Ползата од херојските дела на укажувачите

Пишува: Горан Лефков

Ползата од делата на укажувачите е огромна. Тие заштедуваат и време и пари и ресурси на органите на прогонот. Во некои случаи тие имаат и далекусежни благодети како што беше случајот со Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски. Со нивното херојство цела една држава успеа да се ослободи од диктатура.

Ваква сесија имаше и на Светскиот ден на укажувачите организиран во Скопје. Координаторот на коалицијата на укажувачите во Југоисточна Европа Арјан Дурмиши смета дека делата на укажувачите се од непроценливо значење.

Тој додаде дека укажувањето како процес секогаш настанува кај високо морални личности, кои си ја сакаат средината во која што живеат и работат.

Марк Вурт, директор на Европскиот центар за правата на укажувачите посочи дека е жално кога ќе се види колкав е придонесот на укажувачите во општества како македонското, а колку тоа лошо им враќа со тоа што им ги укинува основните права и слободи. Тој додаде дека новото мото на укажувањето е кажи, ама не станувај укажувач. Ова е од причина што не сите луѓе имаат карактер да се борат со тешките последици од властите. Сепак информацијата од овие луѓе е многу значајна. Тој додаде дека треба да изградиме систем во којшто никој нема да знае дека информацијата на укажувачот, никој нема да знае дека е излезена од него. Затоа е потребно максимална заштита на овие луѓе.

На истата сесија учествуваше и нашиот Ѓорѓи Лазаревски, кој смета дека имаме некакво законодавство кое е далеку од идеално. Тој потенцираше дека не може да им каже на луѓето да молчат, бидејќи знае по самиот себе, колку тоа молчење може да биде токсично за самиот себе. На крај заврши со реченицата дека животот поминат во страв не е живот, затоа треба да се излезе и да се каже, укаже или свирне, ако буквално преведуваме од Англиски јазик.

Државната комисија за спречување на корупцијата за прв пат беше избрана на нов начин и тој веднаш вроди со плод. Се избраа членови кои навистина се борат против корупцијата. Тоа беше препознаено од укажувачите и затоа само од почетокот на годината беа пријавени над 40 укажувачи, но и овој број според Ирена Поповска, генерален секретар на ДКСК смета дека е недоволен со земја што има ваква корупција.

Оставете коментар

коментар(и)