Поплави: Нетранспарентни постапки за нечисти канали

Урнатините на дворот сè уште му будат лоши спомени на Златко Јовевски од Смилковце. Неговата куќа е скоро уништена од поплавите во почетокот на август, но и дополнително оштетена од неодамнешните серија земјотреси.

Жителите од ова место на периферијата од Скопје, пред само еден месец, ги видоа буиците што однесоа човечки животи, па го почуствуваа и земјотресот што на многу од скопјаните им го всади стравот од нова несреќа. За така кусо време ова стана топ-вест во светот, со бројот на жртвите, но и епицентарот на серијата скопски земјотреси.

 

Zlatko Jovevski (11)

“Куќата ми е целосно уништена. Во поплавата на 6 август ги изгубив  најблиските. Мајка ми ја нaјдов на 500 метри  од куќата, а сестра ми дури во Стајковци“, вели Јовевски, не можејќи да се смири со трагедијата која му го упропасти животот.

Тој не верува дека некој друг во Смилковце претрпел поголема штета од него. Уништена му е целата покуќнина, двете бавчи, тракторите, автомобилот. Надлежните направиле увид за штетите, но Јовевски се уште нема добиено проценка колкви се и со што ќе му помогнат. Со сопругата се невработени, а имаат две дечиња.

„Ако државата не ни помогне, не знам како ќе скрпиме крај со крај. Досега живеевме од земјоделието. Значи цел живот што сум се мачел, поплавата за неколку часа се ми зеде. Сега живеам само од хуманитарна помош. Стравот и немоќта нè покосија, што уште да доживееме”, вели Јовевски.

Јовевски слушнал како општинските власти се правдале дека ги чистат одводните канали, но, според него „прашањето е колку често тоа го правеа“.

“По големото невреме дојдоа и ги исчистија,  но мислам дека претходно  подолго време не беа  исчистени”, објаснува Јовевски.

This slideshow requires JavaScript.

Поплавите кои предизвикаа огромни материјални штети и 23 загинати во регионот на Смилковци и Сингелиќ ја отворија темата за одговорноста на институциите во однос на превенирање од овие природни непогоди.

 

НЕТРАНСПАРЕНТНО ТРОШЕЊЕ НА СРЕДСТВА ЗА ОДВОДНИТЕ КАНАЛИ

 

Истражувањето на СКУП покажа дека во последните 5 години поголем дел од скопските општини немаат објавено тендери за чистење на каналите.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, тендери за прочистување на одводни канали  за период од 2011 до 2016 година имаат објавено само општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Петровец.

Од загрозените општински атари, Петровец на 4 јули годинава објавила  тендер за прочистување на одводните канали. Тендерот го добила фирма чие име не е наведено,  но седиштето и е во село Гошинце. Исто така не e неведена ниту вредноста  на  склучениот  Договор.

Petrovec tabla

На спротивниот крај, во Ѓорче Петров, општинските власти имаат договор со компанијата „ЈУ-БАЈ2 Амет ДООЕЛ“ од село Бојане, Скопје во вредност од околу 4.1 милиони денари, склучен на 24 јуни годинава. Две недели пред да го добие тендерот, на истата фирма и е препуштено и расчистување на диви депонии, чистење на канали и извршување на други комунални услуги, во вредност од 2,3 милиони денари. И покрај доставените барања на СКУП, општинските власти на Ѓорче Петров не одговорија за процедурата при изборот на тендерските понуди за прочистување на одводните канали.

На 26 декември 2015-та година Општина Кисела Вода склучила договор со „Водостопанство Скопско Поле Скопје“ во вредност од околу 2 милиони денари за чистење на Усјански канал, канал Подстаница, Црн канал во Пржино и други. Со истото претрпијатие склучени  се уште два договора на 7 октомври 2014-та година во износ од 4 милиони денари и на 29 јули 2013-та година во вредност од 3.9 милиони  денари. На 22 јануари 2016-та година општината склучила договор со „ВАРДАР ГРАДБА ДОО с.Трубарево – Скопје“ во износ од 20 милиони денари за реконструкција и изградба на систем за одведување на третман на отпадните води на територијата на општина Кисела Вода.

Јанко Бацарија од кабинетот на  градоначалникот општина Кисела Вода ни изјави дека двапати во годината се чистат одводните канали. За периодот од 2011 година досега се објавени шест јавни повици за прочистување на одводните канали и депонии.

Од општина Бутел велат дека во моментов привршува новиот тендер за избор на фирма – изведувач на работите за новото есенско чистење на реката Серава, која е под надлежноста на општина.

