Пратеникот Исмаил Јахоски вреди над 2,2 милиони евра – пратениците од „петка“ пријавиле имот од над 6 милиони евра

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“ ги анализираше податоците од имотните листови на новоизбраните пратеници во македонското Собрание од петтата изборна единица.

Изработил: ТИМ на СКУП – Македонија

Најголем дел од вредноста на пријавениот имот на пратениците во петтата изборна единица припаѓа на пратеникот Исмаил Јахоски кој како поединец пријавил анкетен лист „тежок“  2.287.105 илјади евра. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  во „петка“ брои десетмина пратеници, од нив деветмиина за кои поседуваме податок заеднички пријавиле имот од  2.627.337 евра. 462.081 евра вредат  тритте пратеници на СДСМ и коалицијата, без Јахоски, коалицијата на ДУИ „тежи“ 547.036 илјади евра, додека Движењето ЗНАМ за наша Македонија и единствената пратеничка чини 152.825 евра. За пратениците на коалицијата „ВРЕДИ“  и партијата Левица нема податок во регистарот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Пратеникот Исмаил Јахоски сам пријавил имот од над 2,2 милиони евра

Пратеникот од коалицијата на ДУИ, Исмаил Јахоски пријавил најголем имот и самиот тој во анкетниот лист пријавил 2.287.105 илјади евра. Најголем дел од вредноста на имотот на Јахоски се состои од побарувања по основи на дадени заеми, закупнини, поврати по основ на дадени заеми како и лични депозити. На поголем дел од пријавениот недивжен имот, пратеникот нема наведено вредност на истиот.  Карактеристично е што целиот имот на Исмаил Јахоски е пријавен на лично име и доколку е пријавена и вредноста на останатот имот тогаш контото на Јахоски сигурно  ќе „тежи“ уште неколку десетици илјади евра повеќе.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пријавиле имот од над 2.6 милиони евра

Најголем имот во вредност од 802.601 илјади евра пријавил старо-новиот пратеник во македонското Собрание и носител на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во петтата изборна единица, Ѓорѓија Сајкоски.  По него следува пратеничката Олга Лозановска со имот вреден 387.782 евра, а во ТОП 3 најбогати пратеници во „петка“ на ВМРО-ДПМНЕ е и Кире Божиновски со пријавен имот од 352.195 евра. Потоа следува Јован Јаулевски со 296.497 евра и Силвана Ангелевска со  270.894 евра. Пратеничката Лидија Петкоска пријавила имот вреден 266.682 евра, а по неа следува Сашо Донев со 138.243 евра, Грација Бакраческа со имот од 94.682 евра и последен од листата е Пеце Милевски со „скромни“ 17.761 евра.

Од десетемината избрани пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во „петка“ поседуваме податок од анкетниот лист за деветтмина од нив. Единствено пратеникот Мевмед Џафери го нема во регистарот на ДКСК. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица пријавила имот од 2.627.337 евра.

Тројката на СДСМ „тежи“ над 400 илјади евра

Тројцата пратеници на СДСМ и коалицијата во петтата изборна единица пријавиле имот вреден 462.081 евра. Најбогат помеѓу нив е пратеникот Митко Трајчулески со имот од 174.346 илјади евра, зад него е поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска со имот од 155.053 евра и Јован Митрески со 132.682 евра.

Села, Џафери и Пашоли од Европскиот фронт на ДУИ пријавиле имот од над половина милион евра

Пратениците Зијадин Села, Муса Џафери и Арбана Пашоли во својот анкетен лист пријавиле имот со вкупна вредност од 547.036 евра. Најбогата меѓу нив е пратеничката Арабана Пашоли чиј анекетен лист „тежи“ 226.829 евра, по неа е Зијадин Села со имот вреден 214.862 илјади евра и Муса Џафери со 105.345 евра. Пратеникот Исмаил Јахоски е надвор од конкуренција затоа што со имот од над 2,2 милиони евра е четирипати побогат од коалициската тројка, Пашоли, Села и Џафери.

Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ за наша Македонија пријавила имот од 152.825 илјади евра, додека пратеникот на коалицијата „Вреди“, Салим Сулејмани и пратеничката на Левица, Јована Мојсоска ги нема во онлајн регистарот на ДКСК во било која функција. Вкупниот имот на седумнаесетнимата пратеници во петтата изборна единица е 6.076.384 илјади евра од кои над 2,2 милиони евра се на најбогатиот пратеник,  нафтениот султан од Пласница, Исмаил Јахоски.

Оставете коментар

коментар(и)