува одбрамбената сила Микробиомот и ништо не се превзема, некои други кажаа дека можеби се дава многу кислород. Тоа не е моја бранша. Некои дека претходно се даваат хортикостероиди, ништо не се провери и ништо не се мрдна со прст. Единствено се кажува како се е поради свадбени и други собирања“.

Пановски дополнува дека според статистиките во медицината ние можеме да заклучиме дека на некој начин имаме болен народ, многу поболен од Албанија или Србија или во светот. Кај нас има премногу кхронични пациенти:

 Додека не испитате кави се се условите внатре во болниците, додека не се напишат протоколи дека не смее да се даваат лекови кои не делуваат на вирусот кој може да направат штета, додека не сте мрднале со прст и им викате на пациентите на своја рака да не земате лекови, нема да има ефект и затоа сме на оваа ниво.

Справувањето на државата со Ковид кризата заслужува преодна но не и висока оценка.

Министерот за здравство, пак, Венко Филипче, вели дека протоколи има, а земјата добро се справува со пандемијата.

Не, тоа не е точно. Протоколи за лекување има од самиот почеток на кризата, тие се ревидираа неколку пати, како излегуваа нови и нови лекови кои ги инкорпориравме во протоколите, јасно знаеме каков тип пациенти се лекуваат во регионалните, во општите, во Клиничките болници а кои пациенти во координација во претходна најава, тоа се оние најтешките доаѓаат во Ковид центрите во Скопје.

Додека владата и експертите се натегаат како најдобро да се менаџира пандемијата, граѓаните се соочуваат најдиректно со недоизградениот здравствени систем. Еден од нив е и Гоце Михајловски, новинар и уредник во Канал5 телевизија, кој со коронавирусот се заразил во април 2020 година. За жал, неговиот 63-годишен татко не успеал да се избори со болеста.

Гоце Михајловски, новинар:

Татко ми како и останатите луѓе со нашиот менталитет велеше на почетокот, ништо не ми е, настинка е ќе помине. Така било првите неколку дена од средбата до понеделникот или вторникот бил дома, се обидувал самиот да се лечи со чаеви, со витамин це и лимон. Откако видел дека ситуацијата драстично му се влошува, татко ми имал многу сериозни симптоми и со дијареа и со повраќање и со главоболки и со кашлици со отежнато дишење, бил упатил во болницата во Прилеп. И сега замислете, таму го примаат и не му прават тест за ковид, помислиле дека има некој стомачен вирус, веројатноо ниту сатурација не му измериле на човекот, и го вратиле дома. Наместо да го хоспитализираат во таква тешка состојба навреме да почне да се лекува него го враќаат дома. За во средата ситуацијата уште повеќе да му се влоши дури тогаш го хоспитализираат но веќе беше предоцна. Во Прилеп остана една вечер и веќе во четвртокот го упатија на инфективната Клиника во Скопје. И тоа беше со маки и проблеми, бидејќи првично му рекоа нема место

Заклучокот за тоа како земјва, колку успешно или не успешно се справува со ковид пандемијата, гледано реално и тргнувајќи и од објективните економски околности, може да се заклучи дека заслужува преодна но не и висока оценка.

Ова, пред се, поради согледувањата кои  укажуваат на недоволно задоволителна организација и синхронизирано функционирање на целиот систем и тоа од матичните лекарти преку специјалитите па до ковид болничките центри. Потоа, тука се вбројуваат и доцнењето на вакцините и недоволната и се уште не ефективна кампања за масовна вакцинација па се до постојаните политички, собраниски и владини кризи кои најдитректно влијаат врз организациските потреби на општеството и на надлежните институции за да можат поуспешно да се справуваат со ова актуелно светско здравствено зло.

Автор: Виктор Иваноскимлад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)