ПАРИ – МОЌ – МОЌ – ПАРИ

                                                                                                       ноември – 1. – scoop

Изборите поминаа, но многу прашања останаа неодговорени како, на пример,  колку пари поминале низ посебните партиски сметки и имало ли услуги кои се платени со суви пари.

Парите потрошени на избори најчесто се во директен сооднос со изборните резултати.

Во Република Северна Македонија финансирањето на политичките партии е еден од основните извори на корупција во државата. Изборниот простор е кругот од насловот: пари – моќ – моќ – пари. Оваа полипартиска филозофија егзистира веќе цели 30 годи. Се врти коруптивниот круг во борбата за власт, во  борбата за државниот буџет. Во тие два постулати е концентрирана целата македонска партиска предизборна енергија. Значи, пари, избори, победа, државен буџет.

Овде, во Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, поискусните новинари од поодамна ја истражуваат корупцијата во политичките партии. За оваа сторија тоа го направивме и сега со анализа на приходите и расходите на учесниците на изборите годинава. Авторите ѕирнаа во финансиските извештаи што партиите постизборно ги подготвиле како законска обврска за надлежните институции, а и разговараа со познавачи на состојбите за кои се зборува на темава.

Истражувањето покажа дека најголем дел од расходите на кампањата отпаѓа на политичкото рекламирање. Политичките партии на последниве избори за ова потрошиле два милиони и шестотини илјади евра.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова потрошиле најмногу и тоа околу 915 илјади евра.  СДСМ и коалицијата Можеме 882 илјади евра. Во однос на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ има потрошено најмалку, но и таа речиси единаесетпати повеќе отколк Алијансата на Aлбанците и Алтернатива. ДУИ во оваа кампања потрошиле 410.000 евра додека Алијансата за Албанците само 37.000 евра.

Од таканаречените помали партии, Единствена Македонија има потрошено 57 илјади евра, Левица 55, Интегра 54, Социјалдемократската унија 49, а ГДУ 38 илјади евра.

Исмет Рамадани, поранешен пратеник во четири едноподруго  мандати од партијата ПДП е искусен политичар. Бил дел од неколку изборни кампањи, а сега е дел од Евро-атлантскиот Совет, организација која ги промовира вредностите на НАТО. Вели дека сега парите се пресудни за добивање гласови, но во негово време не било така. Во деведесеттите изборните кампањи биле скромни и концентрацијата повеќе била насочена врз средби со граѓани наместо на скапи реклами.

„Четири мандати по четири години бев пратеник и никогаш немав постер ни мал ни голем кога настапував како кандидат за пратеник. Но после 2000-та година е малку, би рекол условно, помодернизирана кампања, така што и бините почнаа да се декорираат, исто така адвертингот, односно рекламите во медиумите беа многу поприсутни“.

Рекламите и промовирањето на слоганите опфаќаат значаен дел од партиските трошоци за време на предизборната кампања. Најмногу, по традиција, во ќар се националните телевизии.Но се подомнинатни во рекламирањето, а со тоа и по предизборната заработувачка,стануваат и интернет порталите. Така,  од петте  најголеми корисници на овие пари три се национални телевизии и две компании што изнајмуваат билборди. Листата ја предводи Сител телевизија со 285 илјади евра, следуват рекламната агенција Акцент медиа со 268 илјди евра, ТВ канал 5 со 265, Алсат ТВ со 262 и агенцијата Скрин медиа со 171 илјади евра.

Бојан Кордалов еексперт за кампањи и нови медиуми и за Скуп вели:

 „Платеното рекламирање е важен дел од севкупниот маркетинг но многу поважно и поефикасно е што се нуди на гласачите. Веќе оние големи платени прескапо рекламирања и собири и така натаму не даваат толку голем ефект како што давале пред 15, 20 или 30 години и дека треба многу внимание да се обрне на програмата, на платформата, на пораката, на кандидатите, доколку сакате да постигнете успех. Залудно е да потрошите милиони ако ја промашите пораката, ако ги промашите кандидатите, нема да постигнете ништо“.

Статистиката за предизборното рекламирање на годинешниве предвремени парламентарни избори погажува дека рекламирањето во медиумите, кога се цени по освоен глас, најскапо го платиле од политичката партија Единствена Македонија. Кандидатите на оваа партија освоија 2.604 гласа за што излегува дека платиле реклами во висина од 54 илјади евра или за секој глас за реклама платиле по 22 евра. Следуваат Народната партија на ромите и Слободни демократи со по 21 евро по глас, потоа Социјалдемократската Унија со по 19 евра, па Твоја партија со 14 евра по глас и така натаму.

Листата на партии кои инвестирале најмалку во реклама за добиен глас ја предводи Алијанса на Албанците со половина евро или 30 денари за глас, Левица и ДПА по 1,5 евра, СДСМ со 2,7, ВМРО-ДПМНЕ со 2,9 и ДУИ со 3,9 евра реклама за секој добиен глас.