На нашата територија нема одводни канали, а динамиката за чистење на Серава е на секои две години. Општината е речиси 100 процентно покриена со фекална мрежа, додека покриеноста со атмосферската канализација е повеќе од 60 проценти“, изјави  портпаролката на оппштина Бутел, Снежана Клинчарова.

Градските општини одговорноста за оддржување на каналите ја префрлуваат на Град Скопје.

„Каналите  се под надлежност на  Градот Скопје. Токму затоа ние не објавуваме  тендери за континуирано прочистување на одводните канали“,  информираа од општина Аеродром.

И во Центар тврдат дека одржувањето на проточноста на каналите се под ингеренции на Град Скопје.

„Пролетва е констатирано дека огромна количина шут и отпад има во каналот кај Мало Курило и констатиравме дека ова може да е потенцијална опасност. Бидејќи никој од град Скопје со години го нема исчистено, што е нивна надлежност, општина Центар ангажираше механизација и вработени и го исчисти каналот. Доколку не го сторевме тоа, ќе беше поплавен целиот крај со последните поплави“,  изјави Катерина Цаневска Арсовска, портпарол на општината.

Општинските власти на Гази Баба, каде главно припаѓаат настраданите населби,  соопштија дека заклучно со месец јули се исчистени околу 10.000 метри од каналската мрежа. Тие велат дека парите за оддржување на каналите секоја година се префрлуваат на „ЈП Водостопанство Скопско Поле“.

„Заклучно со 2016 година  општината издвоила  26.6 милиони денари, кои секоја година сукцесивно ги  префрлаат на ЈП Водостопанство Скопско Поле за чистење и одржување на каналската мрежа. Исто така, од страна на ЈП Водостопанство Скопско Поле до Советот на општината се доставува Извештај за нивната активност во текот на целата година“,  изјави Емилија Кипровска, раководител на Одделение за протокол и односи со јавноста во Гази Баба.

Од друга страна, од  Град Скопје, велат  дека  редовно  ги одржува каналите и коритото на реката Вардар, во рамки на опфатот на генералниот урбанистички план.

„Надвор од тој опфат каналските сливови речното корито е во надлежност на Општините или на водостопанство или пак на јавни субјекти кои стопанисуваат со јавните води. Советот на Град Скопје носи Програма со која се увтдрува динамиката за одржување на коритото на реката Вардар, реката Лепенец, реката Серава, како и отворените канали на Водно, Пржино, Усјански канал, како и каналот на улицата Финска. Каналите се во одлична кондиција и се во можност да примат големи количества на атмосферски води, одговрија од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.

 

ЖИТЕЛИТЕ СВЕДОЧАТ ЗА НЕИСЧИСТЕНИТЕ КАНАЛИ

 

Жителите на местата зафатени од непогодата, со кои зборуваше СКУП, велат дека водената стихија можела да се ублажи ако шумската мафија не направила голет на Скопска Црна Гора. И згора на ова, сите канали биле блокирани.

This slideshow requires JavaScript.

Наводно  ги  чистат редовно одводни канали, но кога дојде војската ден по поплавите  извавади многу шут, кал, пластика. Изгледа со месеци не ги чистат каналите”, вели жена од Смилковци.

Друга стредновечна жена сретнавме токму во пределот кој има претрпено најголеми штети. Зборуваше тивко, но се приметуваше нејзиниот револт кон надлежните: „Требаше поплавата да се случи за да дојдат да ги чистат каналите. Претходно никаде  ги немаше. За помалку од еден час се поплави речиси цело село. Има куќи што се 100 проценто унишетени, луѓе кои сè уште спијат на душеци, а некои немаат ниту кров над главата. Страшно”.

Мештаните сведочат дека некои одводни канали не можете ниту да ги забележите затоа што се запушени со трски. Понекогаш се има и непријатна миризба.

 

 

„Сиот шут што го гледате е од одводните канали“, вели вработен во Јавното претпријатие „Улици и патишта“, кого го затекнавме на надвозникот кај Сингелиќ. „Треба почесто да се чистат одводните канали, но исто така и граѓаните треба да бидат по совесни и да не фрлаат ѓубре каде ќе стигнат“.

И во општина Петровец луѓето со кои зборувавме беа незадоволни од односот на надлежните.

„Петровец, Огњанци, Таор – таму е хаос. Почнаа и ги оставија одводните канали. Во селото Огњанци можете да видите и човечки измет. Одводните канали ги чистат покрај главните патишта, а споредните не ги чепкаат. Дури и главниот канал од Стајковци до Таор што е исчистен, патот го затрупаа и сега луѓето не можат да одат на нивите. Површно или речиси воопшто не се чистат каналите“, ни раскажа вработени од „Македонски шуми“.