За мандатите, најефтино поминале од Алијанса на Албанците каде што во трката за пратеници потрошиле 3.150 евра по пратеник, СДСМ и ДПА по 19.000 евра, ВМРО-ДПМНЕ 21.000 евра додека Левица и ДУИ инвестирале најмногу односно по 27.000 евра по пратеник.

Бојан Крадалов:„Се зависи од комбинација на фактори, кои се кандидатите, каков одиум имаат во јавноста, бидејќи вие не можете од секој кандидат да направите чудо дури и да истурите милијарди. Која е програмата, кој е вашиот бекграунд, кои се очекувањата од електоратот, кој е вашиот противкандидат и така натаму, значи не би можело да се зборува колкав контингентот на гласови се носи со рекламирањето. Сепак би ставил акцент дека мораме да разбереме дека кампањата мора да трае постојано и оние 20-тина денови кои што ги имаме за чиста кампања и кај што вложуваме буквално милиони и милиони евра како политички партии треба полека да ги расчленуваме или разбиваме во многу подолг период“.

Освен од буџетски средства, партиските изборни буџети се полнат и од донации. Според Член 16 од Законот за финансирање на политички партии, вкупниот износ на поединечната донација не смее да ја надмине сумата од 65 просечни плати од правни лица и 30 просечни нето плати од физички лица во Републиката, исплатени во претходниот месец и објавени од Државниот завод за статистика. Овој износ не смее да биде кумулиран повеќе од еднаш годишно.

Во Ревизорскиот извештај на СДСМ во делот на приходите, 72 функционери на СДСМ на 10 јули уплаќаат суми од 50 илјади, 60 илјади, 120, па и 180 илјади денари. Вкупно по овој основ партијата прибрала се околу 110 илјади евра.

Така, во коалицијата со СДСМ, Билал Касами и Фаница Николовска уплаќаат по 180 илјади денари, Радмила Шеќеринска- Јанквска, Панчо Минов, Мухамед Зекири, Сашко Николов и Никола Димитров  по 170 илјади денари, а Марија Ангелова 120 илјади денари. Дополнително, оваа политичка партија членарина партијата собрала и околу 250 илјади евра.

Во ВМРО-ДПМНЕ 750 членови донирале околу 730 илјади евра. Најголеми поединечни донатори се Драган Ковачки со 250 илјади денари, Крешимир Павиќ со 306 и Ана Стаиќ  со 307 илјади денари. Доплнително , секој од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ донирал по 12 илјади денари.

Според партискиот финансиски извештај, ВМРО-ДПМНЕ  за реклами на социјалните мрежи за време на кампањата платиле околу 40 илјади евра..

Од  ДУИ пријавиле дека имаат приходи од 469 илјади евра додека расходната страна им е поголема за нешто над 1.000 евра и изнесува 470 илјади евра.

Политичката партија Алијанса на Албанците пак имала приходи од 136 илјади  евра, а расходи за  50 евра помалку.

Но не се проблем легалните финасирања, туку таканаречените „црни пари“ со кои се финасираат изборните кампањи.

Исмет Рамадани: „Пари во кеш понекогаш се црни пари, а црни фондови се можни во држава која не е добро организирана за која ние кубуриме и велиме дека не е правна држава. Во такви држави со таква правда очекувано е и скоро е сигурно дека има црни фондови. Мислам дека тоа може да се регулира со тоа што ако функционираат контролните системи во државата, тогаш и ако од еден субјект, односно од одредени личности бидат детектирани и фатени во такви дејанија, тогаш треба да ги стигне“.

Во меѓувреме, и Државната комисија за спречување корупција по службена должност ги проверувга финасиските извештаи на политичките партии кои улествуваа на последните предвремени парламентарни избори во јули годинава, аво Изборниот законик во делот за финасирање на предизборните кампањи покрај друготио стои и дека изборната кампања може да се финансира од донации од физички и правни лица во вид на пари,ствари и услуги но во строго определен износ како и тоа дека доколку не може да се утврди потеклото на донацијата, организаторот на изборната кампања, односно политичката партија, е должен во рок од пет дена од денот на добивањето на донацијата, донираната вредност да ја префрли воБуџетот на Република Македонија. Но ваков пример во македонската изборна практика до сега не се случил. Познавачите велат дека тоа не е поради тоа што  такви примери немало туку дека тоа е поради недоволната изграденост и ефикасност на институциите одговорни за контрола на финасиските текови за време на изборите.

Заначи, засега се е оставено нсадлежните како Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување накорупцијата главно преку склучените меморандуми за меѓусебна соработка да водат грижа за законитоста на изборните процеси во делот на финасирањето на партиските предизборни кампањи.

Но иако во јавноста е силен впечатокот дека се уште има појави на нелегални финасирања, од овие институции засега нема реакција во насока на откривање на сторителите. Сепак, претпоставка е дека со динамизирање на активностите во однос на евроинтеграциите дека и на ова поле нештата ќе станат потранспаренти и во согласност за позитивните закони што го регулираат предизборните кампањи и рекламирања.

Автор: Виктор Иваноскимлад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)