 

ЕКСПЕРТИТЕ БАРААТ ПОСЕРИОЗЕН ПРИСТАП

 

Во последните години, при секој пообилен дожд улиците во Скопје се претвораат во реки. Една ваква ситуација уште повеќе ги прави несигурни скопјани, кои се плашаат дека разорната поплава од почетокот на август може лесно да се повтори.

Една од причините за ова, според експертите, е изградената атмосферска канализација која била димензионирана со поинакви или помали коефициенти на истекување и со капацитет за евакуација на соодветни-помали протоци од површинското истекување на водата.

 

„Улиците во градот се претвораат во реки по секој дожд поради непостоење на атмосферска канализација или недоволен капацитет на постојната“, вели Цветанка Поповска, универзитетската професорка од Катедра за хидраулика, хидрологија и уредување на водотеците при Градежен факултет.

Капацитетот на постојната канализација, според неа, треба да се преиспита поради промените во користење на земјиштето. „Ако во времето на нивно проектирање и изведба се одводнувале одредени површини со одреден коефициент на истекување, денес тие параметри се сменети и се доста поголеми. Освен тоа, доколку се покаже дека врнежите од 6 август се некаков екстрем, што лично сметам дека врнежи од 90 л/м2 не се ретка појава за Скопскиот регион, треба да се знае дека атмосферските канализации и другите објекти за одводнување не се димензионираат на екстреми“,   децидна е професорката Поповска.

Josif Milevski hidrolog (4)

За пензионираниот хидролог Јосиф Милевски, основниот проблеми поради што настануваат поплавите е сечата на шумите, уништувањето на зеленило.

„Ако имаше шума, големото количесто вода ќе се раширеше на страни и ќе дојдеше со помала брзина и помала разурна моќ“, смета тој.

Милевски е дециден дека поради сегашната состојба со шумите водата дошла со голема брзина и направила голема штета.

„Мора да се испита дали обиколницата е направен според стандарди. Мислам дека тука  се направени и одредени пропусти“, вели Милевски.  Исто така, тој нагласува дека  „прашање е колку биле чистени и каналите за да може да помине големо количество на вода низ нив“.

Професорот од Природно-математичкиот факултет, Благоја Марковски, има поинакво мислење од Милевски. Тој смета дека  Македонија  максимално  ги  имплементира Европските директиви за заштита од поплави.  „Друго е прашањето дали и колку надлежните институции  се справуваат на терен  при евентуални  природни непогодни“, додава тој. Марковски смета дека треба да се превземат одредени мерки за перманентно  одржување  на системите за заштита од поплави, особено на населбите изградени меѓу  1960-1970 година. „Со поплавата на 6 август во регинот на Стајковци и околината,  исклучиво се работи за природна непогода од големи размери. На многу мал простор, огромна количина на дожд. Оваа поплава не можеше да се спречи“, смета Марковски.

Во Македонија имаше неколку поголеми поплави од 1979 година. Штети од поројниот дожд на Попова Шапка, потоа 1996 година во Неготино и Кавадарци, а 2008 година  речиси цел Радовиш беше под вода. Невремето пред неколку месеци во Тетово, особено Шипковица е специфично затоа што на речиси ист начин се поплави и скопскиот регион околу Стајковци и околината.

 

 

 

„РЕЧИСИ  ЕДЕН МЕСЕЦ ГО СОБИРАМ НАСОБРАНОТО ЃУБРЕ“

„Катастрофа! Целата куќа ми е во влага, мебелот . ламинатот , фрижидерот  се ни е  извадено надвор  во дворот. Луѓето бегаа живаа глава да спаса.“

zena (8)

 „Ваква водна стихија  досега не памтам.Можеш многу луѓе да се удават. Ова  невреме треба да биде поука за сите.“

„Сега се добро исчистени одводните канали , претходно беа во катастрофална  состојба.  Како беше порано сега е супер. Постојано се работи на терен, но површно. Ќе треба многу време за да ги санираме штетите од поплавата кои се многу големи.“

„Сиот шут што го гледате е одводните канали. Речиси  еден емсец го собирам насобраното ѓубре. Треба почесто да се чистат одводните канали, но исто така  и граѓаните треба  да бидат по совесни да да не фрлаат ѓубре каде ќе стигнат.“

„Годишниот план за работа е поддржан од Цивика мобилитас“.

civica_mobilitas_logo

„Содржината на оваа истражувачка сторија е единствена одговорност на СКУП Македонија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат“.

Оставете коментар

коментар(и)